Сосема е логично, ако се следи хрониката на настаните во последните децении дека дрогата кај нас се фаќала со голем чалам тогаш кога некому, пред се на министрите за внатрешни им било неопходно фалење и создавање на атмосфера на триумфализам. Ова одело на сметка на меѓународната соработка, бидејќи, некои канали биле пресекувани кога не треба
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Што е ново во нашата борба со трговците со дрога? Па нема ништо ново – се е по старо. Борбата е речиси невидлива се до мигот кога во моменти кога треба да се добие некаков пропаганден поен од поголем калибар не се прекине некоја меѓународна акција, се инсценира сугестија дека тоа го направила „цврста држава“ во стилот „не како претхоните гарнитури“, па јавноста треба да загризе на трикот „е овие не се шегуваат, тоа се вистинските“. Меморијата доаѓа до зимата 1998, па до зимата 2007 а еве сега за време кога со полицијата раководи привремен министер (Наќе Чулев). Во тие моменти власта била во рацете на ВМРО ДПМНЕ во коалиција со друга партија или пак оваа партија го имала местото од каде можела да се „бори“ против трговците со смртта.
ВИКЕНД НА МНОГУ ШЕГИ Деновиве бевме сведоци на создавање на многу шеги на сметка на министерот за внатрешни работи во преодната Влада во земјава – Наќе Чулев. Истиот им се пофалил на своите сопартијци, па овие на медиумите и други фактори кои го креираат јавното мислење дека фатил 1,5 тон кокаин кој во земјата дошол од Латинска Америка со пратка со банани. Можно е таа вест да протекла од многу места, но факт е дека крајна цел била да стигне навреме на дебатата во Телма меѓу министерката Шеќеринска и нејзиниот противник од спротивниот политички табор Николовски. Последниов, во еден миг кога почувствува дека треба да „триумфира“ во дебатата јавно се пофали со успех на Чулев во борбата со кокаинот и истакна дека никогаш не се случило некој друг министер да фати толку дрога. Уште додека траеше емисијата (Топ тема) на социјалните мрежи „сигурните извори“ најпрвин го симнаа фатените илјадници киолограми на 1,2 тони за потоа се’ да застане на срамни 1,5 килограми! Колку само шеги имаше на Интернет мрежата. Од триумф до дебакл од невидени размери, нарушување на соработката со меѓународните фактори за бркање на нарко бизнисот, користење на огромни полициски ресурси за нешто кое имало потреба од далеку поскромнни средства и луѓе во МВР и Царината.
Немаше можност таа лага од огромни димензии (не само заради количеството на дрогата) да се покрива со ниту една прес конференција а факторите за кроење на јавно мисклење а во ВМРО ДПМНЕ се натпеваруваа во демантирање во ланецот „кој прв почна“, во што посебно се идзвои во истрчувањето пратеникот Илија Димовски. Имено, Димовски на социјалните мрежи излзе со констатацијата „во три годни власт на СДСМ, не слушнавме дека е запленет ниту еден килограм кокаин. Денес МВР заплени 1,3 тони, најголема количина било кога запленета во Македонија. Слепи ли биле…? Или…?“. Истото го изрече и неговиот сопартиец Николовски пред камерите со што се откри дека се било веќе напишано „на ливче“, демек да нема забуни и контраверзи во фалбите.
НАРУШЕН УГЛЕД ВО СТРАНСТВО „Со издавање на информациите однапред и соопштувањето на министерот Чулев дека станува збор за огромна акција, се информирани и структури кои не треба да бидат информирани дека во тој момент во нашата земја се одвива акцијата“, објасни пост фестум Славјанка Петровска, дополнителна министерка во МВР во гостувањето на „360 степени“ во петокот на 21 февруари. Запрашана дали имало камиони што превезувале банани измешани со дрога и во земји од регионот, таа одговори потврдно, бидејќи тие, како што рече, биле дел од таа голема и меѓународна координирана акција. „Бидејќи акцијата е пробиена, не е постигнат посакуваниот ефект како што очекувале италијанските власти“, додава Петровска.
Во операцијата се одземени мобилни телефони, околу 3.000 евра, 700 долари и 188.000 денари, „Ивеко“ товарното возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди“, рече Чулев на прес- И тоа е се, колку што дознаваме само притив двајца од уапсените и сослушаните е порекената постапка …. ова е дел од конференцијата за печат на министерот и тоа е сумарумот кој на неговата партија место слава и донесе само круна од трње.
Акцијата секако била меѓународна и во неа покрај македонската полиција, биле вклучени и истражните органи на Италија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (БиХ), а во игра било количество од вкупно 1,2 тони кокаин. Најголем дел од товарот, подоцна се дозна, одел кон БиХ а во игра била и Словенија, според „Независне новине“.
Според сознанијата на овој медиум, дрогата спакувана во неколку контејнери била запленета на пристаниште во Италија. Италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои заедно тежеле 1 128 килограми (1,2 тони). Кога ја откриле, Италијанците ја заплениле дрогата и испратиле пратка во која оставиле само околу еден килограм дрога запакувана со систем за следење. Како што пишува „Независне новине“, пратката понатаму продолжила по планираната рута, стигнала во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Северна Македонија и два од БиХ. Камионите ги земале контејнерите и тргнале назад, незнаејќи дека, всушност, превезуваат само локатор по кој ќе бидат следени.
СЛУЧАЈ БРОЈ ЕДЕН Историјата кажува дека само што се формираше коалицоната влада меѓу ВМРО ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски и ДА на Васил Тупурковски (ноември 1998), министерот за внатрешни работи напраи спектакл со фаќање на дрога која одела по својата интернационална рута кон Солун. На граничниот премин Боородица се повикаа членови на Владата, потоа медиуми и се покажуваше јавно пленот. Таквата пактика не е позната во светот, модерните влади оставаат полицијата да си ја врши работата и таа а е секојдневна задача. Настрана што и тогаш се поркена прашањето дали намерно, заради чалам се направи таа „фешта“ а всушност очекувањето на проследувачот на пратката да види кој во Солун ќе ја прими дрогата – изостана!
Не многу одамна од затвор излезе Станислава Чочоровска, по десет години отслужување на казна затвор. Ова втората пратка на дрога околу која се подигна доста прав, но рака на срце без големи јавни фанфари.. На тогашната власт, избрана во јули 2006 година, половина година потоа и недостасуваше некаков настан кој би и ја зацврстил самодовербата рзнишана одвнатре, пред се прешироката коалиција која ја сочинуваа дузина партии. Албанснкиот фактор содаваше контролирана нестабилност бидејќи ДУИ не доби простор во власта, и покрај прокламираната формула од нејзина страна за тоа дека Владата ќе ја сочинуваат „победникот кај Македонците и победникот кај Албанците“, што Груевски го одбегна…
СЛУЧАЈОТ ЧОЧОРОВСКА Инаку Чочоровска во јануари 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин, за што добија казна затвор од 14,6 години затвор. Вредноста на дрогата запленета на Блаце беше 92 милиони евра.
Оваа казна подоцна беше потврдена и од Апелациониот суд.
Српските медиуми ја нарекоа фатената вевчанка „кралица на кокаинот“. Кога Станислава Чочоровска, обвинета за шверц на половина тон кокаин седна на обвинителната клупа, таа во целост го отфрли обвинението дека го организирала шверцот. Пратката требала да заврши во соседна Грција и вројатно била под конрола, била дел од меѓународен надзор ама некој решил истата да ја сопре на Блаце и да го направи транспортот транспарентен.
Настанот се случува, како и во 1998 година, неколку месеци откако доаѓа на власт нова политичка екипа. Во тие мигови на апсењето на Чочоровска премиерот во просториите на Владата беше нов: дојде на чело на извршната власт сегашниот бегалец од правдата Никола Груевски кому очајно му требаше некаква звучност. Како да се акцентира таа промена? Ако пратката е под меѓународен надзор, таа е од правен аспект покриена, сигурна, стоката е вредна и по квантитетот апсолутно забележлива. Афера како скроена со неа да се фалите. Проблемот во овој и други случаи е што кога ќе прекинете превоз на дрога некој мора да прати цена. „Поликолорот“ го нарачал грчки бизнисмен со познат идентитет. Преходно границите на Балканот го минале две исто толкави пратки, со вистинска бојс за фарбање, за да се покрие третиот „караван“, во кој бил кокаинот.
Чочоровска беше дел од кланот на злосторникот Аркан, беше споменувана како фина„крупна риба“. Во тој косум влезе непосредно претходно, како што Груевски влезе во кабинетот на Илинденска број 2. Станислава исто била нова како финансов директор над валканиот капитал на овој бос, чие царство беше загрозено и почна да се распаѓа после акцијата Сабја, односно после атентатот врз српскиот премиер Ѓинѓиќ (2003). Ги немаше крупните риби и Чочоровска, мажена Полетан стапи на сцена. По некои написи во белградскиот печат (Политика, Илустрована Политика) се бараше таа да биде донесена во Белград како сведок во одредени судења, кога секако имаше опасност „мракот да ја голтне“ односно да биде киднапирана, во најмала рака. Едно од толкувањата на ситуацијата е дека Чочоровска преку нашиот затвор си го спасила животот! Но, од аспект на нашата ситуација оваа афера требаше да и даде виталност на владата на Груевски! Колку за премиерот тој беше повеќе од внимателен да не се појавува јавно на сцената, бидејќи знаеше колку е долга раката на белградскиот кокаински клан. По една година и пол тој организираше нови избори бидејќи кокаинот не му ја спаси владата а внатрешните несогласувања мора да најдат изборна разрешница.
АТЕНТАТ Чочоровска, како првообвинета на процесот рече дека наводите изнесени во обвинението не се точни, а лицата со кои се поврзува за шверц на дрога не ги видела и не ги познава. Чочоровска наведе дека пратката со канти поликолор, во кои македонската полиција на седми јануари откри 493 килограми кокаин, ја организирал грчки бизнисмен кој и‘ должел 78 илјади долари. Наместо пари, се договориле да и‘ компензира со боја. Дрогата беше откриена во третата пратка канти со поликолор, во шлепер на граничниот премин Блаце, меѓу Македонија и Косово.
Српските медиуми, инакуи ја споменуваа обвинетата иу осудената како можен сведок во истрагата за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. Белградска „Политика” напиша дека Чочоровска може да биде заштитен сведок во истрагата за атентатот, бидејќи, знае детали во врска со обидот за ликвидација на Глигоров од пред 12 години.
Нормалниот пристап кон овој сегмент од работата на полиција секако го видовме пред доаѓањето на Чулев како привремен министер за внатрешни работи. Да се потсетиме на тој миг – триесетдневен куќен притвор и беше определен на актерката Силвија Стојановска на 19 декември лани откако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Дел од медиумите јавија дека Стојановска е приведена во врска со заплена на поголемо количество кокаин. Неофицијално, Стојановска била уапсена во врска со заплена на 700 килограми кокаин во Шпанија, а била логистичка подршка на В.Б. и неговиот брат, кој живее во Мадрид.
Кокаинот е во големо количество, оние актери кои биле тука се влезени во истражна процедура, кокаинот си останува онаму каде е фатен, како и клучните криминалци кои остануваат во Шпанија. И немаше никакви спектакли.
Впрочем, цената на сите видови дрога, велат познавачите, имаат стабуилност во земјава барем две децении наназад, што говори дека пазарот бргу се стабилизра после вакви настани. Поголемото количетво на дрога си влегува во земјава и се продава. Годишпниот обрт се проценува на 300 милиони евра. Тоа е бројка од која се врти во главата и ја прави дрогата можен креатор во сите сфери во животот. Во минатите 20 години барем 12 години ВМРО ДПМНЕ беше на власт.