Весникот „Блиц“ ги анализира врските на најмоќните косовски политичари со западниот свет. Најмоќниот играч засега мудро молчи
Секој од тројцата водечки политичари на Косово има „свој грб“ во странство и се бори за надмоќ во Приштина, тврди белградскиut весник Блиц. Според изданието Берлин го „избегнува“ косовскиот претседател Хашим Тачи, бидејќи не може да му прости за „предавството“ на агентиte на германската разузнавачка служба БНД пред неколку години. Блиц тврди дека Германија не го смета Тачи како доверлив партнер и „не се заложува на него“. Покрај тоа, Берлин остро се противи на идејата за корекција на границите, претставена од Тачи.
Весникот тврди дека Тачи е всушност „во врска“ со советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон, што практично значи дека косовскиот претседател е контролиран од страна на администрацијата на Доналд Трамп. Еден дел од американската администрација е против коригирање на границите како модел за решавање на проблемите на Балканот, но Болтон е оној кој ја „промовира оваа идеја“, тврди „Блиц“.
За оние кои не знаат Хашим Тачи (речиси 51 година) ја врши функцијата на претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016). Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоената организација која учествуваше во косовската војна.
Хашим Тачи е роден во Србица, која се наоѓа близу Дреница, место каде била основана Ослободителна војска на Косово (ОВК) во раните 1990-ти. Тачи студирал историја и филозофија на универзитетот во Приштина, а во 1993 живеел во Швајцарија каде се приклучил на политичките групи на албанската емиграција. Запишал постдипломски студии на универзитетот во Цирих, но не ги завршил.
Истата година се приклучил во ОВК, каде имал улога да обезбеди оружје и парични средства, како и да обучи и префрли нови регрути од Албанија на Косово. На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризам поради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години. Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово. Потоа Тачи како водач на најсилната политичка фракција на ОВК формирал влада на Косово, чиј премиер бил токму тој (1999–2000). Според одредени извори, Тачи наредил убиство на водачите на помалите ривалски фракции од ОВК.
Тачи бил обвинет за врски со криминалното подземје. Се сметало дека тој обезбедувал финансии за ОВК преку шверц на хероин и кокаин во западна Европа. Според други обвинувања, Тачи учествувал во нелегална трговија со човечки органи за време на војната во Југославија, за што требало да биде обвинет од Хашкиот трибунал.
Тачи победил на парламентарните избори во ноември 2007, а во јануари 2008 бил изгласан за премиер во косовското Собрание. За време на неговата инаугурација изразил намера да прогласи независност на Косово во првата половина на 2008. На 17 февруари била прогласена независност на Косово од Србија. Тачи на премиерската позиција останал до 2014, а во февруари 2016 пратениците од косовското Собрание го избрале за претседател на Косово во времетраење од пет години.
Од друга страна, според весникот, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај е „држен“ од Британците со кои оддржува врски преку својот заменик во Алијансата за иднината на Косово (ААК) Ардијан Гинај. Британците, како и Германците, се против корекциите на границите – позиција зад која цврсто стои самиот Харадинај.
Премиурот е врсник со Тачи (наскоро 51 година) а роен е во близина на Дечани. Во 1989 одина емигрирал во Швајварија каде станал човек задолжен за регрутација на борци за ОВК. Во 199 година бил раковоидител за обука во базите во Кукс и Тропоја, во Албанија. Во 1997 година добил пресуда од спрските правосудни органи, заради што беше кусотрајно уапсен во Франција пред две години.
За разлика од Тачи и Харадинај, претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, според Блиц, ткае на неколку разбои. Тој, како човек во сенка, е поспособен и пофлексибилен од Тачи и Харадинај заедно, вели весникот, додавајќи дека Весели „во исто време работи за најмалку две или три разузнавачки служби“. Весели е опишан од „Блиц“ како стар разузнавач, кој, како што тврди весникот, нема дури личен мобилен телефон, а кога треба да зборува со некого, телефон му го дава некој од неговото опкружување. Со стариот „разузнавач“, кој според проценките на експертите за косовската сцена, е бескрупулозен, Тачи и Харадинај конечно ќе имаат проблеми, освен ако пред тоа не го испратат во Хаг, пишува „Блиц“, мислејќи на Хашкиот трибунал за воени злосторства извршени од страна на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК).
Кадри Весели е роден во селото Бробониќ, во близина на Косовска Митровица пред речиси 56 години. Потпретседател е на Демократската партија на Косово а се смета за основач на Извстувачката служба на Косово – Shërbimit Informativ të Kosovës, SHIK. Бил член на раководството на ОВК и еден од учесниците на мировниот догово во Рамбуе (1999 г.), како консултант во косовската делгација. Многу поважно од тоа е да се каже дека беше лидер на студнтские бунтови во Приштина (1988 -90). Студирал во Албанија и на Шефилдскиот универзитет во Солун.