Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

July 15, 2025 Filed Under: Ревија

Дете на македонски мигранти и жена што не заборава од каде потекнува: Тоа е Ирена Јовева – европратеничката со историски говор во ЕП?!

НОСТАЛГИЈА Ирена е родена во Словенија но мечтае и за домот на нејзините родители

Словенечката европатеничка Ирена Јовева е најкоментираното име и презиме во изминатите 24 часа во Македонија, откако се појави на говорницата во Европскиот парламентот.

Со нејзиниот говор инаку на македонски ајзик директно им се обрати на бугарските колеги и им порача „на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но вас за да го признаете тоа ви треба чесност и интегритет“, алудирајќи на бугарските ставови за Македонија и членството во ЕУ.

Но која е Ирена Јовева?

Родена е на 26 февруари 1989 година во Крањ, Словенија. По потекло, родена е во семејство на мигранти од Македонија.

Јовева пораснала во работничко семејство во Јесенице. Нејзините родители се преселиле во Словенија пред повеќе од една деценија пред таа да се роди. Нејзините родители биле економски мигранти од сегашните простории на Македонија, во рамките на некогашна Југославија.

Јовева завршила средно економско училиште во Радовљица, а потоа продолжила на студии на Факултетот за општетсвени науки во Љубљана. Во 2017 година дипломирала на меѓународни односи и магистрирала по светски студии, каде главниот фокус бил пристапот на Европската унија кон македонското национално прашање.

ДЕТСТВО Кога беше малечка со оние кои и го пренесуваа духот на нејзината прататковина

Во портфолиото на Јовева е и нејзното искуство како новинар. Била дел од Словенечката агенција за печат, покривајќи вести кои ја вклучувале домашната политика и јавниот сектор. Во 2014 година ја добила наградата Watchdog од Словенечкото здружение на новинари како дебитант на годината. Од 2015 година до 2019 година, таа работела како новинарка во дневните вести „24УР“ на ПОП ТВ. Нејзиното известување се фокусирало на домашната политика, надворешните афери, европските теми, миграцијата, арбитражата и протестите низ Европа.

Во 2019 година Јовева влегува во светот на политиката, кога на 4 март 2019 година, Лист на Марјан Шарец (ЛМШ) објавил дека Јовева ќе го предводи билетот на листата на изборите за Европскиот парламент. Таа била избрана со втор најголем број преференцијални гласови (42.190 гласови) и станала пратеничка во Европскиот парламент.

Како пратеничка, таа е член на Комисијата за култура и образование (CULT/КУЛТ) и на Комисијата за вработување и социјални прашања (EMPL/ЕМПЛ). Дополнително, таа е заменски член во Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна (ENVI/ЕНВИ), каде што ја извршува и функцијата заменик-претседател во Поткомитетот за јавно здравје (SANT/САНТ) од март 2023 година. Исто така, била вклучена во Специјалниот комитет за покорување на ракот (BECA/БЕСА), кој подготвил европска стратегија против болеста рак

Покрај комисиската работа, таа учествува и во делегации одговорни за меѓупарламентарните односи, како член на делегациите за Македонија, Палестина, Централна Азија, Африка, Карибите и Пацифичките земји.

аа е исто така член и на Европските Парламентарни групи: Интергрупа за климатски промени, Биодиверзитет и одржлив развој, Европската парламентарна интергрупа за мориња, реки, острови и приморски места како и МЕП-ови против рак (MEPs Against Cancer).

Filed Under: Ревија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet