Крајно опасниот пожар во Трубарево, во континуитет со оние во Вардариште и Дрисла укажа на нестручност, на постоење на гломазен и нефункционален државен апарат и во оваа сфера и на несогледливи последици по народот

Во држава која ја водат лица со купени дипломи после 9 часа од опасниот пожар во Трубаревво се менува концептот за гасење. Инаку на социјалните мрежи и медиумите кои излегуваат он-лајн стручњак за материјата како што се литиумски батерии (Искра Јанковска Михајловска) јасно укажа дека борбата со последниот голем пожар во скопската котлина не смее да се гаси со вода и дека мора да се има сосема поинаков пристап при справување со огнените јазици.
При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид – коментира таа. Кога ќе се иницира термичко распаѓање (Thermal Runaway) во литиум јонска-батерија, било да е од надворешно влијание-удар или од изложување на висока температура, процесот на термално разлагање е невозможно да се прекине.
Секакво гасење е само заштита на околните работи да не се запалат од високоите температури кои се развиваат со горењето на батеријата односно на електролитот кој е составен дел од ќелијата на една батерија. Горењето на батериите е проследено со многу чад, се слуша шиштење дури и мали експлозии – илустира експертката.
Токсичната средина која се создава при горење е со висока концентарција на разни соединенија но една од најтоксичните покрај стандардните CO, CO₂, NOxите е HF хидроген флурид која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Според европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.
Батериите при складирање пред рециклирање се неутрализираат и има посебни мерки за заштита како и обуки на вработените – верли таа.
При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид – е посебњен дел од нејзиниот аларм.
Ова е дел од мојата експертиза за докторатот кој го работам на тема заштита на литиумските батерии од горење, како и дел од патентот кои скоро беше прогласен за Патент на годината 2024.
Значи не било потребно да се оди далеку во потрага по моделот за гасење на пожари кога се литиумските батерии во прашање. Но, се чини дека аналфабети има многу на ова подрачје а нив ги има и во врвот на одбраната. Се оди на гасење со авиони, ер-трактори и со многу ангажирани луѓе во целосно неподготвена околина која останува голем дел од денот изложена на сите удари по нивното здравје.

Да се повтори – Јанковска Михајловска посебно акцентираше –
неопходно е масовно селење на населението во радиус од 10 килоеметри.
Што всушност се случи погрешниот метод траел со часови и многу време минало додека енс е сватило дека тукае неопходно целосно ротирање на тој систем. Во меѓувреме дури после 22 часот полицијата ги повикува селаните да заминат од своите домови „ако имаат каде“, не им се делени никакви маски а струјата по домовите била исјклучена.
Срамот е голем ако се знае дека пред екраните се тоа не се кажуваше (времето на таа „интервенција“) се велеше дека народот од околината ќе се одн есе во обнрфазовниот центар во Идризово (во интернатот, претпоставка) ама никој не потврде дека е однесен таму! Буквално тв извештаите од следниот ден покажаа дека маските се делени следниот ден (во неделата) во 11 часот (!). Најголем дел од селаните останале дома, со затворени прозорци, демек тоа е заштита.
Посебна приказна е пресот каде пожарот беше толку банализиран, како и можните последици додека најмалку половина град се задушуваше во ужасен смрад. Се покажа дека во мигот на интервенција вио Трубарево министерот за екологија си водел кампања пред локалните избори, премиерот го немало никаде а и денес нема извештај каде навистина бил, бидејќи се појави следниот ден на пладне пред камерите, очевидно нервозен и запуштен (небричен, на пример) и говореше со помош на мантрата која е очевидно партиски скроена за „надворешниот и внатрешни пријател“ секако без било какви докази во времето зад нас. Да не говориме за тоа дека таму има и стока која исто така би морала да се сели ама се баталени граѓаните кој ќе мисли на кравите и овците?
Посебно скандалозен беше полноќниот прес во МВР, значи дури кога се свати како треба да се гаси пожарот (всушност, да се внимава да не се прошири а самиот треба да си догори и во меѓувреме да се посипува со песок).
Министерот за внатрешни Тошковски покажа дека бил и ќе биде само адвокат. Еднаш на Мицковски па и сега, иако од фотелја на министер а нарачателот е од позиција на премиер.
Целта беше да се минимизираат штетите пред медиумите од она што се случуваше во Трубарево и одбраната да се сведе на она „имавме контакти, си телефониравме“, без да се знае каде бил отсутен рпемиерот и зошто се крие изборната кампања на вицепремиерот Меџити кој буквално се изрезили пред јавноста.
Покривањето на неговата изолација во такви момент го отвори прашањето дали оваа Влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН е – кооперација или коалиција? Тошковски се повикува на анализи на луѓе од МО а министерот за одбрана кој беше присутен на пресдот (инаку „стручњак за пожари“, нему му гореа фурните во Ѓорче и тоа токму за време на локални избори) ни да зборне нешто, веројатно на оние на бината им било речено да молчат – „ќе помине и ова“. А МО дава резултати дека опасноста од пожарот изминувала после 50 метри а после 150 метри дибидус, За срежа на местоото на настанот имаше доста новинарски екипи и тие видоа се – од тоа колку се слабо заштитени полицајците, до сите други неуверливоста на системот. Крајот на пресот мина во обидот на официјалните лица да го прекинат, кога видоа дека се целосно во „небрано“.
На партиските реакции не требаше да се чека долго.
Кузеска од СДСМ рече дека „имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики“ Портпаролката на СДСМ, предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и повика на одговорност за еколошката катастрофа.

Како што кажа Кузеска, остануваат отворени прашањата за тоа колкаво количество токсичен отпад изгорело во саботата, колкава била концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.
„Дали денеска воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички? Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни?“, изјави Кузеска.
Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други.
„Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“. Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа. Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“. Граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа“, рече Кузеска додавајќи дека нема ниту еден институционален план, ниту една мерка, ниту едно решение.
Претседателот на СДСМ ја нарече владеачаката партија ВМРО-токсична, која создаде хаос кој граѓаните го плаќаат со најскапото нешто, нивното здравје. „Скопјани се трујат со канцерогени материи ниту една институција не реагираше навреме, власта, институциите, закаснија со реакциите“.
Дополнително, Филипче смета дека зоната од 400 метри е недоволна и апелираше да се воспостави зона од 500 до 2.000 метри во која ќе има јасен протокол: затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движење и активирање на систем за јавно предупредување со СМС-пораки и локални медиуми
Состојбата по вчерашниот пожар во Трубарево е сериозна и бара итна, координирана реакција на институциите. Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Според него, одговорноста не е само во гасењето на пожарот, туку и во справувањето со последиците, кои може да бидат долгорочни.
Тој преку својот фејсбук-профил побара од институциите да преземат неколку чекори.
„Прво, да се овозможи медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови. Второ, да се направат лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата – со јасен фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци. И не само тоа – туку тие резултати да бидат транспарентно објавени. Трето, мора да се обезбеди и психолошка поддршка – за жителите, за пожарникарите, за сите што беа на лице место. Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата“, посочи Филипче. Укажа дека премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“.
(љ.к.)