ДАМЕ ЧКАТРОВСКИ
Кодош е еврејски збор за свештено лице. Тие (оџи, попови, рабини) имале канал со кој го известувале султанот за сотојбиуте натеренот: биле и еден вид на статисчка администрација ама и ослушнувач на реакциите на милетот за власта. И така се до 1850 година
Граѓаните на Северна Македонија често употребуваат еден збор – Кодош. За да би ги покриле дејанијата на својата партија, а посебно оние коруптивните и анти-унитарните (со докази еден куп), за нив зборот Кодош се однесува на секој кој критикува или ги критикува за нивните, еве 30 години мрачни замисли.(со докази, сами да си ги приложат и потсетат). Во огромен број на случаеи се работи за обичен низок криминален арамилак.
Кодош не е збор од турскиот јазик. Колку да сакаат да ви објаснуваат Турците. Нити тие ,нити било кој во овој регион не го разбираат зборот –Кодош, а најмалку па нашиве,стокмени патриоти и комити.
Е, сега да ви објаснам на Македонци и Албанци (заради тоа што и тие го користат) што е зборот Кодош и од каде тој збори доаѓа.
Кодош е многу чест поим во јидиш кај Евреите.И означува СВЕТ ЧОВЕК.
Не, не иди од Белградската школа.Тоа е друга школа.
Кодош е поп, оџа, рабин,Свет Човек кој најмалку еднаш месечно праќа анализи за мислењето на рајата до нивните Свети Столици во Цариград.
Кодошот или светиот човек има податоци за родени, мажени/женети, починати, ама исто како денес порки по Фејсбук. Посебно внимава што се исповедаат верниците и на сеансите во верските објекти, до каде е рајата со умот и што мисли за управата на земјата и за султанот. Значи имате ем завод за статистика но и од секаков аспект анализи на економска и психолошка анализа кои Кодошите или Светите Луѓе ги прават и доставуваат до Портата, односно најпрвин кај нивните шефови, а шефовите на уво кај Султанот го даваат дефинитивниот извештај за рајата.
Интересно е дека нема во архивите имиња и презимиња, туку само анализи за мислењата на поголемиот дел на рајата.Така што се користи множина. Еднината е за други служби на Султанот од кои дел на другите училишта на Балканот учеле. И затоа сме до тука.
Не заборавајте дека Отоманската империја до 18 век немала универзитети и училишта. Кодошите или Светите луѓе ги раководеле училиштата до некаде 1850 година.
Информациите на кодошите оделе по следниот редослед – тие до Портата .Нивните до Султанот- Султанот до војската, полицијата, тајните служби,економијата, локалната управа, наредби разни до вилаетите.
Кодошот- Светиот човек во очувувањето на Отоманската империја учествувал цели 500 години или некаде 8 генерации за тоа време и се смета за еден од нај успешните системи за управување.. Се разбира после совемените средства како што се Фејсбукот и другио, чие време допрва доаѓа.
Така што полека со тој збор Кодош.Заради тоа што вие не знаете точно ни што значи. Ако ве наведов да мислите по темава мислам дека ќе ви е јасно дека умствената матрица низ вековите не се менува,само се усовршува.