Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОПЕРНИКАРСКИ ПРЕСВРТ ВО НАДВВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА: ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ИМА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО, ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА ЧЕКААТ РЕПРИЗА

October 23, 2024 Filed Under: Македонија

Мицкоски од Салцбург: Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, нешто брилијантно

КОПЕРНИКАНСКИ ПРЕСВРТ Мицковски во Салцбург ја изненади јавноста со својата изјава, толку што мејнстрим медиумите се уште не ја пренесуваат!

„Преспанскиот договор е брилијантно ремек-дело, кое треба да се преслика за решение со Бугарија“ – ова го изјави премиерот Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург, Австрија, во неговото неодамнешно обраќање.

На панел посветен на иднината и реформите на Европската Унија, Мицкоски порача дека спорот со официјална Софија е наметнат, додека суштината е тврдењето на Бугарија дека македонската нација е создадена 1945 година, како производ на комунистичката Коминтерна, а Македонците претходно биле Бугари.

„Ако Преспанскиот Договор беше ремек дело на европската дипломатија, нешто што е брилијантно… тогаш зошто да не го реплицираме ова ремек-дело за изнаоѓање решение, конечно, пристојно, долготрајно, одржливо решение кое ќе обезбеди решение за овој вештачки спор? Ова не е спор со корени, ова е спор кој што е вештачки спор“, рече Мицкоски.

Коментаторот на „Цивил“ – Зоран Иванов во тексртот „Збунка“вели дека

по ова на Мицкоски од Салзбург и неговото “супер Преспански” и, аналогно на тоа, како што и тој самиот упатува, на таа основа да се преслика и Бугарскиот, некој сега и нему и на неговиот демагог од МНР, треба да им појасни дека едната тема, темата “Преспански”, е тема на ООН, а втората тема, темата “Бугарски”, е тема на ЕУ па, еве, во една реченица, малку ука која сака да појасни дека разликата меѓу статусната позиција на ООН и статусната позиција на ЕУ, како што вели и народната, е разлика како меѓу Бог и Шеширџија и, оттука, погоре посочените политички субјекти, очигледно се во некаква и правна и политичка и, посебно, и во некаква институционална – збунка.

ЗОРАН ИВАНОВ Толку од гордоста предизборна

Во тој контекст Иванов претходно исткана „толку од гордоста предизборна, за 100 и помалку дена се стопи постизборно како лански снег, се стопи како лански снег како кај партијата, нели најпатриотската, така и онаму кај актуелноно Водно па и овие од долу и таа од горе, си ја голтнаа жабата, онаква лигава и на живо како што впрочем, докажано, и доликува на политика без образ и која е мошне вешта да си ги апсорбира, и кај јавноста гласачка наивна, да си ги неутрализира таквите и слични стомачни мачнини како оваа со гордоста и како онаа со преспанскиот и како онаа со северна и како онаа со францускиот и како онаа со рамката и како онаа со пругата кон исток и како онаа со учителските од 12 на 5% и како онаа со минималната и како …, и како и …, и кажано во една реченица, забавата со писмото до ЕУ заврши – почнува вербалната еквилибристика за забошотување на ветувањата изборни за гордостите постизборни.

 

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet