ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Најквалитетните корона-тестови не само што не чинат 5.000 денари, не чинат нииту 1.200 денари, туку 7,3 евра или 448 денари
Последниве неколку дена сведоци сме дека поголемите приватни здравствени установи како се обидуваат да обвинат дека дека државата „поткрадува“ со цената на тестовите за утврдување на постоење на корона висрусот, притоа не пропуштајќи, преку нивните спонзорирани медиуми, да се пофалат дека и тие поседуваат тестови кои чинат многу помалку од оние за кои државата одвојува сначајни средства.
Несомнено дека цена од безмалку пет илјади денари, односно 4.950 денари е износ за кој се издвоени „безбразно многу пари“, но и она што како цена на чинење го нудат „Жан Митрев клиника“ и „Аџибадем Систина“ не е ништо друго, туку остварување на големи заработки од набавените тестови.
Имено, 1.500 данари или 25 евра, колку што чини тестирање во „Жан Митрев“ е заработка која е за безмалку пет пати повисока од реалната цена на чинење на тестот, а заработката на „Систина“, која за тестирање наплатува 1.200 денари или 20 евра, е четири пати повисока од цената на чинење на тестот.
Во обид да ги докажеме ваквите тврдења, „Правосуство“ направи неколку проверки на цените и тоа токму на овој тест за којшто „Систина“ најави дека ќе чини само 20 евра за тест и дека тие веќе набавиле 15.000 вакви тестови. Проверките кои ги направивме покажаа дека тестот кој што е набавен ( и чија точност е преку 97 отдто) чини само 7,3 евра, односно дека за содржина од 25 теста се наолатува 184 евра или 11.377 денари!
Кажано со други зборови ова претпоставува дека се плаќаат само 10 теста, а другите 15 се чист ќар! Некои груби пресметки покажуваат дека со набавката на 15.000 тестови се остварува профит од околу 200.000 евра?!
Споредбено со цените кои ги има „Жан Митрев“ ова значи дека еден тест не чини 7,3 , туку цели 25 евра, односно дека се доволни само четири теста за да се покрие цената
на набавката на тестови, а се друго е чиста заработка.
Не навлегувајќи во делот кој се однесува на тоа кој и кога ја донел одредбата за „слободен увоз“ на корона тестот, како и тоа кој се јавува како импортер, а за потребите на државата, сепак, треба да се каже дека цена од 4.950 денари.
Впрочем, би било убаво сите оние кои поседуваат корона тестови ( а кога веќе не даваат никаква донацвија) да кажат колку ги чинат тестовите и зошто толкку мора да заработуваат во време на најголемата пандемија којашто ја памети човештвото?
Пред само неколку денови пишувавме дека тестовите за утврдување на присуство на коронавирусот кај луѓето не само што не чинат 5.000 денари, туку дека не чинат и 1.200 денари, колку што се наплатува за тестирање во болницата на Орце Камчев.
Имено, „Правосудство“ излезе со тврдење дека тестовите кои ни се прикажуваат како ефтини чинат само 7,3 евра, односно дека за 25 теста вкупната цена на чинење е 184 евра или 11.377 денари, односно нешто помалку од 200 евра! Пресметките покажуваат дека за набавка на 15.000 тестови и дека за еден тест се налатува 1.200 денари, груба математика покажува дека болницата „Систина“ би заработила околу 200.000 евра.
По оваа објава до нас се обратија читатели кои тврдат дека цената на таканаречените брзи тестови чинат помалку од она што беше наведено, а за кои цени сметаме дека претставува чисто профитерство во време на најголемата пандемија којашто ја памети човештвото.
Првата забелешка на објавениот текст е тоа дека набавката на тестовите не доаѓа од земјите на ЕУ, па дури ни од Велика Британија, бидејќи е воведена забрана за извоз на тестовите кои навистина чинат 7,3 евра, но дека набавката најверојатно е од Кина каде за тестовите се плаќа 4,6 американски долари нешто повеќе од 250 денари, што, пак, безмалку 10 пати поефтино од она што се наплатува во болницата?!
Доколку навистина се работи за овие и вака платени тестови тогаш многу лесно е да се пресмета дека само пет тестови ја покриваат набавката од комплетот во кој има 25 тестови, односно дека другите 20 тестови е чиста заработка
Кажано со други зборови, тестови купени по цена од 4,6 американски долари, за набавка од 15.000 тестови, носат профит од преку 300.000 евра.
Инаку, медиуми кои се водат како спонзорирани од Орце Камчев вчера излегоа со информации за направени тестирања и за инфифицирани лица, но со свое толкување на објавеното излезе и Министерствтото за здравство.
„Тестовите кои ги користи приватната клиника ‘Систина’ се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти-тела кои ги прави ‘Систина’, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството“. Васквото објаснување на Министерството за здравство е во прилог на тврдењата дека најголем број земји не дозволуваат тестирања да вршат приватни установи токму поради употреба на тестови со кои не се утврдува директното постоење на вирусот и до погрешни резултати.