Театро Масимо беше затворен во 1974 година, кога моќта на мафијата во Сицилија беше толку силна што мафијашките босови го поставуваа градоначаникот а некогаш и самите биле на негово место
РЕД НОРДЛЕНД
Еве прашање за квиз за сите љубители на операта. Најголемата оперска куќа е во Милано, Венеција или Палермо?
Палермо? Да, Скала може да има повеќе седишта и Фениче во Венеција за постара возраст за еден век, но Театро Масимо во Палермо е најголем во Италија: тоа е една огромна зграда во нео-романтичен стил, кој ги опфаќа 7.700 квадратни метри и доминира над панорамата на главниот град на Сицилија. Во Европа, постојат како поголеми само Операта во Париз и Државната опера во Виена.
Театро Масимо можеби не е познат на меѓународно ниво, но тоа е оперска куќа со историја како и многу други.
Нејзината историја беше проблематична од самиот почеток. Тоа беше замислен како обид Палермо на 19 век да се здобие со културен кредибилитет во Европа во време на цветањето и на Сицилија и на Италија.
Потребни беа 33 години за да се дизајнира и да се изгради операта во 1897 година, но подоцна само две сезони беше затворена, се до 1901 година.
Театро Масимо повторно беше затворен заради реновирање во 1974 година, кога моќта на мафијата во Сицилија беше толку силна што мафијашките босови го поставуваа градоначалникот на Палермо, а понекогаш и самите беа на тоа место.
Реформаторите ја обвинија доминацијата на мафијата за рушењето на градот и ништо не го симболизираше тоа подобро од театарот Масимо, кој остана затворен во наредните 23 години.
„Беше негативен симбол на градот”, вели Франческо Џамроне, кој го раководи Театарот, иако е лекар по професија,.
„Потоа, по возвраќањето на притисокот на мафијата, градот се поврати, повторно се изгради и Театро стана позитивен симбол”.
Под нападите врз градот се мисли на убивањето на судијата кој се бореше против мафијата – Џовани Фалконе, како и неговата сопруга, исто така, судија, и нивните тројца телохранители во 1992 година, на патот кон аеродромот во Палермо. Мафијата стави бомба во автомобилот.
Убиствата предизвикаа револт против мафијата во Италија, која најцврсто беше позиционирана во Палермо, каде што и контрамерките беа најсилни.
Граѓанската гордост стана начин да се отфрли доминацијата на мафијата.
Училишните деца со нетрпение чекаа да се вклучат во таа кампања против мафијата – така, секое училиште избира историски споменик за кого ќе се грижи, според д-р Џамброне, кога децата, претходно со години затворени и речиси заробени, започнаа да се грижат и за Театро, кој беше срам за граѓанството бидејќи беше затворен!
Леонлука Орландо тогаш беше градоначалник и се сеќаваше на познатиот италијански диригент Клавдиј Абад и на првиот концерт во реновираниот театар кој се одржа во 1997 година од Берлинската филхармонија.
„Повторното отворање е важно за историјата на музиката во светот, во Европа, во Италија, во Палермо”, градоначалникот го цитираше сега покојниот маестро. „Но, сакам да напоменам дека мајка ми беше палермитана и дека во последно време тоа го криеше ама потоа, по отворањето на Театро, со гордост го истакнуваше своето потекло”.
Оттогаш, Театро постави претстави кои беа микс на класични и иновативни продукции, без разлика дали тоа беше балет, опера или класична музика. Во него има четири големи сали.
Денес, како и сите оперски куќи во Италија, Театро се бори со намалените државни субвенции, но успева во просек да пополни секој пат барем 80 отсто од седиштата.
Исто така им помагаат и луѓе кои не се љубители на операта, но генерално објектот опстојува затоа што има повеќе од 100.000 посетители годишно, кои плаќаат за да ја посетат мамутската сцена на операта, неговите три ротонди и големи фоајеа.
Многу од нив се странски туристи кои ги привлекува опера што се појави на врвот на крвавата сцена на третиот дел од „Кум”.
Луѓето како Ендрју Мартин, професор од Лондон, се шокирани од големината на објектот. „Јас не очекував вакво нешто во Палермо”.