Политичката поволност на процесите за Македонија е јасна и вислива а може да се очекува и прифаќање на самостојноста на Македонката православна црква, смета дневниот весник. Друго е прашањето за гасот
Со усвојувањето на уставните измени во Скопје, со кои е променето името на државата во Република Северна Македонија, на оваа држава и се отвораат вратите на патот кон НАТО и ЕУ, пишува деновиве московскиот весник „Комија следната годинаерсант“.
Објаснувајќи ги уставните измени донесени во македонското Собрание и јавувањето на потешкотиите во грчката Влада и во Парламентот, „Комерсант“ повикувајќи се на неименуван европски дипломатски извор на Балканот, пишува дека НАТО веќе во февруари планира да го потпише протоколот со Скопје за влез и дека по ратификацијата на сите членки на Алијансата, Македонија ќе стане 30-та држава членка.
– Не е изненадувачки што усвојувањето на уставните измени беше поздравено во НАТО, ЕУ и САД, нарекувајќи го овој настан „историски”. Руското Министерство за надворешни работи претходно овој процес го нарече „валкана манипулација”, оценувајќи дека неопходните гласови во македонското Собрание се обезбедени со уцени, закани и поткуп на пратениците од опозицијата, пишува весникот.
„Комерсант“ оценува дека усвојувањето на уставните измени може да има уште една последица, важна не само за таа балканска држава, додавајќи дека, според мислењето на регионалните експерти, тоа може да влијае и врз доделувањето на автокефалност на Македонската православна црква.
Весникот, исто така, наведува дека повеќето балкански експерти се убедени дека Западот ќе го поддржи договорот со Македонија во грчкиот Парламент.
Но, во исто време Македнија со слепото поддржување на западниот интерес е се подалеку од гасоводот „Турски тек”, замена за некогашниот „Јужен тек“. Ова се должи на ставот дека ќ се следи ставот на ЕУ по ова прашање. Овој гасовод, да се потсетиме, ќе поминува низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка, се наведува во материјалите на европските оператори на гасните транспортни системи, објавени во рамките на процедурата за резервирање на идните капацитети.
Процедурата за резервирање на идните капацитети на гасните оператори во земјите на Европа е регулирана со законодавството на Европската Унија за изградба на нови гасоводи, пишува „Комерсант“.
Весникот наведува дека гасот преку „Турски тек“ ќе почне да пристигнува во Бугарија и Србија во 2020 година, во Унгарија во 2021 година, а во Словачка во втората половина на 2022 година.
„Во суштина се работи за маршрутата на „Јужен тек“ кој ЕУ го стопираше во 2014 година под притисок на САД. Сега ќе биде тешко да се пронајдат замерки на новиот проект, затоа што пристапот на „Гаспром“ е во целост усогласен со законодавството на ЕУ“, пишува весникот.
Компанијата „Булгартрансгас” планираше уште во декември да организира аукција за распределба на идните капацитети на влезот на гасот во бугарскиот систем од Турција и на неговиот излез во Србија. Капацитетот на влезот, кој може да се резервира од 1 јануари 2020 година на 20 години, изнесува 15,8 милијарди кубни метри гас, што е во целост во согласност со капацитетот на едниот крак на „Турски тек“, додека на излезот од Бугарија станува збор за 4 милијарди кубни метри гас. Меѓутоа, од 1 јануари 2021 година е предвидено капацитетот на излезот од Бугари да се зголеми на 11 милијарди кубни метри.
Неодамна бродот Pioneering Spirit го заврши во Црното море поставувањето на морската делница на гасоводот „Турски тек“. Атина веќе изрази заинтересираност „Турски тек“ да се продолжи до територијата на Грција.