Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОЈ БЕШЕ ГЕНЕРАЛ КАСЕМ СУЛЕЈМАНИ?

January 8, 2020 Filed Under: Свет

Генералот за кого говориме е роден на 11 март 1957 година. Сулејмани пораснал недалеку од планинскиот и историскиот ирански град Рабор. Во исламската револуција во 1979 година, кога беше соборен Шахот, Сулејмани се приклучил на Револуционерната гарда, веднаш по нејзиното формирање. Тој беше распореден во северозападниот дел на Иран во силите што го угасија курдскиот бунт, што следуваше по револуцијата.

ЏЕЈМИ ДЕТНЕР

ПОСТЕР На ѕидот на џамијата се наоѓа постер на кој се наоѓа генералот Сулејмани, заедно со врховниот водач Али Хаменеи и ајатолах Хомеини

Командантот на елитната единица на Кудс, генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на САД на аеродромот во Багдад, беше еден од најистакнатите воени команданти на Иран и, за многу Иранци, трговска марка на отпорот кон Америка.

Сулејмани одамна ја презеде контролата врз елитниот одред на Иранската револуционерна гарда, единицата „Кудс“, уште за време на борбите меѓу Иран и Ирак. За САД и Израел, Сулејмани беше човекот кој командуваше од сенка со силите блиски до Иран, одговорен за борците во Сирија кои го поддржуваат претседателот Башар ал Асад и секако беа одговорни за смртта на многу војници од американските трупи во Ирак.

Овој, 62-годишниот водач на единицата Кудс беше релативно непознат до американската инвазија во 2003 година во Ирак, за да стане најпознатиот ирански воен командант една деценија подоцна. Се смета дека неговиот имиџ на моќен човек придонеле самите Американци, кои се сомневале во него за бројни убиства.

Неколку пати се шпекулираше дека бил убиен.

За прв пат во 2006 година, кога авион паднал со други воени функционери во северозападен Иран, потоа во 2012 година во бомбашки напад на Дамаск во кој загинаа блиски соработници на сирискиот претседател Башар ал Асад. Во ноември 2015 година, кружеа гласишта дека Сулејмани бил убиен додека водел заеднички напад со силите лојални на Асад во борбите околу сирискиот град Алепо.

ВТОРИОТ ЧОВЕК Генералот се смета за втор човек на исламската револуција подолго време

Генералот за кого говориме е роден на 11 март 1957 година. Сулејмани пораснал недалеку од планинскиот и историскиот ирански град Рабор.

Во исламската револуција во 1979 година, кога беше соборен Шахот, Сулејмани се приклучил на Револуционерната гарда, веднаш по нејзиното формирање. Тој беше распореден во северозападниот дел на Иран во силите што го угасија курдскиот бунт, што следуваше по револуцијата.

Набргу потоа Ирак го нападна Иран и започна осумгодишна војна. Во борбите загинаа повеќе од милион луѓе. Единицата на Сулејмани и другите беа нападнати и од ирачко хемиско оружје.

По завршувањето на војната во Ирак-Иран, Сулејмани исчезна од јавноста неколку години, нешто што аналитичарите им го припишуваат на неговите несогласувања за време на војната со Хашеми Рафсанџани, кој беше ирански претседател од 1989 до 1997 година.

Но, по Рафсанџани, Сулејмани стана командант на единицата Кудс. Исто така, тој стана толку близок со Хаменеи, откако врховниот лидер на Иран се ожени со ќерката на генералот.

ЛОКАЦИЈА Делот од Багдад каде дојде до нападот врз генералот и неговите луѓе

Како командант на силите на Кудс, Сулејмани ги надгледуваше операциите на единицата во странство и наскоро стана во фокусот на американскиот интерес, откако го нападна Ирак во 2003 година и го собори Садам Хусеин.

Сулејмани повторно се најде на вниманието на јавноста за време на граѓанската војна во Сирија и проширувањето на Исламската држава.

Иран, главната основа на сирискиот претседател Башар ал Асад, повеќе пати го испраќаше Сулејмани во Сирија да изврши напади против Исламската држава и други противници на режимот на Асад.

 

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet