Веќе е јасно дека филмот за кој многу се говори по филмските фестивали ширум светот ќе помине по црвениот тепих во Лос Анѓелес на 9 февруари. „Медена земја“ во себе носи приказна која е целосно спротивна со најголем дел од она што ќе мине по тој тепих на суетата
Само секретарот на Американската академија за филм , кој веќе ги има кај себе резултатиоте од гласањето на членството знае дали колку – еден или два – ќе добие нашиот филм „Медена земја“. Имено ова дело е во потесниот избор за златната статуетка со името на „вујче Оскар“ односно е во кругот на петте дела кои добиле најголем број на гласови , што по автоматизам значи дека го краси она „номиниран“. Секретарот, кој и да е знае кој филм колку веќе добил гласови и кој од нив ќе се закити со Оскарот, ама тој никогаш нема тоа да го каже – тајната ќе биде во оние пликоа кои ќе стигнат на вечерта со златниот тепих во Лос Анќелес, на 9 февруари.
И… тоа го доживеавме. Наше дело да се најде во таа можност во две категории – за долгометражен документарен филм и за најдобар страбнски филм. „Можеби звучи нескромно, но се надевавме на ваков успех“ – рече Атанас Георгиев продуцент и монтажер на филмот кој веднаш даде изјава за ТВ Телма по објавувањето на номинациите.
„Се разбира се надевав, што друго ни останува освен да се надеваме. Се надеваме барем на еден Оскар сега. Тоа би било интересно, зарем не ?” – изјави Георгиев.
„Барем јас лично не очекував. Очекував барем една номинација, но ова беше голем пресврт историски за сите нас за цела екипа и за сите филмаџии во Македонија мислам. Уште од првиот ден од премиерата никој не очекуваше дека нешто ќе се случи со филмот, меѓутоа секој нареден ден, со секој нов настан, се повеќе филмот е промовиран и е награден. И веќе не може да предвидиме, затоа можеме да се надеваме повеќе со резерва. Ако се случи некое изненадување, ако не, ќе бидеме среќни со тоа што сме го постигнале до сега, бидејќи, ова е нешто неповторливо” – додава снимателот Фејми Даут.
Денес, по добивање на веста од Лос Анѓелес, прочитав во едно странско списание прашање – колку деца има Атиџе? Таа во време на снимањето имала наводно седум а потоа се родило уште едно, осмо дете! Дилемата е – колкаво е бремето на преживувањето кај оваа жена, како таа успева со голема бодрост секое утро да се бори за опстанокот на семејството чувајќи ги сите вредности на природата, правејќи го оној баланс кој е единствена шанса да ја спасиме планетата. На една страна човекот, во
Облeката на скромноста а на друга природата со својата ограничена издашност. Можеби тоа звучи патетично, ама селото Бекирлија, сместено на границата меѓу Овче поле и големиот воен полигон Криволак, прдел на левата сѕтрана на реката Брегалница пред влевањето во Вардар е секако место за кое веројатно повеќето не ни слушнале, уште помалку и би го начле на каратата. Некогаш тука имало бесконечни пасишта, беговите напасувале ергели коњи а денес е само – пуста земја во која никој не би одбрал да живее. Никој, освен Атиџе. Под опбјектот кој само формално може да се нарече куќа, со многу малку предмети (кревет, столче и гшпорет) кои би и го олесниле живеењето, би ја подвлекле границата меѓу цивилизацијата и комплетната дивина, таа живее од медот на дивите пчели и тоа така што секогаш се грижи да остане доволно за „хранителките“.
Нашата невидлива, но повеќе од обична хероина во овој свет на себичноста и претерувањата од секако вид Атиџе живее со своите бројни деца и со нејзината 85-годишна мајка, која е полуслепа. Таа по првата година од снимањето, како што дознаваме умрела.
Гледачите кои го гледале филмот посотјано повторуваат – откако ќе се погледне, сакате малку се одмочува по мигот на палење на светилките.
Истовремено, добивате порив што побрзо да кажете, напишете, споделите за тоа што сте го виделе, напишала една колешка, тврдејќи дека „Медена земја“ е слоевито остварување: „Атиџе ја сака и природата, ги сака сите живи суштества на овој свет. Ги сака и пчелите. Таа е последната жена во Европа која создава див мед, а пчелите ги чува во тешко достапни природни места – дрва, планини, карпи, кои само таа ги знае. Атиџе и пчелите си имаат свој јазик, а тајната во нејзиниот прекрасен мед е што половина зема, а половина им остава нив“.
Филмот се снимаше три години а авторите ја работеле својата работа на смени – имале еден шатор па екипата се делела на два. Тие можеле да го снимат тоа дело само ако го делеле моделот на живот со нашата Атиџе.