Првиот студиски албум на легендарниот бенд не излезе пред две години заради пандемијата. Сега, работите стојат поинаку
„Ролинг Стоунс“ на средината на минатата недела го објавија дастум на излегување на нивниот најнов албум а прв студиски албум по 2005 година, „Хакни дајмондс“ (Hackney Dimonds).
Името на албумот е дел од сленгот кој се користи во источен Лондон, според Би-Би-Си и означува скршени стакла на улица, што би се рекло срчи и тоа како резултат на насилсно обивање на автомобили или продавници! Најпрвин по весниците излегоа огласи дека се бараат мајстори за местење на стакла за потоа да се разјасни во што бил трикот. Заедно со албумот, како „предигра“ ќе излезе и сингл, кој музичките критичари веќе го чуја претходно и рекоа де ка секако ќе стане хит.
Албумот, како што пишува „Би-Би-Си“ беше промовиран на настан во Хакни, местото кое е во „срцето на новиот албум“. Настанот го водеше Џими Фелон, а беше пренесуван директно и на Јутјуб. Засега се шпекулираше дека во албумот гостуваат Пол Мекартни, Стиви Вондер и Лејди Гага.
Најавата за промоцијата следееше по нивната рекламна кампања во која логото на бендот се појави на неколку значајни објекти во Њујорк, Лос Анџелес, Лондон, Париз и други поголеми градови. „Нов албум, нова музика, нова ера“, пишуваше трејлерот за кампањата.
На промоција присуствуваат тројцата преостанати членови на бендот, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд.
Ова е нивниот прв студиски албум со оригинални песни од 2005 година. Во 2016 година „стоунси“ го објавија „Блу енд Лоусам“ (Blue & Lowsome) во кој имаше ковери на Литл Волтер и Хаулин Волф.
На албумот најголем дел од песните ја содржат и работата на починатиот тапанар на групата – Чарли Вотс, кој почина пред две години. Факт дека алчбумот требал тогаш и да излезе ама останал недовршен заради короната. На албумот настапуваат и нов тапанар ама и нов басист.