Во зависност од состојбата, можно е да се даде и препорака за трета доза од вакцините против коронавирус, изјави македонскиот министер за здравство Венко Филипче. Во државата досега се вкупно аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Трендот на појава на нови соеви на коронавирусот нема да запре, оценува министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска информира дека има зголемување на бројот на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, според него, нема притисок ниту во болниците ниту во амбулантите.
„Околу 15 пациенти се лекуваат на Инфективната клиника. Будно ја следиме состојбата. И покрај тоа што сега е прилично мирно, можно е овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, а ние интензивно ги следиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата“, вели Филипче.
Министерот изјави дека во овој момент не може да претпостави дали вакцината против Ковид-19 ќе биде сезонска, или ќе се дава и трета доза. Процесот на вакцинација продолжува и доколку се задржи сегашното темпо, до крајот на август треба да бидат вакцинирани 40% од населението, наведува министерот за здравство.
Повеќе:
Во државата досега се вкупно аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки. 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а најмалку една доза од вакцината добиле и 61% од населението над 65 години, 55% од населението над 60 години и 45% од населението над 50 години.
Факт што загрижува е дека Ковид-19 повторно зема залет во Северна Македонија. Секојдневно расте бројот на новозаразени, а по краткото затишје повторно има смртни случаи како последица на вирусот. Како што информира Министерството за здравство, регистрирани се две починати лица од Скопје и од Кичево, на возраст над 60 години кои починале во болница. За 24 часа има 74 нови случаи, а најголем број од нив се од Скопје и од Тетово.
Зголемен број на заболени има и во Куманово, Гостивар и Кичево, но надлежните сметаат дека нема простор за паника. „Размислуваме за рестрикцииво есенските месеци по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории во смисла на тоа да се бара задолжителна потврда за вакцинација, а дотогаш ја следиме ситуацијата“, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија.
Досега околу 510.000 граѓани се вакцинирани од кои 381.000 се ревакцинирани. Околу 63 отсто од вкупното население над 70 години е вакцинирано, а над 50 години – 45 проценти. Околу 58 проценти се вакцинирани вработените во секторот образование, околу 60 проценти во градинките.
Свадбите и масовните собирања на младите во текот на летото се посочуваат како главен извор за што поголем број заразени. Епидемиолозите предупредуваат за нов посериозен бран на коронавирус којшто би можел да се почувствува на средината на август.
„Имаме тренд на постепен пораст, а тој пораст ќе оди сѐ пострмно нагоре. Во моментов, се работи за мали бранчиња, за локално ширење во некои општини. За тоа да остане локално треба да има идентификување на сите контакти на заразените“, предупреди деновиве епидемиологот д-р Драган Даниловски.
Како заклучок на епидеммиолозите е оценката дека процентот на македонски граѓани кои се заразиле со коронавирус и покрај примени две дози на вакцина е многу мал. Од околу 330 000 ревакцинирани граѓани, 92 заболеле од вирусот, вели министерот за здравство, Венко Филипче. Ова стои контра стравот дека „џабе се вакцинимираме“.
Според министерот, процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, некаде околу 0,02 проценти што е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината. „Апелирам повторно сите граѓани да се свесни дека тоа е единствниот начин да се смени сликата зa пандемијата“, вели Филипче.
Досега во земјата досега се ревакцинирани 330 илјади граѓани, а се очекува од крајот на август таа бројка да стигне до 500 илјади граѓани. Од 1.800 пријавени деца под 18 години, досега се вакцинирани 630. Во тек е теренска вакцинација, а македонските здравствени власти ја проширија понудата на можности за имунизација против коронавирусот, со тоа што овозможија да се закаже и вакцинирање во домашни услови.Во август ќе се затвори вакциналниот пункт за масовна имунизација во спортската сала „А1 Арена Борис Трајковски“ во Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива во здравствените домови, а само во Струмица и Тетово ќе продолжат да работат спортските сали како пунктови за масовна вакцинација.
Надлежните засега не размислуваат за воведување на рестриктивни мерки поради коронавирусот. Не се во план рестрикции на границите, ниту пак во земјата во однос на свадбите и другите настани на кои има масовно присуство на граѓани. Евентуални рестикции би можело да има наесен. Според Филипче, ако невакцинираните станат опасност за останатата популација, тогаш ќе следуваат мерки.
Размислуваме дали е потребно нешто да се направи во есенските месеци, почнувајќи од септември“, вели Филипче. Надлежните ги следат искуствата во другите земји. Секаде во светот има дебата што и како треба да се прави. Размислувањата одат во правец на тоа дали треба рестрикција во однос на граѓаните што не се вакцинирани, некои земји воведуват брзи тестови за влез во маркети, места за културни настани итн.
„Сè уште не сме донеле одлука, меѓутоа, ако процениме дека ризикот од невакцинираните кон популацијата, вклучувајќи ги и вакцинираните е доволно голем, ќе воведеме рестриктивни мерки“, вели Филипче.