ТЕОФИЛ ПАНЧИЌ
На што не учи судбината на Никола Груевски или: што останува од перчењето во кокошарникот кога ќе му ја соблечете помпезната маскирна наметка на „државотворноста“?
И ете ни историја во живо, речиси директен пренос: токму во време кога го пишував овој текст регионалните медиуми забрмбеа за Фејсбук објавата на Груевски Никола, поранешен премиер на („Северна“) Македонија и сегашен бегалец пред законот и правосудството на таа држава: „ Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти“. Званична потврда на вистинитоста на неговата локација нема, ама тешко дека Груевски би лажел за тоа. Дотолку што Орбановата „безбедна куќа“ е навистина тоа за политичките клетници од десно-популистички клептократски тип.
На што не учи бизарниот/мизерниот крај на една громопиштечка балканска политичка кариера? Е, долга е таа приказна со безброј меандри … Да речеме дека ова е една од нив.
Кога на границата на една мала, сиромашна, посрана држава ќе ве пресретне пораката “Welcome to the cradle of civilization”, знаете дека некој што ја пратил има сриозен проблем, да речеме со идентиттетот, со себеразбирањето, во некоја рака и со самото израснување (ја немаат само, гледаме, поединците на кризата на прекумерно продолжената адолесценција) а страшно е што од сета таа криза може да се изроди, разни белји, калабалак, чуда и движења. Кога за прв пат влегував во Македонија, на тогаш се уште распавтаниот и силен Никола Груевски, сето тоа на еден исчашен начин ми беше забавно, иако на моите скопски пријатели ич не им беше смешно: на помен на тие другите извртености ги опфаќаше немоќен срам. Се извинуваа како лично да ги праќале тие пораки, божем лично ги нагрнале врз градот тие квазиспоменици и инвалидизирани зградурини во sehr nadobudnische gastarbeiter стил. Изгледаше тогаш, само пред неколку години, дека македонското граѓанско општество – колку и да се чини флуиден тој поим – немоќни и на колена пред лукавото и подвижно, приоритетно паланечко конте и неговата политчко – интересна мрежа што како пајажина ја прекрила и заточила Македонија, изжувавајќи се над неа на семожни начини, од неуморна, едвај прикриена кражба на нејзините ресурси, па се до онаа идотска „античка“ фабрикација на македонскиот идентитет, што кај разумните Македонци предизвикува срам и мачнина, а во околните земји и некое плитко исмејување, божем „нам“ нема да ни се случи тоа. Е па ни се случи. И тоа полошо.
Пола деценија потоа, Македонија, колку и да е тоа споро и тешко и тетераво, се извлеква од кошмарот, со неговата водечка персонификација работа немаат политичарите (зошто тука нема вистинска супстанца и никогаш и ја немало), туку полицајци и судии – што за дилбери од таква сорта и се применува. Иако некој историски суд би го товарел за многу посериозни работи и фундаментална штета. Во правосуден смисол Груевски падна како и кокошкарите: на баналчна и простачка стрв.Да кажеме дека за ова што го ребнаа две години извршно е противзаконо купување на луксузен блиндиран мерцедес, наводно за потреби на МВР а всушност за возење на неговиот висок задник. Уште неколку процеси за слични и полоши кокошкарења се во тек. И иако многу кибицери одстрана, како и јас, би му суделе за политичко-естетски злосторства, кокошкарските процеси ги сведуваат селските сонувачи и провинциски гуланфери од типот на Груевски на реаклна мерка.
А ота што тоа селско конте, иако превентивно со одземен пасош, стигнал до братската Унгарија,(наградно прашање: која земја се наоѓа некако токму меѓу Македонија и Унгарија и кој владее во неа? И има ли тоа случајно вска со тоа што Груевски и Вучиќ се политички побратими?) вројатно е трапав потег на македонските Органи, а можеби е и политичка калкулација, не сосема неразуман: зошто од бате Грујо да правиме мартир макар и од кокошкарски жанр, кога убаво може да го дадеме во извоз? Па нека Орбан Виктор си го закити реверот со него, убаво ќе му стои.
Добро, некој ќе рече дека сепак тоа на крајот е македонска работа, и какви тоа има врски „со нас“? О, наивност! Речиси се идентични и идеолошки форматите и практичните механизми по кои некогашната македонска власт заседна зад кормилото на државата а потоа ќе ја резили и уназадува систематски, како што актуелниот српски режим ја оседла Србија, па не ги пушта уздите. А прит тоа и едниот и другиот имале пример и инспирација кај Виктор-бачи, пештански хазјаин, докажаниот маестро на мракобесието и клептократијата, и главниот дилер на политички токсини за регионот на средна и јужна Европа.
Се сеќавам, кога Груевски беше на врвот, овие нашите се уште фаќаа залет. Кога овој потклекнуваше, тие му даваа поддршка и преку работ на дозволивото во соседските односи. Кога конечно падна, никој не беше поужален и полут од нив. Но не бешет тоа само проекција: жалејќи над него, со баењето ја разголија можноста еден убав ден да минат како и тој. Нема тука ништо необично, тие знаат дека се колеги по кокошкарењето помпезно наметнато со „државотворни“ маскирни облеки. Додуша, логиката и искуството ни вели дека се уште не мора да истрпат исти консеквенци. Не мора, ама може, па затоа на време им давам корисен совет на оние на кои тоа им е работа: нека обрнат особено внимание на Хоргош, Келебија, Џал и Бачки брег.