Одржувајте растојание – правило кое пред еден век го намалило смртоносниот ефект на шпанскиот грип. Ова е заклучокот на три истражувања за пандемијата во 1918-1919 година, која зарази речиси една третина од светската популација и уби 50 милиони луѓе.
Податоците од пандемијата на шпанскиот грип во почетокот на минатиот век сугерираат дека строгото физичко растојание и другите слични мерки го забавуваат ширењето на инфекцијата. Тие ја намалуваат стапката на смртност за дури 50 насто онаму каде што биле користени. Ова е заклучокот на три истражувања за пандемијата во 1918-1919 година, која зарази речиси една третина од светската популација и уби 50 милиони луѓе.
Тогаш, како и сега, сите не се согласија дека раните, рестриктивни мерки за физичко оддалечување се најдобрата политика за задржување на пандемијата.
Мерките донесени од некои градови кои успешно ја забавија болеста вклучувале забрана на масовни собири, затворање на училишта и цркви и овластување за постапки за дезинфекција и одржување хигиена.
„Колку построги се изолационите политики, толку е помала стапката на смртност“, вели д-р Стефан М. Памбучијан, од Медицински факултет во Чикако.
Градовите со најстроги мерки, а со тоа и најголемо намалување на ширењето на заболувањата и смртноста, биле Сан Франциско, Сент Луис, Милвоки и Канзас Сити.
Анализата исто така сугерира дека овие градови имаат најдолги доцнења во достигнувањето на врвот на смртноста, што го намали „товарот“ врз нивниот медицински персонал и болниците.
Спротивно на тоа, градовите како Филаделфија дозволија јавните активности да продолжат што резултираше со илјадници инфекции што ги оптоварија болниците, со илјадници смртни случаи.
Пандемијата на шпански грип во Соединетите држави убила над 675.000, но тогаш и поинаку се живееше. Како што наведува Памбучијан, голем дел од Соединетите држави живеел во „сиромаштија, лоша исхрана, никаква хигиена и слаба медицинска грижа“. Светот – од кој голем дел беше зафатен со Првата светска војна – немал интернет или социјални ме Но, принципите за спречување на ширењето на вирусот што се применуваа тогаш важат и сега, и покрај „скептицизмот дека овие политики не биле ефикасни тие очигледно направиле разлика“, наведува Памбучијан.
Методите за справување со сегашната криза, како што додава тој, можат директно да извлечат корист од тоа што знаеме дека било ефикасно против најсмртоносната пандемија во модерната историја.
„Иако светот е многу поразлично место од пред 100 години, ефикасноста на мерките спроведени за време на пандемијата од 1918-1919 година ни дава надеж дека сегашните мерки, исто така, ќе го ограничат влијанието на пандемијата КОВИД-19”, заклучува Памбучијан.
„Не беше лошо“. Тоа го изјавила 102-годишната Милдред Џералдин Шапалс за заболувањето од Ковид-19 во старскиот дом, во кој живее во Њу Хемпшир, САД. Шапалс имала умерени симптоми неколку денови и тоа не е единствената „историска“ болест што ја прележала.
Таа се родила во Масачусетс во годината кога имало пандемија на шпански грип и го прележала како бебе. Во 80-тите и 90-тите години се борела со рак на дојка, а потоа и со рак на дебелото црево. Во мај прележала Ковид-19.
Нејзината ќерка, Џулија Шапалс (68), не била изненадена од оздравувањето на мајка си од Ковид-19. Според неа, мајка ѝ секогаш гледа на хумористичната страна на она што ѝ се случува и поради тоа успева да надмине сè.
Шапалс има две деца и работела како наставник. Ѝ бил дијагностициран рак на дојката во нејзините 60-ти години и примала терапија со радијација. Следната деценија имала рак на дебелото црево, поради што ѝ била извршена операција и примала хемотерапија.
Која е нејзината тајна за надминување на тешките времиња? Според неа, битно е да се има перспектива во секоја ситуација.
– Една работа што помага е да си кажете дека нема да се грижите – болеста уште ќе биде таму на крајот од часот – и да правите нешто во што уживате – вели таа.
Кога Шапалс имала рак, таа одела на долги прошетки со нејзиното куче и одела да пазари. Според неа, кратките паузи може да дадат нова перспектива и да потсетат дека колку и да се црни работите, има и мали светли делови.
Освен што е оптимист, Шапалс се труди да го задржи балансот во животот. Таа секогаш јадела здрава храна, но често имала скриени бонбони или колачи кои ги јадела повремено. Таа пиела чаша вино со вечера речиси секојдневно. Шапалс била и многу активна личност, иако пушела цигари во еден период
Таа обожаваше пливање, танцуваше додека миеше садови, свиреше пијано секој ден – беше одлична пијанистка – вели нејзината ќерка.
Додека растела, Шапалс секогаш ѝ велела на својата ќерка дека пријателите се „основни“ и ја советувала да има голема и разновидна група пријатели. Таа вели дека е важно да се биде добар слушател, но да не се дозволува туѓите проблеми да станат лични проблеми.
Шапалс ги советува младите генерации да бидат искрени со себе и да се посветат на образованието бидејќи самодисциплината влијае на работната етика до крајот на животот. Конечно, таа вели дека е важно секогаш да се разберат аргументите на оној со кој зборувате. Само на тој начин ќе се одбегнат одлуки засновани на емоции.
Еве и друг таков случај. Бразилецот Рајмундо Леонардо де Оливеира неодамна се опорави од Ковид-19, сто години откако, како деветмесечно бебе, го прележал и шпанскиот грип.
Според „Дејли мејл“, овој пензиониран земјоделец минал две недели на интензивна нега во болница во бразилската сојузна држава Мина Жераис. Тој се заразил со коронавирус, но не бил интубиран или поврзан со респиратор. Неговата 92-годишна сопруга исто така, се заразила со ковид-19, била згрижена в болница и успешно оздравела.
Луѓето мора да прават многу компромиси за доброто на сите за време на пандемијата на коронавирусот со која се соочува светот во моментов.
Тоа може да биде мала утеха со оглед на тоа што на Американците не им било дозволено користењето телефон за време на пандемијата на таканаречената шпанска треска во 1918 година. За време на таа пандемија 500 милиони луѓе низ светот се заразиле, а 50 милиони луѓе починале.
Вирусот се ширел низ САД во време кога приближно една третина од домаќинствата имале телефони. Пред пандемијата, компанијата „Бел телефоун“ го промовирала телефонот во времиња кога најблиските биле принудени да бидат оддалечени поради одредени болести.
Но ситуацијата се сменила при ширењето на шпанската треска бидејќи биле потребни оператори за користење на аналогните телефонски системи. Соодветно, вработените имале поголеми шанси да се разболат, па затоа мал дел од нив останале да работат и биле намалени капацитетите на телефонските компании.
Компаниите потоа почнале акција во која ги замолувале корисниците да не ги користат нивните телефони. Сите оние што сепак го користеле овој уред биле замолени да го ограничат разговорот и да го користат телефонот само за итни или медицински потреби.
Подоцна автоматизираните повици ја намалиле и ја елиминирале потребата од оператори, но на некои места тие работеле до 80-тите години.