Дамската тријада во нашата финансова очевидно мора да прави чекори во стеснет простор на енормните задолжувања од една страна и барањата за субвенционирања кои често наликуваат на чисти уцени кон државата. Но, во тоа маневрирање да се испушти од рака акцијата „мојДДВ“, која има ја продававме и на соседите, едноставно е контрапродуктивен потег
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во овие време на неизлегување од дома некои гранки или дејности се очекуваше дека ќе процутат Тоа секако важ и за продажбата која оди он -лајн, нешто што во светот одамна е трендовска форма во т.н трет сектор (тговијата, односно услугите како што учевме по марксистичките формули од политичка економија). Највеќе тоа веројатно важи за носење на храна на домашни адреси, првото нешто на што нема да се штеди во домашните буџети. Стомакот треба да се полни, особено што девизата „еднаш се живее“ се спои со комодитетот и со правилата кои ги одредија здравствените власти кои препоставуваат седење дома.
Но, дали оваа – да ја наречеме така – растечка дејност која функционираше фрекфентно овие изминати два месеци, и донесе некаква добивка на државната каса, која и онака во ова корона време страда од „опстипација“ кај даночните обврзници.
„Реализираната онлајн продажба и во изминатиот период ќе подлежи на контрола од УЈП и ќе се проверуваат одредени прекршувања коишто ги таргетираат даноците“ – ова го изјави во неодамнешното гостување во емисијата Економски магазин на Алсат ТВ, директорката на УЈП Сања Лукаревска. Таа појасни како државата ќе го заштити буџетот при неплаќањето даноци во онлајн продажбата. И ни стана јасно дека во изминатиот период услугите се префрлија на интернет каде што контролата е многу мала, а наспроти компаниите коишто плаќаат даноци, овој друг дел е нелојална конкуренција што се развива на одредени онлајн платформи.
„Имаше ситуации коишто допреа до нас како даночен орган, дека наместо да се стави името на самиот производ, беше ставено само ’производ’, онака баш бегло напишано и таму дека има данок, меѓутоа ние како ќе видиме за кој производ станува збор и тоа е анализа којашто допрва не очекува и којашто допрва треба да ја правиме” – изјави Лукаревска.
Гледаме дека се избира еден компликуван метод, со многу администрирање, кој не може никако да биде замена за методот кога самиот купувач се грижи за регуларноста на купувањето производи и плаќање на даноците! Имено, тогаш кога проавачот нема да даде потврда дека чинот на рзмена е влезен како даночна обврска лесно ќе биде пријавен, бидејќи нашиот граѓанин, кој прво си го гледа својот интерес, нели, ќе го пријви шпекулантот. Бидејќи купувачот очекува дека со скенирањето на потврдата дека данокот за производот е платен тој влегува во играта „мој ДДВ“! И згора, купувачот повеќе нема да оди кај тој немарен трговец или давател на услуга, кога може да го најде интересот кај„регуларниот“! Овој модел затоа и се покажа успешен, бидејќи, одеше на линија на препознавање на мотивите да „станат даночни инспектори“ безмалку сите граѓни на земјава. Но истиот модел веќе сериозно зачкрипе, така што многу е тешко да се замисли дека ќе заживее лесно во подобри економски вемиња!? Едноставно сега тој модел така лесно го упропастуваме. Кој беше умникот кој одлучи да ја „заколе“ кравата која дава многу млеко?
Да се потстиме дека услугата „Мој ДДВ“, која почна од 1 јули лани, беше ставена во функција на борба со даночната евазија и беше претставена како проект со кој граѓаните ќе бидат „инспектори“ со скенирање на фискални сметки за купените производи. Дел од нив добија поврат од 15 отсто од данокот на додадена вредност за месеците јули, август и септември. Исплата за последното тримесечје од 2019 година (октомври – декември) беше најавена во февруари, а за периодот јануари – март за крајот на април. Но, еве дојде и половината на мај а на таа релација се јавуваат сериони проблеми.
Колку за илустрација Управата за јавни приходи на последниот ден од старата година соопшти дека во периодот октомври – декември биле скенирани 28,948,878 фискални сметки преку кои е остварен промет од 14.301.474.854 денари. Вкупениот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791 милиони евра.
Мобилната апликација на почеток на проектот, според УЈП, беше симната од околу 58.000 лица, бројка што во второто полугодие на 2019 година се зголеми со повеќе од двојно.
Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, на една од последните прес-конференција информираше дека има пад на наплатата на ДДВ за 79 отсто од 1 до 14 април во однос на истиот период лани.
– Споредбено со истиот период лани, од 1 до 14 април 2019, има пад на вкупниот данок од 38,15 проценти, рече Лукаревска. Рокот за достава на ДДВ-пријавите е 25 април, а на предлог на сметководителите, се размислува истиот да биде одложен.
Бројките за март говорат дека има пад од 12,28 проценти кај сите даночни приходи споредбено со ланскиот месец, додека минусот е 24 проценти во однос на планот.
Вкупните приходи за март изнесуваат 19 милијарди денари, а истиот месец има 16,80 отсто пад на ДДВ како најзначаен данок. УЈП ги повика самовработените и претпријатијата кои имаат пад во дејноста да ја искористат можноста од донесените уредби за ослободување од наплата на данок на добивка.
– Досега се поднесени и прифатени 370 барања за ослободување данок на добивка до УЈП- додаде Лукаревска.
Во тоа интервју Лукаревска призна дека со зголемување на он лај проажбата „дел од данокот се одлева, тоа е така“. Ова го забележуваат и купувачите.
Но, не е проблем само во новата технологија на достава на стоката, туку и во фактот дека спомената форма на посигурен и пообемен прилив на пари во касата на државата, излезе дека е фактички жртвувана. Најпрвин приходи немаше кога се очекуваа од страна на граѓаните кои сепак веднаш се враќаа во прометот а значи во данокот! Потоа произлезе дека финансиската власт побарала граѓаните да се одрекнат од својот добитен износ во корист на фонд кој служи за борбата против корона вирусот. Наводно тоа ќе биде доброволно, но по реакциите на граѓаните тоа „доброволно“ не се потврди, иако само во првите денови беше речено дека се собрале импозантни половина милион евра по овој „доброволен“ основ. Имаме реално вистинска кармакашија кај играта со „мој ДДВ“, доволни да ја упропастат оваа алатка. Мислел ли некој на ова?
Сосема е јасно дека испоснетиот буџет бара ослободување од некои обврски. Но, дали и од оние кои носат чиста добивка за државата а за која требаше време граѓаните да се заинтересираат, дури и со зголемување на можните добивки, а сега стана истурена „кофа со млеко“. Каде да се штеди? Па во изминативе два месеци имаше давачки кои буџетот ги прифати од политички причини, како на пример субвенциите за овој или оној производ. Немаше земјоделец или вршител на некоја дејност кој не се обиде да ја уцени владата а таа, заради мир во куќата да не ги задоволи тие барања. Посебно падна во очи индиректното финансирање на ИВЗ и МПЦ, преку нивните институции за верско образование, кое место дисциплинирање на верниците за Велигден и Рамазан, како возврат, не ни донесе контраефект – најновиот скок на заболени од короната се должи, според д-р Караџовски, на зарзата во деновите меѓу Велигден и Први мај. Меѓу овие празници започна и Рамазанот кај муслиманското население. Место корекции на однесувањето на верниците од страна нивните старешини имаме и нови форми на уцена или граѓанска недисциплина од овие институции, кои не треба да се споменуваат, познати им се на сите читатели
Може ли од аспект на УЈП или Министерството за финансии да се одмеруваат овие две ситуаици – на една страна да се даваат пари кому ќе се стигне и кој и да побара а кај лицата кои се своевидни „финансиски инспектори“ да имаме задкулисни игри чија цел е да не им се даде ветената награда, која, сигурно, повторно и повторно ќе биде од полза за државната каса. Во извна смисла во игра се наводно се уште дневните извлекувања (кои практично никој не ги контролира а емисијата Код на Телма даде повод за сомнеж во тоа кому се му паѓаат наградите!), не се знае што ќе биде со оние големите добивки (кои разбирливо и може да бидат жртвувани, без сомнение) ама најлоѓо е онаа кај која немаше извлекување и сите беа равноправни, значи според системот „кој колку отварил“ а не повеќе од 1.800 денари.
Ако можеме да ја пофалиме моетарната власт, немаме основ тоа засега да госториме со финансиската. Се должи ли тоа на недоволното искуство на носителките на први функции во овој сегмент?