Илија Бошков Крајнишки – човекот познат по правењето на хороскопи, тврди дека SARS-CоV-2, е бактерија (!) а дека Кремљ предвидува нагло прекинување на присуството на ковидот во светот на 1 август
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Познатиот креатор на хороскопи Илија Бошков – Крајнички на својот сајт деновиве презентираше видео (http://horoskop-krajnicki.mk/?p=8486) во кое се придружува на антиваксерите со своте доста конфузни напади на дел од она што науката го осозна за оваа измината година, како таа се бори со ковид-19. Неговото видео е всушност пледоаје на друго видео, што тој го претставува а што е настап на српскиот доктор пулмологот Несторовиќ, кого веќе го рецензиравме во Вистиномер
(vistinomer.mk/odlikuvan-profesor-po-medicina-tvrdi-deka-kovid-19-e-izmislen-za-da-se-srushi-tramp/?fbclid=IwAR1JviQmeGgqqaK3vRmjtd9ls7mlz5-6-daawhUD0AWguHROtAy4nx6hxdI). Овој лекар така и преку астрологот пласира класични ненаучнио антиваксерски митови кои сме ги сретнувале во јавноста, но кај него добиваат и некои нови елементи.
Најпрвин еден од нив е дека„ короната не е вирус, туку дека се работи за бактериоја и тоа го докажаа германски научници“ (1:30 минут од видеото).
Ова секљако не е нешто сосема ново на „пазарот на дезинформациите“ кога е ковидот-19 во прашање, но сепак подолго време барем кај нас не е чуена во ваква форма, уште поверќе шрто Крајнички ова го извлекува од сопственото искуство (имено, ампутирана му е едната нога над коленото!).
Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer. rs (https://www.istinomer.rs/facebook-provere/bolest-kovid-19-izaziva-virus-a-ne-bakterija/ работеше нан комплететно разобличување на тааа теза. Како што пренесува и нашата meta.mk (https://meta.mk/dezinformaczii-deka-kovid-19-e-predizvikan-od-bakterija-a-ne-od-noviot-korona-virus/) ваквите постови се повикуваат на вест од јули 2020, дека при обдукциите на телата на починатите од корона вирусот биле пронајдени згрутчувања на крвта во речиси секој орган.
Се тврди и дека станува збор за бактерија „со која нè прскаат и која ја згрутчува крвта, а не се пренесува од човек на човек, ја згрутчува крвта и тогаш, се разбира, отежнато дишете, и на крајот всушност умират од затнување на крвен сад, односно од мозочен или срцев удар“.
Но, потсетува, istiomer.rs, научно е докажано дека болеста ковид-19 ја предизвикува вирус од семејството Coronaviridae, а не бактерија, што го потврдува и Светската здравствена организација (СЗО) – (https://www.who.int/news-room/q-a-detail/coronavirus-disease-covid-19-how-is-it-transmitted).
Јасно, нашите граѓани често имаат искуство кога матичните лекари им препишуваат антибиотици (насочени кон борба против бактериска инфекција), но тоа се прави од страв дека телото кое е нападнато од вирусот на короната не може да се бори на два фронта – кон бактериска инфекција веќе ја има (во 6:18 минута на видеото). Во однос на личното искуство на асртрологот треба да се нагласи дека компликациите во вид на згрутчување на крвта се многу присутни кај заразените со SARS-CоV-2, но тоа нема никаква врска со дезинформацијата дека болеста ковид-19 е предизвикана од бактерија, Дури кај 31 отсто од заболените од кобид-19, според индискиот претражувач на невистѕни – „The Logical Indian“.
(https://thelogicalindian.com/fact-check/italy-covid-19-coronavirus-bacteria-aspirin-21655).
Во видео на Крајнишки се цитира д-р Несторовиќ (во 3:20 минута) со тврдење дека руската влада предвидела дека од 1 август ќе го снема вирусот. Тој го цитира Нестиоровиќ (тоа видео е во прилог на неговото и овој дел почнува во 30 минута) кој тврди дека потпретседателката на руската влада рекла дека дејството на овој вирус и оние другите вируси (модифицираните, претпоставуѕаме) ќе престанат на 1 август, можеби и порано.
Оваа изјава на овој доктор за емисијата „Глас јавности“ едноставно не е точен!
Имено, тој наводно ја цитира руската потпретседателка, но не дава никакви детали за тоа. Напротив, потпретседателката на руската Влада која се вика Татјана Голикова и која насекаде ја промовира вакцината „Спутњик В“, шетајќи ширум Руската федерација, никаде не тврди дека пандемијата ќе престане а уште помалку не пропагира вакцинацијата да престане (види https://rs.sputniknews.com/rusija/202101231124450284-potpredsednica-ruske-vlade-medjunarodni-kovid-pasosi–neprihvatljivi/). Напротив таа очекува до крајот на март во Русија да има ваклцинирано 20 милиони Руси (вакцинацијата во оваа земја е доброволна). Вистина е дека не препорачува вакцинирани на оние кои биле еднаш заболени, тврдејќи дека тие повторно нема да заболат.
Факт е според Голикова, речено во интервјуто за „Русија 1“ дека годинава е можно да се стекне имунитет на стадото, но само ако продолжат сите мерки на превенција (носење на маски, ракавици и се разбира вакцинирање кај оние кои не заболеле). Таа говори со јазикот на бројките, со тоа колку нивната фармацевтска индустрија ќе успее да произведе и да понуди на пазарот. Зошто тоа би го правела ако мисли дека болеста нагло ќе секне или уште повеќе зошто би терала руските граѓани да се вакцинираат помасовно бидејќи очевидно на тој план резултатите не се спектакуларни и таму кај нив!
Ставот на д-р Несторовиќ, споменат и од хороскопџијата Крајнишки едноставно не е заснован на тврдења на било какви авторитети и се опасни – стануваат дел од реториката на амтиваксерската „пандемија“..