Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОНГРЕСНАТА БИБЛИОТЕКА ГИ СЛЕДИ НАСТАНИТЕ ОКОЛУ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

July 2, 2018 Filed Under: Македонија

Како ќе се пребаруваат македонските материјали во Конгресната библиотека, по промената на името?

МИЛЕНА ЃЕОРГИЕВСКА

АРХИВА Конгресната библиотека содржи многу извори за нашата историја

Најголемата библиотека во светот ќе донесе одлука за евентуална промена на пристапот до македонскиот каталог, со цел да го одрази новото име на државата

Кои се Македонците? Наслов кој деновиве, повеќе од вообичаено, е интересен во Конгресната библиотека во Вашингтон, рефлектирајќи ја дебатата околу промената на името на државата.

Овој, и многу други наслови, и натаму ја претставуваат македонската колекција, но, под кое име ќе се пребаруваат во иднина е нешто што Библиотеката доправа ќе го одлучи, зависно од промените дома.

„Ако името на државата се промени, нашиот Оддел за политика и стандарди ќе треба да се состане и да донесе одлука дали и како ќе го промени каталогот, за да може тој да го одрази новото име на државата“, вели Анџела Кенон од Конгресната библиотека.

За Кенон ова не е нова ситуација. На пример, распаѓањето на Советскиот сојуз довело до промена на насловите за пребарување во Библиотеката, кои оттогаш биле заменети со Руска Федерација.

АРХИВА Конгресната библиотека содржи многу извори за нашата историја

Од аспект на библиотекарка, за неа ова ќе значи уште еден слој на комплексност во идентификување на историските материјали за Македонија.

„Предизвикот е тоа што границите на државата се променети, а со тоа и концептот. Мора да им објасниме на луѓето дека има различни наслови за различни периоди“, вели таа.

Македонија била дел од Отоманската имерија, од Бугарија, од Кралството Југославија и од Комунистичка Југославија, пред да стане своја држава.

Затоа, вели Кенон, за да се најде дел од македонската историја треба да се пребарува и во државите околу нејзините граници, што ја прави уникатна.

Улога во тоа имаат и весниците, кои ги нарече Нацрт-верзија на македонската историја и извор за сите сегменти во општеството.

МИЛИША ПЕТРОНИЈЕВИЌ Веќе ги активиравме соработниците од Балканот за да одговориме на предизвикот

„Конгресната библиотека прави договор со нашите соработници во Македонија за да може да обезбедиме материјали кои се важни за нашата колекција, а кои дотогаш не ни` биле понудени“, додава Милиша Петронијевиќ, специјалист за Југоисточна Европа.

Такви се мапите, меѓу кои и една од најстарите сочувани, а која ги отсликува старите граници на државата.

Конгресната библиотека рече дека нема да зазема страни за тоа која перспектива ја имаат луѓето во врска со македонската историја, и најави дека ќе продолжи да обезбедува материјали на сите јазици, и од различни аспекти, кои студентите и историчарите сами ќе ги проценуваат.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet