Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОЈА Е ТАЈНАТА НА ЏОРЏА МЕЛОНИ?

December 24, 2024 Filed Under: Свет

Партијата Италијански браќа на Мелони ужива солидна поддршка, со 29 проценти. Сепак, во владејачката трипартитна коалиција со Форца Италија и Лигата се појавија сериозни пукнатини поради нерешени спорови, а во прашање се и неколку реформски проекти, како автономијата на регионите

ЏОРЏА МЕЛОНИ Сепак не е се така мазно – има проблеми во коалицијата

ЕЛИЗАБЕТ ПОПРАН

Таа владее со Италија повеќе од две години. И ако ја прашате што постигнала нејзината влада за тоа време, Џорџа Мелони ќе ви одговори со еден збор – стабилност. „Стабилноста ѝ гарантира меѓународна власт на оваа нација, и ја гарантира можноста да има стратегија и визија. Ја гарантира и можноста за водење сметки, со еден збор: ја гарантира власта без која не е можен просперитетот“, уверува италијанскиот премиер.

Партијата Италијански браќа на Мелони ужива солидна поддршка, со 29 проценти. Сепак, во владејачката трипартитна коалиција со Форца Италија и Лигата се појавија сериозни пукнатини поради нерешени спорови, а во прашање се и неколку реформски проекти, како автономијата на регионите.

Политикологот Софија Вентура од Универзитетот во Болоња смета дека тоа не му штети на авторитетот на Мелони: „Таа е силна затоа што никој од нејзините сојузници не гори од желбата да ја доведе оваа влада во криза. Затоа што немаат алтернатива. Таа исто така црпи сила од моменталната слабост на италијанската левица, особено на Демократската партија“, вели Вентура, цитиран од АРД.

Мелони верува дека нејзината земја тргнала по подобар пат, на пример кога станува збор за работните места или здравството, а на меѓународно ниво нејзината десничарска влада сега има поголемо влијание. Во врска со ова, АРД потсетува дека Рафаеле Фито од партијата на Мелони беше назначен за потпретседател на Европската комисија.

СОФИЈА ВЕНТУRА Близок соработник на Мелони стана висок функцонер на ЕУ, што беше незамисливо за десничар во минатото

„Пред само неколку месеци во Европа беше незамисливо конзервативец да заземе толку висока позиција во европските институции“, истакна Мелони. „Постоеше еден вид кордон околу оние кои не беа левичари или кои не беа сојузници на левицата. Ние го скршивме овој модел и со тоа и помогнавме на Европа повеќе да го почитува народниот глас“, АРД го цитираше шефот на италијанската влада.

Софија Вентура очекува дека Мелони само ќе продолжи да го проширува своето влијание на меѓународно ниво: „Општо земено, таа е повеќе Американка отколку Европејка, во смисла дека не ја гледа Европа како структура што треба сè повеќе да се интегрира“. Има голема недоверба во процесот на европска интеграција, објаснува Вентура.

Лојалноста на Мелони е насочена повеќе кон САД. „Уште повеќе сега кога Доналд Трамп се враќа во Белата куќа. Таа има културна и идеолошка врска со него“, додава политикологот за АРД.

Врска која Трамп исто така ја чувствува. Веќе ја пофали дека е фантастична – и како личност и како лидер, истакнуваат и германските јавно-правни медиуми.

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet