Кога го примил Черчил во раните 50-ти, бил облчен во пиџами. И го прашал – колку атомски бомби имаат Русите. Коча му одговорил – секогаш ќе имаат една повеќе од Вас
Подоцна, Тито ги променил најблиските соработници на Поповиќ (Никезиќ и Тепавац), тој вели неправедно, како либерали. Тој го сметал Поповиќ секогаш за либерален и прозападен човек, но тој не бил во можност да го смени, бидејќи самиот си дал отставка. „Вие знаете дека сум белграѓнин, но не сум великосрбин, туку космополит. Кога определбата Југославен не можеше да напише за време на пописот во 1971 година, јас напишав во графата за националност: Србин по раѓање. Она што сега се случува во Србија воопшто не ми е пријатно. Тоа е многу, многу опасна националистичка програма. Милошевиќ е обичен банкарски стаорец, но поради него ќе има крв до коленици.“.
И како се однесувавте со странските државници како „брзи” и „остри”?
– Во раните педесетти години, отидов во Вашингтон за да купам американско оружје. Го добивме во големи количества. При моето враќање, дојдов во Лондон, за да му дадам Титова порака на Черчил. Бев изненаден кога ме прими во пиџами. Лежеше со чаша виски во раката. Во еден момент тој ме праша на лош француски: „Господине Поповиќ, вие се знаете за Русите. Колку атомски бомби имаат Русите?” Му одговорив: Не го знам точниот број, но знам дека секогаш ќе имаат имаат една повеќе повеќе од Западот. По нормализирањето на односите со Советскиот Сојуз, јас водев една од нашите делегации кои ја посетија официјално Москва. Се ракував со Хрушчов не си дозволи да се збуни: „Ние добро знаеме кој си”, рече тој со насмевка. Кога разговарав со Кенеди, ме праша, веднаш штом се псретнавме: „Г-дине министерот, дали вие комунистите ги имате сите одговори на сите прашања?” Му одговорив: дали вие католиците имате дговори на сите прашања?“ Кенеди се смеешенза тоа долго време. И тогаш разговорот беше нормален. Јас секогаш се однесував како што другите се поставуваа кон мене.
Вие сте ја доживеале војната во Шпанија и како партизан како најдлабоко човечко искуство?
– Никогаш не сум го рекол тоа.
Таквиот впечаток произлегува од неодамна објавената книга „Белешки од војувањето”. Вие напишавте: „Најважно во животот беше Прва пролетерска …” Како периодот на командување на таа бригада да бил најважниот и најчистиот дел од вашиот живот.
– Што можам да направам? Бев турнат во војната. Ја мразев војна. Бил Дикин точно ме опиша. Тоастои во моите „Белешки од војната“. Ние сите беа по малку удрени. Бевме авантуристи. Ако не бевме, дали би ги нападнале Германците? Меѓу партизаните, важев за непобедлив командант. Но, не победував постојано. Имав и порази и тоа тешки како беше тежок, како што беше во 1942 година во Гато во Херцеговина. Пишував белешки за да се ослободам од постојаниот замор и напор на војувањето. Пишував повеќе на француски отколку на српски, исто така и на германски и на шпански јазик. Во тоа време, уште бев млад, занесен комунист. Правев грешки, претерувања, проценки кои времето не ги потврдено. Но, јас барав сè да се објави онака како што сум запишал.
Сте ја стекнале аурата на непобедливиот партизански командант. Какво мислење имате за Тито како воен лидер?
– Не ми се допаѓа да користам толку тежок збор како „легендата” што се врзува за мое име. Јас забранував во Прва пролетерска да се пеат песни за мене. Верувам дека бев добар командант, но Тито беше подобар. Тој беше многу надарен командант. Како врховен командант, тој имал единствена сериозна криза во Сутјеска, во Петтата офанзива, кога постоела опасност дека Врховниот штаб ќе биде уништен. Без сомнение, Тито беше незаменлив во војната и по војната. Само да се сетиме на неговиот успешен разговор со Черчил. Но, Тито подоцна стана нешто друго.
Дали љубовта во партизаните се сметаше за непожелна?
– Во партизаните моравме да прифатиме аскетска воена дисциплина. Тито имаше голема љубов со Даворјанка Пауновиќ. И некои од моите команданти и комесари имаа љубовници. Јас се преправав дека не го знам тоа. Сите мислеа дека имам и љубовница. Немав таква врка во партизаните.
Дали револуцијата во Југославија беше неизбежна?
– Тогаш ги почитував мислењата на моите подредени и бев подготвен да им дадам право кога беа во право.
(продолжува)