Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ЕВРОПЕЈЦИ НА ГОДИНАТА?

May 4, 2021 Filed Under: Ревија

Делегацијата на ЕУкај нас избира „Европејци на годината“. Три категории – со по три кандидати кои се одлика на Европските вредности преку својата работа во 2020. Ова се кандидатите од првата категорија

ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ :

Денис Јанкуловски (Космонаутко) – техничар од Одделението за микробиологија во скопскиот Центар за јавно здравје и дел од тимот што спроведува теренски тестови за КОВИД-19 од почетокот на пандемијата. Оптимист, кој денот го започнува со песна со цел да влее надеж во овие предизвикувачки времиња. Денис Јанкуловски е одлика на солидарност, човеково достоинство и недискриминација.

Кристина Скепаровска успешно претседавa со Гинеколошкиот оддел во Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Скопје. Во услови на пандемија, болницата достигна пораст од 40% во бројот на породувања и 0 пациентки позитивни на вирусот за време на болничкиот престој. Кристина Скепаровска е одлика на еднаквост, толеранција и слобода.

3Д Принт Медицински Материјали Александар Каревски, Ненад Лазаров и Бојан Трајковски – тројцата млади доктори со оригинална идеја да создадат и обезбедат заштитна медицински опрема за целиот здравствен сектор. Нивниот ентузијазам прерасна во алтруистички подвиг кој резултираше со производство на над 60.000 визири за 1 година преку групата 3D Принт Медицинска Опрема. Хуманоста продолжува преку „ДонирајВитамини“. Со повикот до компании. Александар, Ненад и Бојан се одлика на солидарност, инклузија и еднаквост.

Гласањето ќе започне на 29.04.2021. Заедно бираме „Европејци на годината“.

Втора категорија номинации за наградата Европејци на годината – Заштита на животната средина!

ЕУ неодамна го донесе Законот за климатски промени со кој се обврзува да ги намали стакленичките гасови и да достигне климатска неутралност до 2050. Совршен тајминг да ги презентираме македонски организации организации и иницијативи кои активно се борат и придонесуваат кон подобра и поздрава животна средина.

Трите кандидати во оваа категорија се: Go Green, O2 ницијатива и НаТочак

Големите промени започнуваат со мали чекори.

Младите со секое инвестирање во себе придонесуваат за подобро општество и иднина. Нивниот глас е вреден, треба и мора да биде слушнат за да создаваме подобро и поинклузивно општество за сите. Ова се млади кои ги номиниравме за наградата „Европејци на годината“, а кои активно учествуваат и придонесуваат во правењето позитивни промени во општеството: Beatrix Crew, Александар Матовски – Цако и Бленди Ходаи.

 

Filed Under: Ревија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet