ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Изнесување на службена тајна не е и не може да биде оправдано со некаков „јавен интерес“, бидејќи секому му е јасно што значи класифициран документ и негово објавување! Во мојата новинарска кариера низ раце ми поминале илјадници страници кои имале некаква класификација, но никогаш не сум помислил дека треба да бидат објавени, оти, ЗНМ ќе каже дека тие не се никаква тајна, туку „јавен интерес“!
Не знам од каде и од кога тоа класифираните документи слободно можат да се објавуваат, како небаре да се работи за инфомации од сферата на комуналното живеење, и притоа таквите документи да бидат прогласени за нешто што се нарекува „јавен интерес“?
Вака прокламираниот став подразбира дека се што ќе ни падне в раце може непречено да се објавува по медиумите, беа оглед на тоа каков степен на класификација тие имаат? Никој ништо не смее да приговора на објавеното, бидејќи јавниот интерес е најважен? Дали ова значи дека ние, со само едно соопштение на новинарска организација, ќе ги укинеме поимете: службена и(ли) деловна тајна, државна тајна со различен степен на тајност и други сличн тајни? Чуму ни е потребна тајност кога некој, во име на „јавниот интерес“, објавува нешто за што и самиот знае дека не смее да биде објавено?
Овинение за лице кое објавило класификуван документ ( без притоа да навлегувам во содржината на објавеното) е сосема нормална и легитимна работа! Немам никаков сомнеж дека оној што го објавил спорниот документ знаел што објавува и каков ризик притоа презема. Доколку, пак, ете и не знаел, требало да праша и ќе му било кажано дека тоа не е само што не е законски, туку е кривично дело, но веројатно воден од сензационализмот ( а што да не и од парите) тој ниту некого консултирал, ниту побарал мислење од „втората страна“, но си го објавил она што замислил дека треба да биде објавено. Во крајна линија, информација која се однесува на само еден човек не може да биде јавен интерес, бидејќи не се однесусва на една поширока заедница:
Сите оние кои тврдат дека објавата претставува „јавен интерес“ или не знаат за што зборуваат или само се обидуваат да бранат нешто што не се брани.
Тезите на новинарските здруженија се неиздражни! Нивното поаѓалиште ме потсетува на вицот кога пријател го прашува својот птријател: „Знаат твоите дома дека си хомосексуалец?“ Впрочем, не ми е јасно зошто се јавуваат организации во кои обвинетиот не членува, а на моменти и е и во отворен судир со истите? Бранат принцип? Се и да и е така имаат погрешно стојалиште и погрешна одбрана! Барем тие треба да знаат што значи „деловна тајна“ ( и тоа од Агенција за национална безбедност), а што е класификација: интерно, доверливо и строго доверливо! Ништо од сето оваа не е и не може да биде „јавен интерес“, се до оној момент додека не пројдат многу години и некој не одлучи да изврши декласификација.
Еве, отворено прашувам: Дали ако (јавно) објавам дека еден наш колега, уредник, е во љубовна врска со своја помлада колешка е јавен интерес, (бидејќи ќе говорам за неговиот „морален лик“) или, пак, објавеното е нешто што ќе ја интересира само неговата сопруга?
По логиката на ЗНМ ова треба да е јавен интерес, но јас мислам дека се работи за приватна работа, исто како што мислам дека објавеното за кое говориме е кривично дело, а не јавен интерес.
Мислите дека американската нивинарска асоцијација ќе подрржи незакомски иснесен документ од Федералното истражно биро ( ФБИ) и ќе каже дека тоа е наравено само заради јавниот интерес? Тешко малку…
Ајде само да претпоставиме една ваква ситуација: медиумот којшто објавил службена тајма на Агенцијата за национална бебздност (АНБ) е финансиран со унгарски пари, а парите ( се разбира, доколку не се на Груевски) може да се од унгарските тајни служби кои, и го обезбедиле спорниот документ, со намењра тој да биде објавен, од само ним разбирливи причини?! И што, дококку сето ова се покаже како точно, а случајот „Шпион“ и бегството на Никола Груевски, дават доволно простор за сомнеж дека и овој случај е финансиски поддржан од истите тие служби? И тогаш ќе тврдиме дека ова се „филмови“ и дека се е “јавен интерес”?
Мене не ми е верно…
Се сеќавате на случајот на колега Томислав Кежаровски? Можеби и тој имал убави намери, но него никој не го праша што му била намерата кога, пет години пред да биде обвинет, објавил текст со кој, наводно, открил идентитет на „загрозен сведок“, кој, тоа и не можел да биде, бидејќи е лице кое е во притвор што, пак, само по себе исклучува секаква верба во еден таков човек – сведок, а згора на се се покажа дека дотичниот бил наведуван лажно да сведочи!
Можеби и Кежаровски мислел на „јавниот интерес“, пет години, пред да биде лажно обвинет, но човекот беше во притвор со месеци, а беше осуден на затворска казна во траење од четири години!
За оние со кратко памтење само ќе споменам дека токму поради заштитата на одредени документи Специјалното јавно обвинителство не кожеше да изведува докази, бидејќи и самиот суд инсистираше на декласифицирање!
Епа, ако ни СЈО ни судот, во името на „јавниот интерес“ не објавуваа класифицирани документи, тогаш не смее да објавува и новинар!
Во животот, поточно во мојата новинарска кариера, низ раце ми поминале илјадници страници кои имале некаква класификација, но никогаш не сум помислил дека тие, како такви, само требало да бидат објавени, оти, нели ЗНМ цени дека тие не се никаква тајна, туку „јавен интерес“!
Како да не! Важи!