Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„КОЛИБРИ“ ДОЛЕТА ВО КРИВИЧЕН СУД

June 22, 2020 Filed Under: Македонија

Обвинение за актерката Силвија Стојановска и за Војислав Будисављевиќ за шверц на кокаин, по пловина година од настанот!

ЉУБИША СТАНКОВИЌ

ВО ВРЕМЕ НА ПРИВЕДУВАЊЕТО Силвија Стојановска оди дома после распитот

Обвинението, поднесено од ОЈО ГОКК, се однесува на неуспешниот шверц на близу 700 килограми кокаин кој беше запленет во рамки на меѓународната полициска акција наречена „Колибри“

Две лица, кои се дел од меѓународна мрежа на криумчари на наркотични дроги, се обвинети од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За овие две лица, уапсени во меѓународната полициска акција наречена „Колибри“, денеска е поднесен обвинителен акр кој, во меѓувреме е доставен и до скопскиот кривичен суд.
„По спроведената меѓународна операција ‘Колибри’, во која беа лишени од слобода пет лица, од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител спроведе сеопфатна истражна постапка. Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули до 18. декември минатата година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како повеќе лица, земале учество во неовластено купување, пренесување и продавање на наркотична дрога -кокаин во вкупна количина од 698.758,1 килограми“, се вели во писменото соопштение на обвинителството и се појаснува дека групата подготовувала и организирала набавка, превоз и складиштење на кокаинот од Колумбија до Мадрид, а потоа за неа барале купувачи.

АКЦИЈА Колибри беше акција на шпанската полиција а лицара се фатени „ин флагранти“

За да не бидат откриени, во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки -инхибитор (PROTECT 1207i)“.
„Имајќи ги в предвид видот, тежината и висината на запретената казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, особено фактот што стореното кривично дело се карактеризира со особена тежина насликана со добра организација и долготрајна подготовка на секое дејствие, посебно за да се реализира намерата и да се заработи од неовластената продажба на наркотичната дрога кокаин, добро развиените врски со криминалните структури надвор од територијата на РС Македонија, обвинителството, заедно со обвинителниот акт, му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата“.​

СУДЕЊЕ Будисављевиќ беше во бегство кога траеше судењето во случајот Мадам Пепи

Во недозволенмста трговија со безмалку 700 килограми кокаин јавноста ги препозна актерката Силвија Стојановска и лицето Војислав Будисављевиќ, кој, пак, уште во 2009 година, за случајот наречен „Мадам Пепи“, во негово отсуство беше осуден на 3,6 години затвор. Будисављевиќ, во 2014 беше екстрадиран во земјава, но никој од надлежните не информираше дали нему му беше дозволено повторување на судската постапка во која тој се товареше за достава на 1.910 грама кокаинска паста, спакувана во пратки од 620, 705 и 585 грама, а по пошта испратен од извесна Медлин Гуевара Макахуачи, од Перу.

(Првосудство.мк )

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet