Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА?

November 20, 2018 Filed Under: Свет

Експертите велат дека пожарите стануваат поопасни како резултат на климатските промени, нерамномерниот распоред на врнежите во текот на годината и ширењето на населените места

МАЛИБУ Гори елитната населба на филмаџиите- Малибу

Властите соопштија дека во двата разурнувачки шумски пожари кои ја зафатија сојузната држава Калифорнија загинале најмалку 66 лица. Ова е податок до почетокот на викендот. Експертите укажуваат на неколку причини за плочестото избувнување на пожари – од порастот на бројот на населението, нефункционалната опрема, па се до климатските промени. Тие велат дека овие пожари се само најава за поголемите кои ќе ги видиме во иднина.

Џенифер Балч, директорка на Планетарната лабораторија при Универзитетот во Колорадо вели дека податоците покажуваат дека пожарите во западниот дел на САД се интензивираат.

„Сведоци сме на петкратно зголемување на бројот на големи пожари од 1970-тите години навака“ вели таа, додавајќи дека областите кои се опожарени се зголемиле за два пати.

Климатските промени донесоа потопли температури и екстремни варијации во врнежите од снег и дожд, предизвикувајќи наизменично суви и влажни години, вели Лирој Вестерлинг од Универзитетот во Калифорнија кој ги проучува врските меѓу пожари и климатски услови.

Тој вели дека варијациите создаваат повеќе пожари „бидејќи во влажните години вегетацијата расте интензивно, а во сувите години таа е лесно запалива.“

Вестерлинг вели дека пожарите се движат побрзо низ сува трева и ниска вегетација. Ваков пожар го зафати и северниот дел на Калифорнија. Тој додава дека сезоната на пожари во Калифорнија е продолжена и трае до крајот на есента затоа што зимските дождови доцнат, а ветрови ги помагаат во ширењето на пожарите.

Ширењето на населението значи поголеми шанси за пожари затоа што луѓето буквално градат домови на линијата на огнот, вели Балч. Таа посочува дека човечкиот фактор е причина за 84 проценти од пожарите, додека останатиот дел се предизвикани од громови.

КЛИМА Професорот Ли Рој Вестерлинг вели дека пожарите се должат на комбинација на три фактори – климата, зголемениот број на население и нефункционалната опрема

Оштетената инфраструктура на далноводите е причина за многу пожари, и властите се обидуваат да утврдат дали ова е причината зад двата големи пожари во Калифорнија.

Несовесните кампери исто така одговорни за некои од пожарите, вели Балч, додавајќи дека најопасен ден за пожари во САД е Денот на независноста кој се слави на 4-ти јули и кога се користат голем број огномети.

Вестерлинг вели дека управувањето со шумите, кое го наведе претседателот Доналд Трамп како битна улога во појавата на пожари, овој пат не причината. Таа додава дека смртоносните пожари во Калифорнија започнале на приватно земјиште во предградие на Лос Анџелес и во подножјето на планината Сиера Невада, а не во шумата.

Заедничкиот фактор се климатските промени, додава тој.

ГАСНЕЊЕ За поќар е доволно и догорче а за гаснење не се доволни ниту вакви авиони-грдосии

Нов извештај за Калифорнија на кој работел и Вестерлинг предвидува дека ако глобалните температури продолжат и да растат и понатаму, до крајот на овој век, екстремните пожари кои зафаќаат површина поголема од 10.000 хектари би можеле да се зголемат за речиси 50 проценти.

Балч додава дека 1,8 милиони домови во западниот дел на САД се изложени на висок ризик од пожари.

Таа вели дека сопствениците на домовите и заедниците треба да бидат поактивни во расчистувањето на вегетацијата, но дека е потребна акција на многу фронтови, од борба со климатските промени до намалување на ризикот од започнување на шумските пожари.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet