ВМРО ДПМНЕ се потпира во својата политичка одбрана врз верните си медиуми и врз што стари а што лошо прочитани анкети, како онаа на Форбс. Оваа партија и нејзините портпароли си наоѓаат простор онаму каде стереотипниот пристап на политичкото бојно поле на ривалот остава простор самата да ги прочита користените анкети на Палачинката
Во викендот што е зад нас се чини дека многу политичари заминаа на заслужен одмор. Изразот „заслужен“ обично го трошеше Танјуг кога ќе објавеше дека претседателот Тито заминал во февруари на Бриони или во Херцег Нов. Овој пат нашите политичари делумно се придружија на бранот на масовно напуштање на главниот град пред полицискиот час кој траеше 80 часови. Ова може да им се прости да речеме на функционерите како што е портпаорлот на црвено-црните Димче Арсовски кого го сопрела полиција при излез од Струмица. Според некои текстови на Фесјбук тој имал дозвола за „ноќобдеење“ па дури и неговата девојка од овој град, која наводно била со него. За ова нема потврда. Па, како се даваат тие дозволи и кому?
Кога сме кај портпаролите на големите партии да кажеме дека вмроовците доста подготвено ги дочекаа последните викенд денови. Притиснеш копче и ете една рециклирана анкета од февруари на ИРИ, прочитајте поопширно во овој број, според која тие му дишат во врат на својот политички противник, како партија и како рејтинг на лидерите .Анкетата е – да појасниме – од февруари годинава, кога веќе сме кај времепловот, за да не заталкаме во историјата. И кому му треба повторување на оваа анкета? Па некому тоа „му дава крилјааа“.
ПОСТОЈАНА ЦЕЛ – ВЕНКО И ЗАЕВ Потоа стиснеш копче и оп! – анкета во Форбс за безбедноста и корона вирусот, правена од аналитичка компанија во Хонг Конг која ги следи патиштата на капиталот и дава совети. Ние не сме биле во првите 100 и се вели „не нема нигде“ и ете повик на опозиционерите дека Заев и Филипче (двата клучни лика на кои се базира целта нивна пропагандна оцрнувачка стратегија). Да го научиме портпаролот Арсовски дека во светот има 200 држави кои имаат корона вирус. Граматички е исправно да се каже дека не сме меѓу првите 100 најбезбедни (никаде сме околу 103 или 105 место, сеедно) и најмалу може да се констатира дека сме најнебезбедна земја во светот. Ама тоа не е битно кога ќе се спомене име на угледен весник, ем „неутрален извор“ и така натаму.
Потоа повторно ќе стискаш копче и ете анкета од веќе традиционалниот ортачки истражувачки тим на ВМРО ДПМНЕ – ИПИС кој наводно потврдува дека народот повеќе не му верува на јавното здравство…
Најпрвин да почнеме со „Форбс“. Тоа е магазин кому денес (9 јуни) му истекува рокот за прием на понудите за купување на компанијата „Форбс медиа“. Инаку одиво стечај. Наводно биле заинтересиранит за негово купување три компании. Цената која треба да се плати е 400 милиони долари, а финалниот избор на купувачот ќе го извршат консултанти од „Дојче банк“. Ова списание, познато е главно по листите на најбогати луѓе во светот што ги подготвува..
Една таква листа објавена во всникот н издишување според ВМРО ДПМНЕ „покажува дека Заев и СДСМ немаат капацитет со КОВИД-19“. Македонија воопшто не била на листата. За разлика од нас, повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
СРБИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ Во српските медиуми ова рангирање беше примено како сензационална анкета, бидејќи, Србија доби некаков поттик и тоа во деновите кога светот се чуди како во едно деноноќие таму оздравеле неколку илјади лица (тајната е во тоа што заболените кои не го минале вторииот тест за дефинитивна потврда на здравјето, значи го немале она „негативен на вирусот“), административно биле прогласени за оздравени, бидејќи поминале 14 дена, време за кое белким некој ќе оздрави. Оваа земја со такво „чириба-чирибу“ здравство не ги убедува сега лесно соседите дека има таков молневит напредок во медицината, но сеедно, ја гледаме и без тоа како е ставена во првите 100?! Таму се разбира ги има и Црна Гора која одвај да ја закачи короната а тука е и Хрватска, зависна од туризмот и Словенија која мина лесно исто така кај пандемијата.
Но, листата на Форбс е само објава на изведена анкета од друга компанија од Хонг Конг – Deep Knowledge Ventures, за моментната состојба со пандемијата а користени се наводно 130 квантитативни и квалитативни параметри. Само дел од нив се однесуваат на воведувањето на карантинот, следењето и откривањето на заразените и слично. Поинаку речено – не е „на преглед“ Венко Филипче, туку и Наќе Чулев, бидејќи многу сегменти од безбедноста, па и од короната зависат од него. Треба ли да ги споменеме нашите банки каде од сефовите вработени изнесуваат пари во пластични кеси, каде поштите и кладилниците се ограбуваат среде ден пред секои избори, како и сега… А говориме за безбедност на инвеститори, на капитал во време на ковид-19. Колку грабежи се расчистени а се случија дури и среде полициски час!?
БРЗИ ПРОМЕНИ НА РАНГ ЛИСТАТА Фондот што ја правел анкетата инаку го цени знаењето над профитот – факт кој е вметнат во самото име и бренд. Оттука, фондот ги смета своите аналитички подружници меѓу најценетите средства. Аналитичките мотори кои ја водат инвестициската стратегија на Deep Knowledge Ventures се базира на користење на софистицирани мулти-димензионални аналитички рамки и алгоритмички методи кои комбинираат стотици специјално дизајнирани и специјално пондерирани метрики и параметри. Агенцијата истражувач започна да ги фокусира значителните ресурси на производство на софистицирана аналитика со отворен пристап и комерцијален карактер на темите на „управување со долговечноста“ а се мисли на бизнисот а до некаде и на луѓето преку истражувања за пензиски фондови.
Истражување на тема Короната и безбедноста се вршени почесто овие месеци и редоследот на земјите често се менувал. Дури земјите кои се денес на врвот на листата биле на дното. Главно сега одново на врвот се земји кои имаат силни економии. Јасное е дека капиталот во нив и да побегнал пак би се вратил а за тоа анкетарите секако имаат и други причини, кои кон нас никогаш не би се примениле, како еден вид на „естетско доживување“, да речеме.
Првите десет земји во ова истражување сега се: Швајцарија, Германија, Израел, Сингапур, Јапонија, Австрија, Кина, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја. Србија е на 54. место, Унгарија на 18., Словенија на 32., Хрватска на 36., Црна Гора на 42., БиХ на 72.,Албанија на 88….
„Швајцарија и Германија се дојдени на првата и втората позиција пред се затоа што имат отпорна економија и благодарејќи на внимателното релаксирање на мерките и пристапот.кон економијата на научен пристап, без жртвување на јавното здравје и безбедноста“ – се наведува во студијата. Овој заклучок сосема се вклопува во она што го барала истражувачката компанија а го пренел Форбс.
ГАСТАРБАЈТЕРСКИ ИСКУСТВА Нашите гастарбајтери во Швајцарија потврдуваат дека таму немало полицики час, ама затоа и денес шопинг ценрите се затворњни, како и оние мста каде би се собрале многу луѓе, потоа носење на заштитна опрема е обврзувачко. Рестораните ицрквите се затворени. Сите мерки се почитувале и тоа дало резултат.
Нашите иселеници во Австралија кажуваат дека никој не излегува од дома без комплетна опрема бидјеќи казните се многу строги. Оној кој ќе влезе во црква и бива фатен ќе добие казна од 1,200 австралиски долари а самата црква плаќа 4.000 долари. Поповите ги молеле нашите верници таму а не доаѓаат кај нив за Велигден и сите оние празници кои следеле, вклучувајќи го и Духовден.
Во сите земји кои се на споменатата листа нема политички шеф на опозицијата кој е фатен како оди во забрането време во теретана или во кафеана и така дава лош пример. Или нема верски лидер кој вели „што ми е гајле“ кога ќе му споменат како се однесуваат братските цркви во православието А не постои ниту мохамедански верски лидер кој веќе „го убил“ вирусот… сите погоре споменати примери значат директен поттик против мерките во државата и за нив нема соодветен медиумски однос.
(Љ.К.)