Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОРУПЦИЈА: ДИСКРЕЦИОНОТО ПРАВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ СЕ ЗЛОУПОРЕБУВА

November 4, 2019 Filed Under: Македонија

Антикорупциска и „Трансперенси Интернешенел“детектираа низа слабости и противречности во законите и подзаконските акти кои се однесуваат на вработувања во државниот сектор. Дискреционото право често се злоупотребува од функционерите а огласи за вработување се кројат по мерка на партиските потреби

ГЛОБУС МАГАЗИН

ЗАКОНИ При анализа на 19 закони кои се однесуваат на оваа проблематика, тие окриле дури 46 точки на кои мора веднаш да се интервенира

Непотизмот и корупцијата при вработувањата во државната администрација се присутни и е тешко да се искоренат, бидејќи, системот е така поставен, сметаат експертите. Анализата на законите и подзаконските акти кои се однесуваат на овој проблем покажува дека креаторите на политиките, однонсо функционерите кои биле или се на власт, внимавале секогаш во законите кои го модулираат системот и начинот на вработување да остават простор за „подобните“, односно за сопартијци, роднини или пријатели.

„ Се наметнува заклучокот дека во системот имаме проблем. Во законите со текот на годините се внимавало секогаш да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. Постои длабок системски проблем кој довел до тоа овие проблеми, прво вградени во два системски закони, понатаму да се провлечат и во другите закони“, изјави Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешенел – Македонија“.

Антикорупциската комисија заедно со „Транспаренси“ неодамна го промовираа проектот „ Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“ во кој детално го испитуваат системот за вработување во државната администрација преку законските и подзаконските акти.

При анализа на 19 закони кои се однесуваат на оваа проблематика, тие окриле дури 46 точки на кои мора веднаш да се интервенира бидејќи овозможуваат непотизам и корупција.

„Наидовме на еден правилник за систематизација на работните места кој во последните пет години е изменет 40 пати. И во тие промени само се менува зборчето за потребната квалификација, односно образованието. Имаме многу несоодветни образованија кои што се бараат за работни места кои не бараат таква компетенција“, додаде Тасева.

СОФКА ПЕЈОВСКА ДОЈЧИНОВСКА Еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања

Дискреционите можности на државните функционери исто така се сериозен проблем бидејќи многу лесно можат да се злоупотребат.

„ Еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања. Не само во однос на вработувањата туку и во другите сегменти на одлучувањето на државните функционери. Анализата покажува дека тие се сериозен ризик од корупција. Ова прашање ќе го ардесираме во програмата“, изјави Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Таа додаде дека имаме добра законска рамка, но недостасува имплементацијата. Според Пејовска, „Националната стратегија за борба против корупцијата“, која е во подготовка, ќе се бара ограничен број измени на систематизација на работни места, елиминирање на вработувања преку приватни Агенции за вработување и вработувања на определено време.

Како сериозен проблем беше истакнато нефункционирањето на контролните механизми и инспекциите пред чии очи се случуваат ваков тип на вработувања а притоа нема никаква реакција.

„ Подзаконските акти кои ги носат самите министри поминуваат во мистерството за информатичко општество.Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми. Имаме затајување и во инспекциските служби и проблеми во назначувањето на тие инспекциски служби. Затоа зборуваме за систем кој мора добро да се проучи и да се деинсталира“, рече Тасева.

На денешната презентација на проектот присуствуваше и амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, кој проблемот го ислутрираше со брод кој тоне и ги поздрави напорите на Антикоурпциската комисија.

СЛАЃАНА ТАСЕВА Во законите со текот на годините се внимавало секогаш да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт

„ Кога бродот почнува да тоне треба да ја испумпате водата доколку влегува и да најдете каде има пукнатини и да ги затворите. Освен на превенирање на пропаѓање на бродот Антикорупцијата има за цел да го направи општеството подобро место за живеење. Непотизмот и кронизмот во јавната админситрација само го успоруваат напредокот на јавните служби, но имаат и економски реперкусии. Имате навистина добар брод, но мора да му овозможите да се движи побрзо и да успее“, рече амбасадорот Коп.

Тој порача дека мора да се работи на транспарентноста при вработувањата но и во работењето на администрацијата со што би се намалил ризикот од корупција и лоши кадровски решенија.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet