Во соработка со Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ, направена е информативна табла за водостој на Охридско Езеро во центарот на градот, но сепак потребен е нов софтвер за да има посинхронизирани податоци.
Во претходното продолжение констатиравме дека недостасува мерна опрема и квалификувани кадри за хидролошкиот мониторинг врз езерата и реките. Констатација на Центарот за економски анализи. Нивните зознанија ќе ги пренесеме во неколку продолженија, сметајќи дека се од голем заеднички интерес.
Охридско Езеро
Во Охрид има вкупно 4 мерни станици и тоа во градот Охрид – главна станица која е единствената која е во функција и оперативна, и дополнителни три станици – Калишта, Пештани и Св. Наум кои што не се во функција. На мерните станици во Калишта и Св. Наум има мерни летви, но нема набљудувачи. Преку донаторски средства, наскоро планирани се дигитални станици на овие две места.
Во Охрид има еден набљудувач и дигитална станица, но поради лош квалитет на водата, често податоците од терен се неусогласени и поради тоа сензорот е исклучен.м Тековно се набавени нови материјали и инструменти за да може да се заменат и да бидат во функција.
Во соработка со Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ, направена е информативна табла за водостој на Охридско Езеро во центарот на градот, но сепак потребен е нов софтвер за да има посинхронизирани податоци. Брановите во езерото може да го менуваат нивото на водата од реалната од -50 см до 2 метри. Од УХМР сметаат дека е многу дискутабилно како да се направи тој мониторинг да биде едноставен, а разбирлив за граѓаните.
Неприкажувањето на точни синхронизирани податоци може да допринесе до забуна кај граѓаните. Меѓутоа, во моментот, дигиталната табла7 во Охрид која
треба да покажува моментални податоци за температурата на воздухот, водостојот на Охридско Езеро и температурата на водата е надвор од употреба.
Дојранско Езеро
Во Дојран постојат 2 станици, Нов Дојран и Стар Дојран. Мерната станица во Стар
Дојран не е во функција и работи само станицата во Нов Дојран, која има само еден набљудувач и лимниграф кој честопати е во дефект и тешко може да се најдат резервни делови за да се сервисира. Повторно, планирано е поставување на автоматски инструмент преку донаторски средства.
Преспанско Езеро
Во Ресен има 3 мерни станици, и тоа: Стење, Наколец и Асамати. Во Асамати, мерната станица не работи веќе 20 години бидејќи утврдено е дека набљудувачот не читал коректно и со тоа напуштена е таа станица. Во Наколец и Стење, со повлекување на водата отежнато е мерењето на водостојот и се јавуваат аномалии. Постои потреба од нови водомерни летви. Во Стење поставена е автоматска станица и има еден набљудувач.
Меѓутоа, поради големо повлекување на езерото во мај, поставена е и забетонирана нова мерна летва. Набљудувачот во Стење врши теренски мерења и податоците се споредуваат со автоматските мерења. Во Наколец има само еден набљудувач, а во план е поставување на дигитална станица преку донаторски средства. Поради повлекувањето на Преспанско Езеро, потребно е да се дефинира длабочината и точната количина на самото езеро бидејќи УХМР не располагаат со тие податоци.
Нормалното функционирање на станиците зависи од нивното редовно одржување. Финансиите за оваа активност никогаш не се доволни, а без нормално финансирање, одржувањето не може нормално да функционира. Затоа постепеното откажување на функционирањето и запирање на работата на станиците е очекуван процеИспитување на квалитетот на водата во Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро
Испитувањето на квалитетот на вода во природните езера е отстапено на Хидробиолошкиот завод од Охрид. Во Заводот има 10 одделенија кои директно или индиректно вршат мониторинг на квалитетот на водата:
- Одделение за физичко-хемиски истражувања
- Одделение за хидроботаника
- Одделение за молекуларна биологија
- Одделение за микробиологија
- Одделение за ципринидна фауна
- Одделение за зоопланктонски истражувања
- Одделение за салмонидна фауна, практично рибарство и аквакултура
- Одделение за фитопланктон
- Одделение за фауна на дното
- Одделение за болести на риби.
Во нашето истражување ќе ги земеме предвид Одделението за физичко-хемиски
истражувања и Одделението за микробиологија како клучни во испитувањето на
квалитетот на вода особено за водата за пиење.
Одделението за физичко-хемиски истражувања при Хидробиолошкиот завод – Охрид ги проучува физичко-хемиските карактеристики на површинските акватични екосистеми (природните езера, реки, акумулации), рибници, подземни води, отпадни води, води за пиење и др. Врз основа на физичко-хемиските параметри, пред се концентрациите на вкупен азот и фосфор, како и органските биоразградливи материи се одредува квалитетот на водата во литоралната и пелагијалната зона на Охридско, Преспанско и Дојранско
Езеро, односно се одредува трофичкиот статус на акватичните екосистеми. Се одредува органското и нутриентното оптоварување на површинските дотециреките како реципиенти на отпадни индустриски и комунални води, води од домаќинствата како и дренажни води од околните аграрни површини каде мигрираат овие реки. Се проценува и квалитетот на водата и антропогеното влијание и во вештачките акумулации во земјата.
Опрема со која располага лабораторијата
– Спектрофотометар (UV-VIS Zeiss-Jena, Specord S-10
– Гасен хроматограф (GC/ECD GS-3800 и Varian GS/MS system , Saturn 2100)
– Атомска апсорпциона спектроскопија Varian SpectrAA 220
– Течен хроматограф HPLC – TOC/DOC анализатор
– Микробранова печка Milestone Microwave laboratory systems (Ethos touch control)
– Четири-канален ауто-анализатор Skalar
– Анализатор за азотни соединенија во седимент (Кјеldahl – дигестија) Velp
– Аналитичка и Техничка вага
– Ултразвучно купатило и Водено купатило 2
– Ултразвучно купатило и Водено купатило
– Сушница и печка за жарење, центрифуга
– Водометриско крило, рН-метар, кондуктометар, термометар, турбидиметар
– Апарат за ултра-чиста вода
Одделението за микробиологија при Хидробиолошкиот завод – Охрид врши
микробиолошки анализи од санитарен и еколошки аспект на сите видови природни и отпадни води (езера, реки, акумулации, извори, рибници и сл.) и тоа на вода за пиење, вода за капење, за наводнување, комунални отпадни води, индустриски отпадни води, анализа вна седименти, анализа на храна и пијалоци, храна за риби и сл., анализа на болести на риби.
Опрема со која располага лабораторијата:
– сушари
– стерилизатори
– инкубатори за развој на микроорганизми
– уред за филтрирање
– автоклав
– микроскопи
– бинокулари и лупи за броење на колонии.
(продолжува – ампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.)