Филмот „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска на Сараево филм фестивал
Најновиот краткометражен филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска денеска ќе ја има својата светска премиера на 27. Филмски фестивал во Сараево.
Филмот е во официјална селекција на кратки филмови, a со тоа и во директна конкуренција за Европските филмски награди (Europen Film Awards).
„Соло Мод“ е независен краткометражен филм инспириран од Ковид-19 и снимен во 2020 година за време на рестриктивните мерки и строгиот карантин, со актерска екипа сочинета од едно вистинско четиричлено семејство и мала филмска екипа.
Улогите ги толкуваат актерот Александар Микиќ, неговата сопруга – харфистката Весна Микиќ и нивните две дечиња Иво и Ена. Како продуценти се потпишуваат Тамара Котевска и Илија Тирицовски. Извршни продуценти се Пеце Талески, ОХО Продукција за Македонија и на Хашми, The Corner Shop за САД, а ко-продуцент на филмот е Зејнеп Атакан, Zeyno Film од Турција.
„Соло Мод“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
Филмски фестивал во Сараево почна на 13 август, а ќе трае до 20 август.
Тамара Котевска е единствената режисерка од државава со две номинации од наградите на Академијата на САД (Оскари) за документарниот филм „Медена земја“ (2019) во ко-режија со Љубо Стефанов.
Котевска е по раѓање прилепчанка. Има 28 години и како гимназијалка добила можност да продолжи со образованието во САД, во Тенеси. Дипломирала на ФДУ со акцент на документарниот филм.
Заедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивата пчеларкХатиџе[. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за регионот на реката Брегалница, кога наишле на пчелар
Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017). Медена земја освои три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година и доби две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“