Незаконското делување, како што соопштија од Комисијата за заштита на конкуренцијата, било откриено при ненајавена контрола во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која тие биле здружени

Комисијата за заштита на конкренцијата неодамна соопшти дека повела прекршочна постапка против неколку ланци маркети кои се договарале за цени на производи. Имено, како што се наведува во соопштението на Комисијата, трговските ланци се договориле да не набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници.
„Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка“, се вели во соопштението на Комисијата за заштита на конкуренцијата, објавено на нејзината фејсбук-страница.
Незаконското делување било откриено при ненајавена контрола во четири трговски ланци и во една од стопанските комори во која тие биле здружени.
„Увидот е извршен поради постоење на сомневање дека неколку ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи го прекршиле член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата, кој забранува картели односно забранува договори и усогласено однесување на две или повеќе претпријатија, а се со цел нарушување на конкуренцијата“, се вели во соопштението.
Како што информираат од Комисијата, при увидот во службената документација и во средствата за електронска комуникација во службените простории на фирмите биле пронајдени докази за незаконската одлука која ја донеле и која, како што се наведува, јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.
Од Комисијата велат дека интензивно вршат контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат свој удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и дека преземат најригорозни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот.
Инаку, од денеска дел од основните прехранбени производи во маркетите треба да се продаваат со пониски цени, откако Владата донесе мерки за ограничување на бруто-профитната маржа и за замрзнување на цените.
Со ограничена бруто-профитна маржа од пет отсто од минатата недела треба да се продаваат млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко. Месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервираниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините ќе имаат ограничена маржа од 10 отсто, а на 15 отсто се ограничува на средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија. Како највисока цена што треба да се земе за ограничувањата е онаа што важела на 1 февруари годинава.

Со одлуката треба да бидат опфатени 102 групи производи или на над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи. Трговците се задолжени на рафтовите да имаат најмалку 70 отсто од овие 102 групи на производи.
Очекувањата на Владата се дека со оваа одлука ќе има намалување на цените за околу 10 отсто.
Очекувањата на Владата се дека цените на основните прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за 10 отсто
Владата на денешната седница одлучи да ги ограничи бруто-профитните маржи во трговијата на мало и големо за 102 групи производи, односно за над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи. Дополнително, донесена е и одлука за утврдување на највисоки цени на одделни производи во трговија на мало и голем
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на денешната прес-конференција информира дека на пет отсто се ограничува маржата на осумте основни прехранбени производи и тоа: леб, брашно тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, млеко, јогурт и кисело млеко.
Маржа од десет отсто се ограничува за група од 55 прехранбени производи како месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини. Ограничување на 15 отсто бруто-профитна маржа, пак, ќе се применува за 39 групи прехранбени производи и средства за хигиена и тоа: свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.
„Втората одлука којашто ја донесе Владата е утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговија на големо и мало при што како највисоки цени се утврдуваат цените што се применувале на 1 февруари 2025 година“,
информира заменик-министерот за трговија и труд.
Двете одлуки ќе стапат во сила следниот ден откако ќе бидат објавени во службен весник и ќе траат до 30 април.
Целта на Владата со оваа одлука, како што изјави Ристески, е да се заштити животниот стандард на граѓаните, односно да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошничка.
„Нашите очекувања се дека со овие две одлуки цените на основните прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек од 10 отсто, освен осумте прехранбени производи, за кои се очекува да останат на исто ниво односно да не се зголемуваат цените или да има минимално намалување на овие цени“,
додаде Ристески.
Дел од основните прехранбени производи од денеска треба во маркетите да се продаваат со пониски цени. Производите што се опфатени со владината мерка за ограничување на бруто-профитната маржа и за замрзнување на цените треба да се обележани со натписите „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ или со „Замрзнати цени“.
Од утринава, од кога треба да важи одлуката откако беше објавена во „Службен весник“, во дел од маркетите не може да се забележат означени производи или намалени цени, освен оние што се на редовните акции.