Британскиот пратеник во Вровниот штаб даде добар опис за човекот кој одигра клу;на улога во НОВ од воен аспект. Белграѓанцот кој има битолски влашки корени, замина од функцијата кога сметаше дека на Втора Југославија и нема спас и дека таа не може да продолжи како до тогаш а го предвиде и доаѓањето на национализмот кој го мразеше
Коча Поповиќ, легендарниот командант на Првата пролетерска,, интелектуалец и дипломат со исклучително остар ум, беше сведокот на најважните настани на Втората Југославија. Деновиве беше реобјавено неговото последно интервју, дадено во март 1989 година за сараевско „Ослобоѓење“, по повод неговиот 80-ти роденден, само неколку години пред неговата смрт. Тој денес тој би имал 110 години. Беше еден од ретките политичари што сам се повлече откако стана убеден дека не постои политика за земјата која би ја спасила.
Необично е што иако е тој со влашко потекло и неговиот татко потекнува од Битола никогаш не бил предмет на истражување на историчарите, дури и локалните, како за некои слични личности од под Пелистер кои направиле кариера во Белград, во српскиот општествен врв, за кои имало посилен интерес како за познатите Власи од типот на Нушиќ, на пример.
Но, да се вратиме на Поповиќ – несомнено тој и само уште грст политичари од минатиот век, од времето на Тито, беа најблиски до Маршалот а потоа стана негов голем критичар. Дури и во време на поститоизмот неговите зборови потсетуваат на тоа дека имал релативно избалансиран однос кон своето минатото и вредностите за кои се борел и самиот. Поповиќ исто така го предвиде бумот на српскиот национализам и беше огорчен од него а тоа го кажува јасно во споменатото интервју кое го пренесуваме.
„Вие знаете дека јас сум роден во Белград, но не сум големосрбин, туку сум коспомополит. Кога во 1971 година веќе не можеше да се пишува дека си Југословен на пописот, напишав во графата за националност „Србин по раѓање““. Ова што сега се случува со Србија не е ниту малку симпатично. Ова е тесен, многу опасен националистички програм а Милошевиќ е обичен банкарски стаорец, но со него ќе има крв до колена”, стои во интервјуто:
Оваа значајна личност на Втора Југославија на 18 октомври 1972 се сретна со Тито во Белиот двор за му да поднесе оставка како член на Претседателството на Југославија. Тоа беше нивниот последен состанок за која вели дека бил ’сентиментално интимен’, како ништо посебно да не се случува.” И крајот била онаква каква што и обајцата очекувале.
Тито: „Дали навистина треба да заминеш?”
Коча: „Решив.”
Потоа си ги стегнале рацете овие две личности, кои три дцении присно сработувале.
Вилијам Бил Дикин, заменик-шефот на британската воена мисија во Врховниот штаб, како што стои во Черчиловите мемоари, бил импресиониран од командантот кој направил најголем подвиг во текот на борбата за национално ослободување, дури и повеќе од Тито, според него. Дикин за Кочо напишал: „Поповиќ беше интелектуалец, војник со извонреден талент, иако тоа беше спротивно на неговата интимна природа. Како командант на Првата пролетерска дивизија, имаше сигурни инстинкти и брзината на разбирање на ситуацијата, Коча Поповиќ (во време на Петта оанзива – н.з.) одеднаш почувствува слаба точка во прстенот направен од германските сили северно од Сутјеска и директно придонесе за нашето спасување … Поповиќ беше осамен волк, осамен човек, со ретки моменти на невнимание. Имаше во себе ретка фузија на воен гение и човек што инаку ја мрзи војната “.
Константин Поповиќ е роден во Белград, како син на богат банкар. Никаде и никогаш рој самиот не се изјаснувал како Влав по потекло од нашите краишта, ниту пак во белградските кругови за него, како и за многу други познати Власи од Македонија, не се прецизирало местто на нивната миграција. Се школувал во доминикански интернат во Лозана и студирал филозофија во Париз, на Сорбона, каде што се преселил во надреалистичките кругови, меѓу левичарскиот свет на поети, писатели и уметници. Учествувал во Шпанската граѓанска војна а претходно, во војската на Кралството Југославија веќе добил чин на артилериски поручник. Во Шпанија стигнал до чинот капетан на артилерија на републиканска армија. Тој бил можеби најпопуларниот партизански командант, се разликувал од сите луѓе од непосредната околина на Тито. Стариот партиски поет Владимир Назор, за него рекол: „Вистинско чудо што Кочо е меѓу нас.”
По војната, тој беше началник на Генералштабот, министер за надворешни работи, заменик-претседател на СФРЈ и член на Претседателството. Тој почина во Белград на 20 октомври 1992 година, на денот на ослободувањето на поранешниот главен град на земјата, во чие ослободување учествуваше на чело на партизанската армија, заедно со Пеко Дапчевиќ. Според неговата желба, беше кремиран и погребан без почести, говор, и било каква поворка. Кочо се гнасеше од секако вид на национализам, пред се оној кој го гледаше пред своите очи – српскиот.
„Башибозлук, ѓубре и измет ста да го реконструира Душаново царство. Србите се против само кон оној кој сака малку да ги направи поумни, но со сета сила го следат и веруваат во оние кои ги туркаат се подолу, ги ретардираат и ги унесреќуваат. Тажно е што Србите во цивилизациски и културни услови остана на ниво каде што биле пред сто години. Тие не се во судир со светот, туку со себе, се враќаат кон српските шајкачи и кокарди од кои одвај излегоа – јас никогаш не сум бил србенда. Но токму таквите го посрамотија српскиот народ и ја изложија на потсмев неговата историја.”
Големите српски националисти не му останаа должни. Медиумите на Милошевиќ го обвинија за издавање на националните интереси. Нивниот бес е сублимиран во насловот на написот на еден весник, кој гласаше: „Стрмоглавување на легендите“.
Во март 1989 година, малку по 11 часот, заѕвонив на вратата на станот на Коча во Дубровник, на Колочерска 9, во Плоче. Кочо седеше во една мала соба, на мала маса потпрена на ѕидот, со ќебе префрлија врз нозете. Потоа се преселивме на друга, голема маса. „Повторно сакате да ме цедите”, рече тој, и ми понуди пијалок. Замолив за кафе и тој тоа и го пренесе на домаќинката, средовечна жена од Славонија, а тој побара чаша ракија. “Што сакавте да ме прашате?” –кусо ми рече.
Сте биле на чело на југословенската дипломатија веќе дванаесет години. Како се снаоѓавте со „креативната непослушност” на некои амбасадори?
– Јас не би ја нарекол нивната визија непослушност, туку плодна соработка. Морав да разберам за таа страна на дипломатската активност. Креативноста е предуслов за секоја успешна работа. Јас го почитував мислењето на нивните потчинети, а потоа бев подготвен да им се дадам за право кога тие беа во право.
Некои од твоите соработници велат дека им било тешко со тебе. Вејвода еднаш ми рече, „Коча може да биде опасен ако некој е глупав”.
– Ако сум бил тежок за нив, тоа значи дека ним им било лесно со мене. За нив, тоа можам да го разберам – јас бев остар и брз. По природа, јас сум строг и срдечен во исто време. Јас го зедов тоа од армијата. Но, мислам дека и тогаш, и сега, постоеше взаемно почитување меѓу нас. Тогаш амбасадорите не се бираа по клуч. Затоа имавме квалитет во моето време. Имав 70 отсто од кадрите кои беа Хрватите во надворешни работи. Не ми пречеше тоа што тие беа Хрвати, ниту пак тоа е затоа што сум јас Србин. Отидов на оваа функција кога работата стануваат се почести и кога не можев да ја поднесам потребата на Ранковиќ за контрола и на тој сектор. Покрај тоа, мислев дека тие треба да се помлади луѓе, треба да повлечеме нови генерации во овој сегмент. Оставив по мене умни луѓе како Марко Никезиќ, а подоцна и Мирко Тепавац, мојот асистент.“
(Продолжува во следниот број – Тито секако ќе ме сменеше)