ДРАГАН ПОПОВСКИ
Ме интересира дали некој од борците за антикорупција проверил во институциите на Франција и Хрватска дали се повела постапка против Макрон и Китаровиќ за нивното заедничко следење на фудбалскиот натпревар Франција-Хрватска и дали самите си ги платиле билетите?
Следејќи ја аферата „Палермо“ се прашувам да не претераме малку повеќе во борбата против корупцијата. Нашиве „актери“ добиле гратис влезници за фудбалски натпревар! Катастрофа!Ме интересира дали некој од борците за антикорупција проверил во институциите на Франција и Хрватска дали се повела постапка против Макрон и Китаровиќ за нивното заедничко следење на фудбалскиот натпревар Франција-Хрватска и дали самите си ги платиле билетите? Со ваква „борба“ борбата станува тривијална. Впрочем коруптивното делување не мора секогаш да биде поврзано со пари. Некому ќе му се види сомнителен и коруптивен некој вообичаен бонтон гест на почит или симпатија кон дамата што е случајно и обвинителка или политичарка, поканата на кафе. И замислете таа да инсистира сама да си го плати кафето и цветот што го нуди уличната цвеќарка. Ќе ви се згорчи кафето. Ексик!
Борци, не се возбудувајте премногу околу нашите манири на однесување и не ми создавајте фобија да бидам перцепиран како митаџија. Баталето го тоа.
Најголемата и најболна корупција за нацијата се случува при секое составување на коалициона влада. Корупција со моќта. Корупција со права, корупција со закони, корупција со влијание. И тука никој не е невин. И тој што бара и подеднакво тој што дава. Така е во светот, така е и кај нас.
П.с. Купете му на детето играчка и не се плашете ако ве обвинат дека го подмитувате за да ве гушне.