Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОРЕЈА ЗАЛЕДЕНА СО КРШЕЊЕТО НА ИРАНСКИОТ ДОГОВОР

May 15, 2018 Filed Under: Свет

Со кршењето на договорот со Иран, американскиот претседател Трамп испрати катастрофален сигнал до Северна Кореја. Неколку недели пред планираната средба, Ким Јонг Ун има многу причини за сомнеж во веродостојноста на САД.

ФАБИЈАН КРЕЧМЕР

СТРАТЕГИЈА Има ли Вашингтон стратегија во меѓународните односи?

За студентите по психологија од прв семестар потезите на американската влада би биле извонреден поучен пример за когнитивна дисонантност. Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го откажа Нуклеарниот договор со Иран, неговиот министер за надворешни работи Мајк Помпео отпатува во Пјонгјанг. Тој на тамошниот партиски кадар му ја пренесува пораката: ако се откажете од вашето атомско оружје, ќе ги разлабавиме нашите санкции и нема да ве нападнеме. Но, за режимот на Ким Јонг Ун американското кршење на договорот со Иран не е вистински изненадувачки, во Пјонгјанг владее длабока недоверба кон САД.

Договорите имаат „рок на траење“ ! Напуштањето на Атомскиот договор со Иран го оптоварува и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, кој изминативе месеци ги стави во погон сите лостови за да го придвижи кревкиот мировен процес на Корејскиот Полуостров. Фрустрацијата поради едностраниот чекор на Трамп вродува со длабок молк во Сеул.

И американски експерти гледаат критички на одлуката на Трамп: „Зошто Ким Јонг би верувал и на минимална отстапка на Трамп, кога тој самоволно крши спогодба кон која се придржува спротивната страна?“, твиташе на пример Антони Блинкен, заменик министер за надворешни работи во владата на Барак Обама.

ЕНЕРГИЈА Колкава енергија требаше за да се помрднат работите на корејскиот полуостров ама Трамп сето тоа го руши

Слично аргументира и политикологот Випин Наранг од Институтот за технологија во Масачусетс: „Ова јасно ќе го потсетува светот дека политичките договори имаат рок на траење и се реверзивни, додека атомското оружје нуди доживотно осигурување.“

А не функционира ни „Либискиот модел“! Ова одлично се вклопува во сликата најавена од националниот советник за безбедност на Трамп, Џон Болтон на крајот на април, за примена на „Либиски модел“ во поглед на севернокорејското нуклеарно разоружување. Тогашниот либиски властодржец Моамер ал-Гадафи во почетокот на 2000-те години се откажа од својата атомска програма под дипломатски притисок на Запад. Болтон меѓутоа не наведе дека режимот на Гадафи во 2011. година беше соборен со помош на западните авионски напади, а самиот Гадафи беше крваво линчуван од толпата. Либискиот пример е една од главните причини поради кои хардлајнерите во Пјонгјанг по секоја цена сакаат да го задржат своето животно осигурување во форма на атомска програма.

ПОВЛЕКУВАЊЕ Кој ќе им верува на Американците ако така бргу поништуваат меѓународна обврска?

Надворешнополитички, искреноста на Вашингтон пред претстојните преговори со Северна Кореја се наоѓа во сомнителна светлина. Северна Кореја досега сигнализираше дека мировен договор со САД би значел паралелно и нејзино нуклеарно разоружување. Многумина сега се сомневаат во стручните компетенции на американското Министерство за надворешни работи, во момент кога се одлучува за судбината на Корејскиот Полуостров.

Американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео, летајќи во авионот кон Пјонгјанг, разговарајќи со новинарите, севернокорејскиот властродржец Ким Јонг Ун го нарекуваше „претседателот Ун“, очигледно незнаејќи дека презимето е – Ким. Типична почетничка грешка.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet