Со Тито бев близок до војната и по војната. Бевме многу блиски, се разбира, во војната. Но, по 1944 година, Тито повеќе не беше истиот. Долго време со него бев на „ти“, а потоа мислев дека е подобро да се вратам на „вие“
Како го доживеавте Титовиот раскин со Сталин?
– Во 1948 година без премисла застанав на страната на југословенското раководство. Бев за доследна независност. Југославија беше независна само во 1948 година, а пред и после тоа, секогаш го гледавме со едно око Големиот брат. Нашата историска грешка беше што по раскинот со Сталин не се разликувавме по општествениот поредок, што не го напуштивме советскиот модел целосно.
Какво мислење сте имале за Ѓилас и Ранковиќ?
– Ги прочитав статиите на Џилас што ги објави во Борба, на крајот од 1953 година. Неговите оценки беа точни. Но, Ѓилас беше фантаста, бил писмен и не можеше да процени дека не е време да се каже такво нешто. Не го ценев Ранковиќ затоа што беше полицаец. Тој се покажа како способен да ги исполови усташите и Дража Михајловиќ, но потоа се претвори и самиот во полицаец. Тој не беше културен. Тој контролираше сè. Министерството за надворешни работи беше под негова контрола, таму имаше свои луѓе. Ранковиќ беше десната рака на Тито. Се сеќавам на многу состаноци, кога беа разгледани некои важни прашања, Тито ќе ја прекинеше дискусијата и ќе речеше: „Ова ќе го среди Марко”. Јас не го заштитувам Ранковиќ, но убеден сум дека никогаш не го прислушувал Тито, ниту мислел дека ќе го замени. Ако некој помислил да го замени Тито по неговата смрт, тогаш тоа бил Кардељ. Сепак, Кардељ не ја дочека оваа можност.
Вашиот однос со Тито го помина патот од блискост и взаемно почитување кон несогласувањето.
– Со Тито бев блиску до војната и по војната. Бевме многу блиски во војната. Но, по 1944 година, Тито повеќе не беше истиот. Долго време со него бев на „ти“, а потоа мислев дека е подобро да се вратам на „вие“. Јас го сторив тоа кога почувствував дека се оддалечуваме еден со друг. Со Тито се разидов кога сватив дека е безнадежен затвореник на марксистичко-ленинистичката пкола. Му олесна кога се помирил со Русите. Видов дека Тито веќе не е истиот, оној од првите години на војната, и дека тој стана жртва на својот култ и ореол. Годините и идеологијата го направија тоа. Го видов Тито, кога тој беше стар, веќе не му беа потребни луѓе како мене. Му требаа послушни. Кога беше стар, тој се опколи со додворувачи. Се разбира, тој остана сам. Не го измамив, не му попував. Затоа ме почитуваше, затоа што вредев сам по себе, а не од нстапите на полтронство. По увидувањето како одат работите, јас поднесов оставка на сите функции, и по неколку години престанав да бидам член на Партијата. Мојата генерација долго време беше на власт, со многу грешки и неуспеси, кои во голема мера беа условени од идеолошката дефиниција. Беше подобро ако Тито претходно ја напуштеше политичката сцена. Тоа ќе беше подобро за него и за Југославија.
Како ја објаснуваш индиферентноста на Тито на политичката ликвидација на многу блиски луѓе?
– Власта ја уништува секоја чувствителност. А Тито имаше премногу моќ. Возраста и незгасливата желба за власт го направија суров и бездушен.
Дали секогаш верувавте во целта на она што го направивте?
– Многумина ме прашаа зошто сум комунист. Јас бев она што сакав да бидам. Јас не би го сторил тоа ако не верував во целта на она што го правев, но не бев претплатник на точноста на сè што направив. Во војната имав и грешки. Наскоро ќе биде објавена книгата на Александар Ненадовиќ „Разговори со Коча”. Таа е моја политичка волја, моето простување со светот. Сметам дека сум чесен и искрен човек и затоа можам да кажам што реков.
Значи тоа е Константин Поповиќ – Коча (Белград, 14 март 1908 — Белград, 20 октомври 1992) кој бил југословенски комунист, филозоф, поет, надреалист, учесник на Шпанската граѓанска војна, Априлската војна и Народноослободителните борбиа, општествено-политички работник во СФРЈ, генерал-полковник на ЈНА, јунак на социјалистичката војна и народен херој на Југославија. Неговото партизанско име е Гроф.
Во периодот од 1948 до 1953 година ја извршувал функцијата началник на Генералштабот на ЈНА, од 1953 до 1965 година функцијата Сојузен секретар за надворешни работи на СФРЈ, a од 1966 до 1967 година функцијата Потпретседател на СФРЈ. Еден е основачите на ФК Партизан од Белград.
Роден е на 14 март 1908 година во Белград, од таткото Александар, богат индрустријалец, и мајката Ружа, родена Здравковиќ. Неговиот дедо по мајка бил генерал на Кралството Србија и академик – Стеван Здравковиќ. Како дете едно време со своето семејство живеел во Швајцарија, заради што прво научил француски, па потоа српски јазик. Гимназија завршил во Белград, а потоа отишол на отслужување на воениот рок. После завршетокот на служењето војска повторно заминува во Швајцарија, па потоа во Франција, каде на париската Сорбона студирал чиста филозофија и допломирал во 1932 година. Таму се приклучил на надреалистичките кругови.
Од својата рана младост усвоил марксистички поглед на светот и пружал поддршка на работничкото движење, иако потекнувал од богато буржоаско семејство. Додека бил во војска заради тоа бил погонуван од страна на монархистичкиот режим. Инаку, генералот Коча Поповиќ завршил училиште на резервни артилериски офицери на Војската на Кралството Југославија во Сараево 1927 година, а истата година даден му бил чин на резервен артилериски потпоручник. Во Комунистичката партија на Југославија примен бил во 1933 година, после што бил уапсен.
Припаѓал на влашко семејство кое поекнува од Москополе а преку Битола заинало за Белград.
(крај)