ПЕТАР ЧОЛАКОВ
Бугарија е на последното место по медиумска писменост во Европа. Затоа, не е изненадување што пропагандата на Кремљ е успешна, а нејзините пропагатори кои зборуваат често предизвикуваат повеќе овации отколку свирежи
Со регистрацијата на трговската марка „Костја Копејкин“ и „книжевната анализа“ што ја направи на истоимениот лик на Гогољ, Костадин Костадинов стана за потсмев. Сепак, се сомневам дека уште една смешна приказна во која се вмеша лидерот на „Преродба“ сериозно ќе му наштети.
Интелектуална сопственост или интелектуална слабост?
Секој бруцош – студент по право ќе ви каже дека регистрирањето на прекарот „Копејкин“, по кој е познат Костадинов, како заштитен знак, во никој случај нема да го спречи користењето на називот од оние што го гледаат како изведувач на Кремљ за ситни пари.
Ако целта на иницијативата со „заштитен знак“ беше да се покаже „политичка свежина“ и добра самодоверба, тоа исто така не беше постигнато. Се гледа дека овој прекар го нервира господинот Костадинов. Не случајно лидерот на „Преродба“ по правило брза да ги побива оние кои неговата партија ја нарекуваат „про-кремљовска“. Наместо да биде „човек од Кремљ“, Костадинов јавно себе се величи како „бугарски патриот“ или само „патриот“.
Другата шокантна идеја на „Преодба“ – да се формира фондацијата „Костја Копејкин“ – јасно се заснова на оваа база. Таа, меѓу другото, требаше да ја додели „годишната награда Иванчо Хаџипенчович за новинарство, именувана по истакнатиот народен предавник кој во 1873 година го осуди Левски на смрт“, како што напиша Костадинов на Фејсбук.
Пример за тоа дека „Предооба е про-крељовска партија, сепак, е нејзиниот став против санкциите наметнати на Москва поради инвазијата на Украина. За истото елоквентно говори и партиската подготвеност да ја покани руската амбасадорка Митрофанова на првата седница на новиот парламентарен состав.
За да покаже дека не е загрижен за својот прекар, лидерот на „Преродба“ отиде уште подалеку. Тој реши да ги смири своите противници, демонстрирајќи преку „темелна“ анализа дека споредувањето со „Капетан Копејкин“ – ликот на Гогољ од „Мртвите души“ – всушност е комплимент. Гогољовиот „Костја Копејкин“ е „позитивен лик“, тој е „рускиот Робин Худ“, смета Костадинов.
И кога некои во „размислувањата“ на Костадинов за „Мртви души“ видоа неволно признавање на функционална неписменост, дојде кулминацијата. Наместо да се засрами, Костадинов се обиде да го прикрие тоа, објаснувајќи на својот Фејсбук профил детално како намерно погрешил во „читањето“ на „Мртви души“ за да ја испровоцира „јавно понижената улична гласна заедница“. (онаа што често протестира – н.з.).
По оваа епизода многумина со право би сметале дека господинот Костадинов си пукал во ногата и си го уништил „угледот“. Веројатно нема да има никакви последици.
Во Бугарија, староседелците Чичиковци (според Гогољовите „Мртви души“) не тргуваат со починати кметови. Иако многу населби, особено помалите, всушност се домен на феудалци кои повеќе од 30 години по демократските промени колат и бесат како што им одговара. Не се работи ниту за „мртвите души“ во избирачките списоци.
Коренот на злото е вулгарноста, која кај нас цвета, исто како и во Русија, опишана од Гогољ пред повеќе од век и половина. Вулгарноста има многу лица, но меѓу нејзините најдоверливи поручници се токму лажните патриоти, кои ги маѓепсуваат лесно манипулираните гласачи. Се хранат еден со друг.