Толку многу лоши работи ни се случуваат, со децении наназад ама и секој ден, неразбирливи за било кој што му мисли добро на овој народ, што помислувате на тоа дека едноставно кај нас како да постои генска врзаност со баксузор
Ако партијата која 11 години владееше со земјава денес не може да го носи костумот на опозиција, па се води од девизaта дека на секој чекор и на секој начин ќе се спротивставува, патем со сите средства на било која активност или намера на власта, дури и ако тоа е на штета на целото население, ние навистина имаме историска зла судба, која постојано оваа земја ја влече надолу и надолу. Дури во политичката теорија се сретнува и еден нов збор – инволуција, кој означува дека предполитичкото време опстојува и како сидро не држи на дното на старите табуа и митови, Тие создаваат драма во која многумина безначајни биографии се сметаат себе си за творци и креатори во општеството, иако го држат силно во некои други векови и сваќања.
НОВ ХОРМОН Просто не можеме да се изнаброиме што се ни се случи и што најчесто, кај големите проблеми во општеството, успеавме да го надминеме главно со надворешна интервенција, пред се на западните земји. Овие години, со промена на власта ефективно од средината на 2017 година, се процени дека земјава го добила политичкото едро кое ќе не однесе на вистинската насока. Но, се покажа дека и покрај нерамноправноста на теренот, победниците не успеваат да создадат простор за такво нешто, постојано сопнувајќи се од триковите на дребните, но гласни опоненти.
Дали таа зла коб, што би рекол српскиот писател Басара се должи на постоењето на некаков нов хормон во општественото тквио, некаков контраендорфин. Нели,, ендорфинот делува слично на опијатите – морфиумот, опиумот или хероинот. Тој ја намалува болката и предизвикува еуфоричен ефект. Поважно е се разбира што тој е многу важен за преживување во опасни ситуации.
Басара пишува за српскиот народ, но дали ние тука се разликуваме – и нам како да ни недостасува тој хоермон, во клупчни моменти во историјата, но и при дневните донесувања на одлуки го немаме ендорфинот, како да постои во нас некаков спротивен хормон (Басара метафорички го нарекува, споменавме, контраантиендорфин) кој не тера во постојани грешки, во опонирање на здравиот разум, контрирање на решението кое едноставно стои пред нас, но кое нема „потребен број на гласови“ за да заживее и да излеземе од зоната на очајот, па и ние да се приколучиме на оној другиот, нормалниот свет!?
Злата коб очевидно доаѓа кај нас од одредени центри на моќ, кои постојано лавираат со својата неопринципиелност околу суштината на јавните проблеми. Да наведам еден пример за вакво однесување. Пред некое лето присуствував како учрдник на една тв дебата, каде портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, без тоа да биде тема на дискусијата која ја наведе на стартот водителката, говореше за значењето на одржување на попис на населението. Пренебрегнувајќи дека неговата партија, заедно со тогашниот коалиционен партнер ДУИ прекина извеба на попис на населението во април2011 година, половина деценија претходно, без било какво релевантно образложение, и ја остави земјата да биде во информационен мрак по тоа битно прашање, Стпоилквски го услови одржувањето на било какви акктиности понатаму без да се знае „колку сме“. Да не наведуваме други детали, портпаролот на црвено-црните беше во право – пописот е неопходен, па дури и ги обезмислува сите други значајни активности каде треба да се слушне гласот на народот (избори, рефереднум, планирање) . И што се случи во меѓувреме – ако партијата процени дека би добила на политички избори, инсистира на избори без да има попис (принципелност!) – да речеме лани рано напролет (!), за сега, кога власта цврсто нагази потреба од спроведување на попис на населението, по 1`9 години беез статичка операција од тој тип, неговата партија да изнаоѓа стотина изговори до попис да не дојде!: Па се говори за заговори, за местени изјаснувања, се укажува на забрана за влез на комисијата по станови (било тѕоа повреда на слободата на граѓаните!;), се бара потпис со прстот на секој анкетиран а сега се прејде на електронски попис, што и да е тоа, но што значи одложување на пописот за 6 до 9 месеци (патем тоа би било после локалните иборти!). Важно да има некакви барања кои ќе го оневозможат пребројувањето и ќе го продолжат мракот во однос на она „колку сме“. Каде е тој Наум Стоилковски од пред две и пол лета?
АНТИДРЖАВЕН ПОТЕГ Во меѓувреме се преземаат активности за еден крајно антидржавен потег: бојкот на пописот, на крајот на краиштата за повод за тој чин, тој ќе се најде. Зборот бојкот се споменуваше и се спроведе во врска со референдумот за промена на Уставот, чин што беше оценет како своевиден земјотрес во општеството, протресување на темелите на заедницата, додека денес пратениците кои спроведуваа активности за неизјаснување во врска со таа промена, денес, откако сепаик дојде до измена на Уставот и до прием во НАТО (членството во оваа органзиација е резултанта токму на промена на Уставот) се однесуваат како да е тоа нивна заложба од веки веков, која се остварила по нивна волја. Дури деновиве нивни пратеници ја укоруваа власта дека работи против одредени НАТО принципи!
Веројатно би можеле да се направат стотина споредби во однос на опструирањето на активностите кои се спроведуваат од власта за започнување на преговорите со ЕУ, релаксирање на односите со Софија, практикување на повеќе од видливо закочување на заздравување на правниот систем преку креативниот однос кај постојаното одложување на клучните судски процеси во земјата. Впрочем, членството на таа партија минува низ разни форми на отпор кон стварноста, какоѓшто е на пример пандемијата, да не заборавиме „светска болест“ – од она дека е измислена, преку тоа дека е дел од планетарна агресија на група богати луѓе, се до „фактот“ дека не чипираат преку иглата која се вовлекува во нашето раме. Но при тоа не се бега од критика на Филипче, нашиот министер за здравје и самата Влада што не набавила навреме вакцини, небаре тие хористи веднаш би тргнале во најбиската ординација каде се спроведува таа идна имунизација! Кај некои дежурни корисни ци на социјалните мрежи тој микс, сосема ирационален (вакцините се опасни – вакцините се неопходни) се случува и на „дневна база“ – важно е контраендорфинот да се разлева што почесто и во што поголемо количество, да ги преплавува нашите домови и дворови и да не носи… каде?
НЕВОЉИ ДЕРЕГИРАНИ ОД ПЕШТА Одбраната од тие напливи на несреќата ми се чинат се поглуви и послаби. Како тој отпор да беше посилен и поунисион во времето кога диктатурата на Груевски да беше посилна, отколку сега, кога командува со лудилото од далеку, од Пешта?! Дали затоа што заради хормонот на несреѓа затапуваме и глувееме? Има ли тој метафорички хормон, што би рекол Басара ефект на масовно стеснување на свеста или тоа некои од политиките на новата власт едноставно не разоружуваат до крај и – како да се објасни кадровската политика во која еден наставник по физичко станува директор на дом на култура! Такви бизарности има на тони и вие едноставно сваќате дека критичката мисла често е збркана: има непријтели на многу страни, и лево и десно, и напред и назад и се заради разни, во основа многу примитивни атери. Кои пак произопегуваат од големото отсуство на цели, бидејќи само така, со јасни патокази, би се правела вистинската селекција на кадри, на што не потсетуваше пред рамно еден век сега заборавениот другар Ленин.