Ердоган напиша колумна во „Њујорк тајмс“ за амриканско-турските односи а Трамп одговори на твот, но и о конкретни мерки – воведе дополнителни такси на увезени производи од Босфорот
ГЛОБУС МАГАЗИН
До неодамна ќе изгледаше незамисливо да се стави Турција на листата на земји – вклучувајќи ја и Северна Кореја, Иран и Русија – кон кои САД воведува санкционираа заради т.н. бескрупулозно однесување на другата страна. Како сојузник во НАТО, Турција има договор за заемна одбрана со Вашингтон, има корист од американската разузнавачка служба и е домаќин на американското нуклеарно оружје во воздухопловната база Инџирлик, во близина на границата со Сирија.
Меѓутоа, како што започна август, претседателот Трамп ги нарече министрите за внатрешни работи и правда во Турција „специјално назначени државјани”, им забрани да прават бизнис со Американците и да добијат пристап до финансиски средства во САД. Во петокот, Трамп објави во твит дека тој одобрил двојно зголемување на цените за челикот и алуминиумот кој доаѓа од Турција.
Целта е да се присили турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го ослободи Андреј Брунсон, американски и евангелски христијански свештеник, кој е затворен од Турција од 2016 година со обвинувањата за помагање на прекинатиот воедн удар од страна на противниците на Ердоган.
Сегашната напнатост е далеку од пријателството изразено на состанокот на НАТО минатиот месец, кога Трамп го гушкаше Ердоган, претходно еден од неговите омилени моќници. Но, тоа е, исто така, најновиот пример за тоа колку опасно се еродира односот меѓу Соединетите Американски Држави иТурција со нејзините акумулирачки незадоволства, во текот на изминатата деценија, што доведе до прашање: дали Турција е уште американски сојузник?
Трендот на унилатерализам и непочитување ќе ја принуди Турција да бара нови пријатели и сојузници, се закани турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во колумна објавена во „Њујорк Тајмс”, осврнувајќи се на актуелната дипломатска криза меѓу САД и Турција.
По потсетувањето на долгата историја на пријателски билатерални односи, Ердоган во статијата пишува „Ако САД не почнат да го почитуваат суверенитетот на Турција и не покажат дека ги разбираат опасностите со кои се соочува нашата земја, нашето партнерство би можело да биде загрозено”. Турскиот претседател го спореди обидот за државен удар во Турција во 2016 година, со нападот на Перл Харбор, истакнувајќи дека САД не успеаја „недвосмислено да го осудат нападот и да изразат солидарност со избраното раководство на Турција” по поразениот пуч, додека лидерот на заговорниците за државен удар, Фетула Гулен, живее во Пенсилванија.
За одбивањето на барањето да биде ослободен американскиот свештеник, пасторот Бренсон, Ердоган пишува: „Наместо да го почитувaат судскиот процес, како што на многуте средби му порачав на Трамп, САД се заканија на пријателска нација и почнаа да наметнуваат санкции за неколку членови на мојот кабинет. Оваа одлука беше неприфатлива, ирационална и на крајот е штетна за нашето долгогодишно пријателство “, напиша Ердоган.
Ердоган натаму пишува дека Турција ќе ги преземе неопходните чекори за заштита на своите национални интереси, и дека Анкара „ќе се погрижи за сопствената економија ако САД одбијат да ги слушаат”.
„Во време кога злото продолжува да демне низ целиот свет, унилатералните активности против Турција од страна на САД, нашиот сојузник со децении, служат само за да ги поткопаат американските интереси и безбедност. Пред да биде предоцна, Вашингтон мора да се откаже од погрешната претстава дека нашата врска може да биде асиметрична и да се помири со фактот дека Турција има алтернативи “, пишува Ердоган. „Неуспехот да се смени овој тренд на унилатерализам и непочитување не принудува да почнеме да бараме нови пријатели и сојузници”.
Турските официјални претставници изминатите денови одржаа повеќе состаноци со официјалниот претставник на Стејт департментот, Џон Саливан, по одлуката од САД да воведе санкции против двајца високи министри во турската влада, поради одбивањето да биде ослободен Бренсон.
И додека двете страни изјавија дека разговорите ќе продолжат, претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека воведува двојно повисоки тарифи за увозот на челикот и на алуминиумот од Турција, додека турската лира го доживеа најголемиот пад во еден ден. По ваквиот развој на настаните, турски официјални лица изјавиле дека претседателот Ердоган разговарал со рускиот претседател Путин и дека двајцата „изразиле задоволство од економските и финансиските односи меѓу двете земји и дека разговарале за соработката во одбраната и во енергетиката“. Последново се однесува на одлуката на Турција да го купи рускиот одбранбен систем S-400, пренесе агенцијата АП.
Вредноста на турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците да ги продаваат доларите и златото и да купуваат лири за да ја заштитат турската економија.
Њујоршката берза забележа пад на водечките индекси поради продлабочување на финансиската криза во Турција и повлекувањето на инвеститорите од ризични вложувања. Индексот Доу Џонс паднал за 0,77 проценти, а индексот S&P 500 за 0,71 проценти. За 2,4 проценти паднаа акциите на Ситигруп.
Финансиските експерти коментираат дека продлабочувањето на финансиската криза е резултат на одлуката на американскиот претседател Трамп двојно да ја зголеми царината за увоз на алуминиум и челик од Турција од 20 на 50 проценти.
„Одобрив двојно зголемување на царината на челикот и алуминиумот од Турција, додека нејзината валута, турската лира, паѓа во однос на нашиот многу силен долар. Нашите односи со Турција во овој момент не се добри“ напиша Трамп на Твитер.
Поради ова, вредноста на турската лира падна вчера за цели 18 проценти, што е најголем пад на вредноста на лирата од финансиската криза во Турција во 2001 година.
Притоа вредноста на лирата во однос на доларот падна на најниско ниво во историјата и еден долар се разменува за 6 лири. Од почетокот на годината, лирата изгуби околу 40 проценти од својата вредност поради нискиот раст на економијата и можната рецесија на што предупредува агенцијата Фич.
Огромниот пад на вредноста на турската лира е резултат на погрешни политички одлуки донесени од владејачката Партија на правдата и развојот, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу, наведувајќи дека економските проблеми со кои Турција моментално се соочува се „не само економски, туку и политички “.
„Ако турската лира сега е само парче хартија во споредба со странските валути, тогаш причина за тоа е режимот на еден човек”, напиша Киличдароглу на неговиот твитер.
„Кризата во Турција денес не е само економска. Потребно е да се даде вистинска дијагноза. Оваа криза е политичка криза. Затоа велам дека Турција не е управувана, таа се лизга. Рековме дека не треба да се откажуваме од правната држава и од демократијата. Рековме дека режимот со еден човек ќе ја однесе Турција во катастрофа бидејќи само во демократијата, со заеднички ангажман, може да преовлада мудроста ” вели Киличдароглу, говорејќи за власта на Ердоган како за „режим на еден човек “.