Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945
Правописот и правоговорот на македонскиот јазик, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и правилното пишување. Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпункцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година. Во февруари 2016 година бил претставен новиот правопис на македонскиот јазик, подготвен од 48 учесници, а објавен од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во 2017 г. излегло второ издание на овој правопис, кое е ставено на располагање на посебен портал на НУБСК.
Во лингвистиката, правописните правила се категоризираат во
една од трите главни типови: фонетски или фонолошки, морфолошки и етимолошки правопис. Фонетскиот правопис се однесува на гласот или се управува според гласот и таков вид на правопис има во македонскиот, српскиот, хрватскиот или албанскиот јазик. Со други зборови, во овој вид на правописи се пишува како што се чита. Во основа на морфолошкиот правопис лежи строежот на зборот т.е. без разлика како се изговара, секоја морфема си ја задржува основната форма и таков правопис е на пример бугарскиот. На крај, етимолошкиот правопис е правопис кој се базира на постара пишана форма на еден јазик, како што е англискиот или францускиот правопис. Важно е да се напомене дека нема ниту еден правопис кој е чист о природа, односно мора да има елементи од најмалку еден друг вид на правопис покрај основниот.[2]
Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991 г.
Правописот на македонскиот јазик се занимава со правописните правила, нивно изучување, подобрување и одржување. Во склоп на македонскиот правопис спаѓа правописот на самогласките и согласките, употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, делење на зборови, скратеници, транскрипција, интерпункциски знаци и правописни знаци.
Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесено решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за јазик и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.
По тој повод, Институтот за македонски јазик, во услови на светска пандемија и вонредни мерки во државата, електронски објави свои десет книги. Тоа се: „За македонскиот јазик“, книга 11 од посебните изданија на Институтот, објавена во 1978 година под редакција на Тодор Димитровски, на Блаже Конески и на Трајко Стаматоски, осум зборници (почнувајќи од книга 2) од едицијата „Денови на Благоја Корубин“, основач и главен редактор: Снежана Велковска и фототипско издание на „Речникот на презимињата кај Македонците“, во два тома (од 1994 и 2001 година) од Марија Коробар-Белчева, Олга Иванова, Маринко Митков и Трајко Стаматоски и под редакција на Трајко Стаматоски.
Од Институтот објаснуваат дека по многу векови, со прогласувањето на Федерална Македонија како држава, АСНОМ на своето Прво заседание на 2 август 1944 година донесува решение за воведувањето на македонскиот како службен јазик.
– Со објавувањето на македонската азбука на 5 мај и со усвојувањето на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година од Народната влада на Федерална Македонија, се случува кодификација на современиот македонски литературен јазик. Седумдесетипетгодишната практика на македонската азбука и на правописот придонесе за успешна борба против неписменоста, за квалитетно образование, за поквалитетен живот на граѓаните, за промовирање на културната разновидност на Македонците и за зачувување на традицијата од нашите предци – вели проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Таа додава дека светот признава постоење на над 6.500 јазици, но само неколку стотини од нив се издигнале на ниво на службен јазик на еден народ во една држава.
Уште во 9. век браќата Кирил и Методиј, со помош на глаголицата, како оригинално писмо, ги превеле црковните книги на јазикот на македонските Словени од околината на градот Солун (во науката познат како старословенски и старомакедонски).
– Со благослов на папата, овој јазик станува четвртиот признат јазик во светот што е достоен за Библијата и за Бога. Подоцна, постапно, кирилицата го зазема своето место во писмената традиција. Со пиетет се потсетуваме на сите претходници, кои, со своето дело, низ вековите се вградиле во писмениот македонски јазик. Меѓу нив е визионерот што прв ја обзнани азбуката, нашиот патрон Крсте Мисирков, кој нè потсетува дека „јазикот е наше духовно благо“, зашто „јазикот е средство со кое ние познаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник“. Тука задолжително ќе го споменеме кодификаторот на македонскиот јазик, најголемиот афирматор на македонската азбука, правопис и речник, нашиот омилен професор Блаже Конески, кој ни порача „јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина“ – вели Јованова-Грујовска.
Таа додава дека македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик, со кое на македонски јазик се напишани и објавени илјадници книги што се читаат од Македонците, но и од припадници на другите нации кај нас и по светот.