Во оперативен зафат, кој траел цели шест часа, рано утрината во саботата на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му било трансплантирано срце. Да бидеме прецизни – станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце, во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче утрината го посети пациентот кому му беше трансплантирано срце. Министерот оцени дека трансплантацијата била успешна и му се заблагодари на семејството на донорот на срцето за хуманата одлука
ГЛОБУС МАГАЗИН
Веста која како ексклузива ја донее министерот за здравство Филипче во студиото на ТВ 24 вети, созанието дека за неколку часови на Кардиологија ќе започне операција на пресадување на срце од донор кој доживеал мозочна смрт кон пациент кој чека на таква пионерска операција кај нас, не помина многу славно во стартот. Како да беше најважно кога нашиот народ ќе оди на одмор во Грција и таа дилема постојно се поставуваше на масата. Дури веста за потенцијалниот термин не беше ни најпрецизно пренесена, ама затоа ниту еден медиум не ја презема екслузивата (таа и не се прими како таква, нели и во телевизијата – домаќин) а тој почетен третман се виде и следниот ден се до пладнето.
Бидејќи, ако не беа социјалните мрежи, ние немаше да дознаеме дека токму во време на корона-кризата, сме го допреле историски момент за нашето здравство. Или да го превртиме заклучокот – здравството, очеличено и организационо влезено во некаква синергија, и јавното и приватното извведе потфат кој во една стручна, но и организациона смисла покажа дека сме рамо до рамо со далеку помоќните медицински системи! Почнуваќи од оние кои ја подготвиле операцијата, преку оние кои ја изведоа, се до оние административци кои морале да ги спремат и потребните документи, чија правна страна ниту малку не е едноставна?!
Во оперативен зафат, кој траел цели шест часа, рано утрината во саботата на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му било трансплантирано срце. Да бидеме прецизни – станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце, во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче утрината го посети пациентот кому му беше трансплантирано срце. Министерот оцени дека трансплантацијата била успешна и му се заблагодари на семејството на донорот на срцето за хуманата одлука.
„Тие се хероите во оваа приказна“, рече Филипче, заблагодарувајќи им се притоа и на лекарите од јавното и приватно здравство, на медицинските сестри, координаторите и сите кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта… Ова е огромен успех за македонското здравство“ – истакна министерот.
Трансплантацијата на срце е исклучително тешка и ризична хируршка интервенција а ја изведоа докторите Сашко Јовев и Жан Митрев, заедно со докторите Васил Папестиев, Марјан Шокаровски, Ванѓел Здравески, Кјутим Џелили, Тања Анѓушева, Никола Христов, Стефанија Хаџиевска, докторка Надица Мехмедовиќ, Весна Миташова,Јасмина Илиевска, Марија Гераковска и Димче Славевски. Претходно експлантацијата на срцето на починатата пациентка ја извршиле докторите Марјан Шокаровски, Александар Колевски и Александар Николиќ.
Целиот процес, во координација со министерот Филипче, беше воден од страна на националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска, која со својот тим: Билјана Андоновска, Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направиле сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.
Медиумите по куиот респект кон донаторот и лицето кое доби срце од катаверичен пациент откри дека името на починатата е Емилија Динева, родена во Јосифово, мажена во Валандово а со сопругот преселена во Стар Дојдарн Има син од 18 години и ќерка 23 години. Има и внуци од ќерката а по трагичлен настан од понеделникот, 19 мај паднала во кома. Нејзиното семејство се согласило органите на Динева да бидат искористени за спасување на тројца пациенти – еден добил срце, додека двајца по еден бубрег.
Дека за вакви операции постоел систем и кадри говори актот дека своевремено во земјава дошол хирург од Израел и понудил во нашиот здравствен систем да носи пациенти од неговата земја и да ги „најми“ нашите хирурзи да оперираат. Ветувал, се потсетува за Дојче Веле д-р Нинослав Ивановски. Но било оцнето дека веројатно ќе се работи за еден вид на трговија со органи и тоа било одбиено. Израелецот заминал на друго место.
Како е по ова прашање во светот? Дојче Веле пред десет години пишуваше дека во Германија со години драматично опаѓа бројот на потенцијални дарители, но во Хрватска истовремено расте спремноста на донирање органи. Од тоа профитираат и пациентите во Германија, рекол д-р Никола Жграблиќ, претседател на Хрватската донаторска мрежа, ХДМ:
„Во 2017. година Хрватска имала 132 дарители, што е повеќе од 30 на еден милион жители, односно двојно од просекот на Евротрансплант. А биле трансплантирани 147 бубрези, 113 црни дробови и 33 срца.“
Според бројот на дарувачи, Хрватска денес е меѓу најуспешните земји во светот и на самиот врв на Евротрансплант, непрофитна организација за донирање и доделување органи за трансплантација во осум европски држави.
Еден од темелите на хрватскиот успех е законската опција за претпоставена согласност, што значи, според важечкиот закон, секој граѓанин кај кој се докаже мозочна смрт, автоматски е и донатор на органи, освен ако на тоа не се спротиставил за време на животот. Во Германија пак се практикува законска опција на т.н. информирачка согласност, секој граѓанин постар од 16 години мора самиот да потпише „пристапница“ и да стане потенцијален донатор.
Хрватскиот донаторски систем долго време живееше од ангажманот на лекари и спремноста на потенцијалните донатори да им помогнат на други пациенти, од ентузијазам на луѓе како Никола Жграблиќ и неговите колеги во други донаторски иницијативи. Во последните години им помага и владата во Загреб, и финансиски, но и со законска регулатива.
Хрватска, благодарение на успешноста на својот модел, е една од земјите од кои профитираат пациенти во други држави, на пример во Германија. Во 2017. година во германските клиники стигнале околу 200 срца, црни дробови или бубрези и тоа по пат на европска размена преку Евротрансплант. Органите биле „увезени“ од Белгија, Холандија, Унгарија, Австрија, Словенија и Хрватска.
Според податоците од германската Фондација за трансплантација на органи, ДСО, во земјата моментно околу 10.000 пациенти се на листа за чекање за пресадување орган. Делумно станува збор за тешко заболувања кај кои на пациентите итно им е потребен дониран орган. Секој ден во Германија, на пример, во просек умираат тројца луѓе само поради тоа што не добиле навремено соодветен орган за трансплантација.
Кај нас, според д-р Нинослав Ивановски, кој е нeфролог кој е дел од докторскиот тим кој во ноември 1987 година ја правел првата трансплантација на бубрег од починато лице во Македониаја. Тој со своите млади колеги д – р Живко Попов – уролог и д-р Перко Колевски – дел од тимот за хистокомпатибилитет, операцијата ја прават во малите соби на старата клиника за урологија, откако успеале да добијат дозвола од семејството на починатиот. Д- р Ивановски, денес во Клиниката Жан Митрев се сеќава дека во тој период екипата работела многу професионално, со многу жар и ентузијазам и била една од најперспективните во поранешната држава. Во период од 1989 година, тие направиле над 20 трансплантации на бубрег од починато лице.
Во меѓувреме се менуваат многу работи и младиот лекарски тим се растура. Се распаѓа старата држава, а Македонија не била специјално заинтересирана да го развива проблемот на трансплантацијата. Во моментов во Македонија се врши трансплантација само од живи дарители. Д- р Нинослав Ивановски смета дека со отворањето на легислативата околу трансплантацијата од починато лице, избирањето на Националниот координатор за трансплантација и правењето на рагистарот на
Досега на дијализа во Македонија, по негова проценка околу 300 кандидати би биле за трансплантација, кои би можеле да го поднесат тој зафат. Трансплантацијата е сложена медицинска процедура која може да го донесе пациентот во ризик. Ние гледаме секогаш пациентот да го сочуваме, значи пациентот да биде максимално сигурен. Овие 300 што се избрани се обработуваат, така што има околу 50 пациенти кои се добро обработиени и кои се сега на листата на чекање за трансплантација. Мислам дека во наредните неколку месеци ќе го направиме тој комплетен регистар на болни кои чекаат бубрег“, вели д – р Ивановски.
Во моментов во Македонија се прави трансплантација на бубрег и коскена срцевина. Не постоеше трансплантација на срце, црн дроб, панкреас, бели дробови или тенко црево. Професорот Нинослав Ивановски вели дека тоа е така бидејќи во изминатиот период недостасувале политики од страна на министрите за здравство со кои требале да се развијат и исфорсираат соодветните структури и специјалности, како, кардиологија, пулмологија, дигестивната хирургија. Тој смета доколку постои волја би се обезбедиле и средства за овие видови трансплантација:
„Самата трансплантација е скапа метода. Треба да биде јасно, трансплантација на срце, на црн дроб – тоа се скапи трансплантации, чинат стотина илјади евра. Толку чини имуносупресијата, толку чини трудот на докторите. Кај нас тоа се обезвреднува! Не е иста цената како во Западна Европа, меѓутоа пак е скапо и тоа треба да ни биде јасно. Ако го сакаме треба да биде вака, инаку секоја импровизација, секој лошо употребен лек, секој стручен компромис на тоа поле води кон неуспех. А, неуспехот може да заврши со умирање, со една комплетна дестимулација. Министерството за здравство неодамна ангажираше еден хирург од Франција кој ќе направи две или три трансплантации на црн дроб од жив дарител. Таа интервенција е тешка и за дарителот и за оној што го прима органот“, вели д-р Нинослав Ивановски.
Во 2011 година беше донесен Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело, кој требаше да го придвижи процесот на трансплантација. Законот претрпе и измени, најмногу во делот на земање на органи и ткива од умрено лице. Најновите измени предвидуваат делови од телото на умрениот да можат да се земат доколку лицето во текот на животот не се спротиставило на такво нешто.
„Бидејќи се уште нема трансплантација од починато лице, значи процесот не е придвижен генерално. Но, морам да кажам дека Законот даде еден стимуланс на многу структури.