Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОНДОВЕЦОТ АГИМ КРАСНИЌИ ПОМИЛУВАН, ОСЛОБОДЕН ИЛИ ПУШТЕН НА ПРОШЕТКА?

October 29, 2024 Filed Under: Македонија

Кондовецот Агим Красниќи во 2008 година беше осуден на 15 години затвор за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела, а по 12 години поминати во издржување на казната избега. Бегството се случи во 2020 година, тој е уапсен во Приштина во 2024 година и вратен кај нас во затвор. Насловот на текстот има и математичка дилема?

СУДЕЊЕ Красниќи беше осуден на 15 години затвор а побегна по 12 години издржан затвор

Одлуката за скандалозните празнични помилување на десет осудени лица на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, предизвика јавни реакции. И додека се крава прашина околу помилувањата на поранешниот градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, кој беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Транспортер, на Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, член на наркокланот „Барон“, Акиф Бејадин Равмановски, осомничен за убиствата во Шиша Бар и за убиството на Орхан Бајрами-Оки во Грција, но и дека пред една недела откако избега од затвор, пукаше и рани лице во Чаир, како и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“, медиуми на албански јазик објавија дека на слобода е Кондовецот Агим Красниќи.

Оваа вест ја објавија медиумите на албански јазик, членови на неговото семејството и негови пријатели споделувајќи фотографии од пречекот по неговото излегување од затвор.

Засега нема информации дали е помилуван како што се објавува на социјалните мрежи, дали е ослободен или е пуштен само на неколку денови?

ЦИВИЛ Медиа вчера (24.102024) постави прашање до Управата за извршување на санкциите во врска со слободата на Красниќи, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.

Кондовецот Агим Красниќи во 2008 година беше осуден на 15 години затвор за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела, а по 12 години поминати во издржување на казната избега после слободен викенд од штипскиот затвор. Бегството се случи во 2020 година.

Красниќи во април 2024 заедно со уште двајца македонски државјани беше уапсен во Косово од косовската полиција во Урошевац поради пукање во кафуле, по еден месец бил екстрадиран во земјава. До отслужување на 15 годишната затворска казна му останаа околу три години. Не се знае дали има казна за бегството од Штипскиот затвор и за учеството во пукање во Косово?

(ЦИВИЛМЕДИА.МК)

(Н.з. – на овој видео прилог на линкот https://www.facebook.com/100065050807500/videos/856195276717815 под наслов „Кралот на Илидира“ снимен додека е излезен од штипскиот затвор се говори за аменстија!)

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet