„Лансет Психијатрија“: Секој трет преживеан пациент од Ковид-19 има невролошко или психолошко нарушување
Во групата на Фејсбук „Постковид синдром“, луѓето кои откриле дека се позитивни на Ковид-19 пред неколку месеци, откриле какви симптоми сè уште ги мачат и после лекувањето. Се дојде до список на повеќе од 172 заболувања.
Луиз, кој е администратор на групата, рече дека од мај, кога е основана групата, околу 200 луѓе се регистрирале дневно кај неа. Денес има 3.000 членови од 60 земји, а „Birmingham Live“ ви носи список на симптоми од кои се жалат.
Невролошки симптоми Групата невролошки симптоми се состои од: интензивни напади, интензивно треперење на телото, вибрации во телото, треперење, грчење на прстите/палецот, чудни сензации во текот на ноќта како што се страв, конфузија, чувство на „замаглување“ во главата, заборавеност, вкочанетост на екстремитетите/врвовите на прстите.
Симптоми на кожата Симптомите на кожата вклучуваат: првут, чешање на кожата, модринки, livedo reticularis што значи црвеникаво-сини мрежи, најчесто на нозете, црвени траги под кожата, сува кожа, стареење на кожата, чудни топчиња на кожата, кругови/испакнатини на кожата од стапалата
Кардиоваскуларни нарушувања Членовите на групата Фејсбук исто така се пожалија дека им пречи засилен пулс, прободување во градите и палпитации, односно забрзано чукање на срцето.
Проблеми со сетилата Симптоми кои траат се губење на сетилото за мирис, губење на чувството за вкус, губење на апетит, чудни звуци ноќе, треперење на светлината во очите, сенки на аголот на очите, тинитус или зуење и пукање во ушите, прекумерна жед.
Здравствени проблеми кај жените Жените се жалеле на прекин или отсуство на менструален циклус (аменореа).
Физиолошки промени Во групата на физиолошки симптоми спаѓаат: болки во мускулите, болки во грбот, болки во рамото, болки во вратот, отечени жлезди, опаѓање на косата (кај двата пола) и тешки грчеви.
Респираторни проблеми Списокот на респираторни нарушувања вклучува отежнато дишење, модринки на белите дробови, стегање во градите, притисок врз белите дробови, влошување на астмата, чиста слуз што создава кашлица, згрутчување на крвта, кашлање во лежечка положба.
Психолошки нарушувања Исто така, постојат психолошки проблеми кои вклучуваат: депресија, вознемиреност, фрустрација, изолација, осаменост, деморализација и чувство на тага.
Проблеми со гастроинтестиналниот тракт Rвонење на цревата, дијареја, промена на бојата на столицата, надуеност, подригнување, намалено или зголемено производство на гас спаѓаат во групата на гастроинтестинални симптоми.
Нарушувања во сонот Луѓето на кои им е дијагностицирана корона пред неколку месеци, исто така, се жалат на апнеја, замор дури и по спиење, психолошки нарушувања во темница, психолошки нарушувања за време на спиењето, потреба за спиење исправено.
Проблеми со варењето и мокрењето Уринарна инконтиненција ноќе, уринарна инконтиненција преку ден, инконтиненција на столицата ноќе, инконтиненција на столицата преку ден, грчеви во стомакот / цревата спаѓаат во оваа група.
Болка на лицето Групата исто така изјави дека страдаат од болка во вилицата, проблеми со синусите, болка во образите / вилиците, проблеми со жлездите во вратот, најголемата плунковна жлезда, паротидна жлезда, проблеми со жлездите во ушите и на задниот дел од главата, опаѓање на косата.
Нарушувања на видот Заматен вид, ненадеен заматен вид, црни сенки на аглите на очите, пловечки дамки, заматен вид со силни светла, проблеми со читање, продолжуваат со симптоми.
Други симптоми, Останатите симптоми се: воспаление на грлото, ларингитис, главоболка, проблеми при одење, проблеми со циркулацијата (ладни раце и нозе), мигрена, Белова парализа, нејасен говор, симптоми како што се мозочен удар, металоиди, краткотрајно губење на меморијата, нервен слом , ноќно потење, халуцинации, болка во колкот, “тешки нозе”, повраќање, нервни проблеми на нозете, оток на брадата, воспаление на стари повреди, постковиден дијабетес, чувствителност на звук и светлина, чувствителност на движење, оток на синус, ниска температура, висок и низок крвен притисок, прекумерно крварење на непцата, прекумерно крварење од ректумот, отекување на екстремитетите, вкус на метал во устата, вода во коленото, спонтана лактација, задржување на течности, случајно модринки, висок/низок шеќер во крвта.
Стручното списание „Лансет Психијатрија“ ги пренесува наодите од едно големо истражување, што во најголем дел било спроведено во САД, а во кое се наведува дека кај пациентите со Ковид-19 најчестите појави по прележување на болеста се анксиозност и депресија, иако, се признава во трудот, на научниците се уште не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.
Истражувањето, спроведено врз повеќе од 230.000 испитаници, главно во САД, открива дека кај еден од тројца преживеани пациенти со Ковид-19 шест месеци по третманот има дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување.
Овој наод упатува на заклучокот дека може да се очекува бран од невролошки и психијатриски пациенти како последица на пандемијата, наведува „Лансет Психијатрија“.
Британските медиуми навеедуваат дека од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести појави кај преживеаните пациенти со Ковид-19, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.
Истражувањето не утврдило кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувачи на овие нарушувања, но заклучува дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да ги спречи или како медицински да се третираат.
Врз основа на анализата на медицинските досиеја на повеќе од 236.000 лица кај 34 отсто од пациентите, по шест месеци од прележувањето на Ковид-19, дијагностицирани се невролошки или психијатриски проблеми.
Во текот на минатата година во Европската унија опадна очекуваниот животен век на граѓаните, бидејќи 27-те земји членки се бореа со ефектите од пандемијата на коронавирусот, соопшти „Катимерини“.
Агенцијата за статистика на ЕУ, Еуростат, денеска соопшти дека „од избувнувањето на пандемијата со Ковид-19, на почетокот на минатата година, опадна очекуваното траење на животот во повеќето земји-членки на ЕУ“.
Според Еуростат, најголем пад има регистрирано во Шпанија, каде животот е пократок за 1,6 година во споредба со 2019 година. По неа следува Бугарија со загуба од 1,5 година, а ја следат Литванија, Полска и Романија, каде е регистрано намалување на животниот век за 1,4 година.
Данска и Финска се единствените земји од ЕУ што забележаа зголемување на очекуваното траење на животот за 0,1 година.
(продолжува)