
Премиерот од Америка со порака за најголем „успех“ од посетата: грант од пет милиони долари за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка. И со разговор во ходник со државниот секретар Марко Рубио, кој дома го продава како средба на ултра високо политичко ниво, се вели во соопштението од СДСМ.
Како што во „Глобус“ веќе споменавме премиерот замина на посета на САД без прецизно објаснување дали се работи за официјална визита и колку ќе трае и без прецизна сатница со кого истата ќе се сретне, кој е дневниот ред на тие средби и сит други неопходни сознанија за јавноста, особено кога се работи за така долговремено отсуство од земјата со бројна екипа!
„Што се однесува до мојата посета, најпрвин во Вашингтон, планирани се средби на ултрависоко ниво во рамките на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, како и средби на ултрависоко ниво со претставници на ДФЦ – тоа е финансиска институција којашто финансира проекти ширум светот, коишто се најчесто високоразвиени технолошки проекти. Тие се тука присутни преку својата инвестиција којашто ја имаат во проектот „Пела“ (Крстов Дол) за антимон, познат во јавноста. Од нивна страна има пројавено интерес и за други проекти во делот на енергетиката и напредната технологија, каде што сакам подлабоко да ги понудиме нашите капачити. Исто така и со компании коишто се од воената индустрија – компании коишто сакаме на некој начин да ги привлечеме да дојдат тука кај нас. Во фаза сме на изработка, со Министерството за одбрана, на нов закон со кој ќе го понудиме нашиот тренинг-полигон „Криволак“, затоа што чувствуваме дека на тој начин можеме да имаме уште побрз и уште подинамичен раст на економијата“, изјави пред полетувањето претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ.
Мицкоски се осврна на посетата на САД, каде што ќе учествува на овогодишното Генерално собрание на ОН. Тој посочи дека во рамките на посетата, од билатералните средби коишто се планирани, очекува склучување нови договори коишто се важни за иднината на државата.
„Понатаму, планирани се средби со влијателни тинк-тенк организации, а потоа се селиме во Њујорк, каде што продолжуваме на маргините на овогодишното Собрание на ОН да се среќаваме со голем број државници. Имаме веќе потврдени средби – во принцип, се ориентиравме на соседството, се разбира. Тука е и оној прием, нормално, од страна на претседателот на САД, а исто така имаме билатерални средби и со земји од Заливот, од каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски“, рече Мицкоски.

Деновиве реагираа од главната опозициска партија со костатацијата дека е „страшно човек што ја води владата на земјата, неформално муабетење во ходник да го претстави како официјална средба. Средба од тој ранг се води во кабинет, во сала, со агенда и записник. Не во ходник. Не раскопчан. Не без вратоврска. Не со раце во џебови. Нема основна култура. Нема почит кон институција и кон соговорник. Нема политички бонтон. Како од пазар“ – се констатира на Бихаќка. При тоа се додава дека обезбедување што го следи (затоа што е сепак загрозена личност, се виде по Фејсбук) во маици со кратки ракави и дречливи бои. Поведе околу педесет луѓе на народен грб. Резултатот е пет милиони долари за рудник. Знаете ли колку е тоа малку? За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ – не стигнува ни десет пати повеќе. Антимонот не е леб и не е плата. Тоа е метал за воена индустрија. Се копа, се дроби, се топи. Од јаловината влегува во почва, во бунар, во растение. СЗО има строг лимит во вода за пиење. Европа такви ископи ги запира затоа што отровот останува, профитот заминува.
Во соопштението на СДСМ се вели дека пет милиони на туѓа компанија за природен ресурс значи три работи: државата сама не работи; нема буџет за луѓето и за реките околу Крива Паланка; се дава нанадвор поради провизија. За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни од Лотарија, пари што требаше да завршат во буџет за граѓаните на Македонија. Се враќа од Америка со пет милиони долари.
Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Делегацијата поскапа од почетокот на дупката – се вели во соопштението.
Како шо е вообичаено кога е оваа влада во прашање секогаш постои „покритие“ на отсуството на материјал од тоа трошење на време и пари во странство, тука се средбите со претставници на дијаспората. Но, од извештаите како што може да се види по дневните извештаи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, учествувал на традиционалниот собир на Македонците од регионот на Њујорк и Њу Џерси. Не било тоа закажана средба, туку просто вообичаена литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде посотјано има посетите од маледонско етничко потекло а премиерот, како дојден таму просто си поразговарал со дел од нив! Во објавата на неговиот фејсбук профил, премиерот изрази благодарност за топлото гостопримство и посветеноста на Македонците во дијаспората, истакнувајќи дека „каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија“. Тоа што вообичан начин за иселениците на поминување на неделното пладне не е „добредојде“, нали туку просто една рутина.




