Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОМУ МУ ПРЕЧИ АМЕРИКАНСКАТА ПЕРЦЕПЦИЈА НА НАШАТА КОРУПЦИЈА?

March 26, 2024 Filed Under: Македонија

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во клинч за Законот за рестриктивни мерки по проширувањето на „црната листа“на САД

КОРУМПИРАНА Да, Јанева е корумпирана ама од страна на лица кои се исто така на американскиот список, од лица кои се плашат да ги споменат

Последното проширување на „црната листа“ на САД со назначувањето на поранешната обвинителка Катица Јанева и на актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат за шеф на државата Стевчо Јакимовски , ги возбуди духовите и кај Власта и кај опозицијата, кои со меѓусебни обвинувања си префрлаат зошто се уште не се носи  Законот за рестриктивни мерки со кој лицата на црната листа нема да може да извршуваат јавни функции и дали, и со кој друг од веќе постоечките закони, тие може да бидат санкционирани во земјава.

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски ги повика Антонијо Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат носењето на Законот за рестриктивни мерки со кој лицата на црната листа нема да може да извршуваат јавни функции.

Ковачевски смета дека е очигледно дека Милошски и ВМРО – ДПМНЕ од некаква причина го блокираат тој закон да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен, а доколку не планираат да го стават тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието“-

Според него,  одлуката за проширувањето на „црната лист“ со нови имиња е одлука што ја носат американските институции, а која е врз основа на информации со кои тие располагаат, и назначувањето на поранешната обвинителка Катица Јанева и на актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат за шеф на државата Стевчо Јакимовски, е причина за што побрзо ставање во собраниска процедура на Законот за рестриктивни мерки.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, откако беше директно прозван дека со држењето во фиока Законот за рестриктивни мерки, со кој ќе се гонат кривично тие што ќе ги „обележи САД“,  на ваков начин го блокира носењето на Законот, преку реакција на социјалните мрежи излезе со тврдење дека Македонија „веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја“ и дека со него е предвидена  можноста домашен надлежен орган (Министерството за правда или Јавното обвинителство) да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава.

АНТОНИО МИЛОШЕСКИ Постојано говори за корупцијата а во Собранието го спречи носењето на Законот за рестриктивни мерки!

Милошоски обвини дека Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели, кои се дел од црната листа на официјален Вашингтон.

За  Јакимовскисе веќе се води постапка за злоупотреба на службената положба и овластување и за бесправно градење, а отворена е и предистражна постапка против Јакимовски за отуѓување на земјиштето во Карпош 3 кај поранешниот ресторан Имес. Според измените на Кривичниот законик, главната расправа по обвинението против Јакимовски треба да почне од почеток

И покрај назнаувањето на „црната листа“ Јакимовски објави дека не планира да се откаже од претседателската трка,  додека според Државната изборна комисија (ДИК) Изборниот законик предвидува кандидат за претседател да може да биде лице кое ги исполнува условите дефинирани со Уставот, да е државјанин на Македонија, да има најмалку 40 години и да е жител на државата најмалку десет години во последните 15 години.

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, веста ја дочека во затворот во Идризово, каде отслужува 7 годишна казна за Злоупотреба на службената положба и овластувањата., откако беше осудена дека примила скап тросед и 50.000 евра за да му ја олесни положбата на Камчев во истрагата, и досега се нема произнесено по неа.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet