Овој советник за безбедност на претседателот Путин се смета за специјалист за операции на Балканот. Забранет му е влез во ЕУ и САД
Неодамна московските весници објавија дека Путин ја имал својата прва официјална средба со својот прв советник за безбедност Николај Платонович Патрушев. Дали сте чуле претходно за него? Тој вообичаено потекнува од КГБ а од 2008 година бил во Советот за безбедност на Руската федерација. Роден е во денешен анкт Птересбург во 1951 година како син на поморски офицер.
Патрушев најпрвин студирал за инженер по бродоградба, но подоцна (1975) е регрутиран во КГБ. И денес е сметан за ќчовек кој задачите не ги работи за богатство, туку како „стар чекист“, како некој кој е верен на струката. Ова не значи дека државата не го наградува. Неговиот постар син Димитриј од мај годинава е министер за земјоделство. Претходно бил банкар, како и помладиот син Андреј.
Соодветните студии по безбедност ги завршил во Минск а по колапсот на СССР (1992 – 94) влегол во Министерството за безбедност на Република Карелиа а отттаму во московското седиште на безбедноста служба (ФСК), во одделот за економска безбедност, со можност за контакт со Борис Елцин. Денес британските медиуми го доведуваат во врска со нарачаното труење врз Литвиненко, што покажува дека раководел со многу чувствителни операции. Веројатно затоа затоа после анексијата на Крим од страна на Руската федерација Патрушев беше на листите на оние на кои им е забранет влезот во ЕУ а од април годинава и во САД.
Патрушев смета дека Соединетите Американски Држави „многу повеќе би сакале Русија да не постои воопшто“. Тој беше цитиран како вели. „Поседуваме големи [природни] ресурси. Американците веруваат дека ги контролираме илегално и незаслужено затоа што, според нив, ние не ги користиме како што треба да се користат “.
Патрушев, исто така, се користи со цитирањето на тврдењата на Медлин Олбрајт дека н„иту Далечниот исток, ниту Сибир не припаѓаат на Русија”. Според Њујорк тајмс, нема официјален запис за тоа дека Олбрајт некогаш направила таква забелешка. Наместо тоа, може да се проследи тврдењето на психијарот вработен од ФСБ кој тврдеше дека ги прочитал мислите во умот на Олбрајт, додека бил во состојба на транс.
Според Патрушев, Украинската револуција во 2014 година започнала од САД.
Западните кругови го сметаат пред се за човек кој посебно е преокупиран со Балканот.
Уште како секретар на Саветот за безбедности на Руската федерациjа, во 20916 година, Николаj Патрушев ги водеше преговорите со Србија кои требаа да и наметнат Меморандуму за разбирање што би создал неопходни формални услови за редовна комуникациjа по прашања од двостран интерес. Наведувајќи дека за тоа се разговарало уште во 2013. година во Белград, Патрушев пред да стане и советник на Путин (тоа значи и член на Владата!) во средбата со министерот за внатрешни работи Небоjша Стефановиќ истакна дека тој документ нема правно обврзувачкки карактер, ниту статус на меѓународен договор, за што јавно беше оценуван дека претставува!.
Според него, постои типичен нацрт на документот што Советот за безбедност на РФ го има со најголемите доверливи партнери.
Тој потсети дека последниот состанок на Советот за безбедност на РФ со делегација од Министерството за внатрешни работи на Србија била во 2016 година во Грозни, кога биле разгледани прашањата за меѓународната и регионалната безбедност во билатералниот состав.
„Денес имаме можност да застанеме подетално за прашања од заеднички интерес”, рече Патрушев. Тој пости дека Србија и нејзиниот МВР присуствува на сите доверливи конференции за безбедност од 2016 одина па натаму. Тоа е важно, според него, бидејќи ситуаијата на Балканот е многу динамична и променлива. Патрушв во некои анализи се споменува како идеен творец на меѓународниот „пожарникарски“ центар за обука во Ниш.
Влезот на Црна Гора и Македонија во НАТО тој го оценува како потег кој е постигнат „со сила“ и дека е насочен против безбедноста на Русија.
„Инволвирањето на Балканот на Николај Патрушев, поранешен разузнавач и човек од доверба на Владимир Путин, посочува кон засилување на позицијата на Русија и на нејзиниот пристап во регионот“, се вели во анализата, објавена лани, во рубриката „Форум“ на политико.еу (www.politico.eu) од перото на новинарот Хауард Амос.
Неофицијалното балканско портфолио на Патрушев се вклопи во новите модели, смета Амос. Додека руската надворешна политика официјално му припаѓа на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вистинското донесување одлуки е повеќе водено од мала група на разузнавачи и службеници на одбраната со близок пристап до Путин.
„Русија сé повеќе станува ‘адхакратија’ (неформална организациска структура, без бирократски процедури) каде што поединците се задолжени со одговорности што можат или не можат да се совпаднат со нивната формална надлежност”, смета Марк Галеоти, експерт за руските безбедносни служби и висок истражувач во Институтот за меѓународни односи во Прага.
Поранешната шпионска инволвираност (на Патрушев) укажува на поагресивен руски пристап во регионот. „Патрушев е дефинитивно еден од оние луѓе кои мислат дека Русија е во егзистенцијална борба за нејзино преживување”, додаде Галеоти. „Тоа е Студената војна, манихејската визија за светот. Светот во кој сите лоши работи за Западот, се имплицитно добри за Русија “.
Руските безбедносни служби сè повеќе и повеќе влијаат врз надворешната политика, според Андреј Кортунов, директор на Советот за меѓународни односи, тинк-тенк што го советува Кремљ.
Во изјавите за јавноста, Патрушев тврди дека САД се стремат да ја распарчат руската држава за „да го отворат пристапот до богатите ресурси за кои сметаат дека Русија неправедно ги контролира”. Тој, исто така, го критикува она што го гледа како сè поагресивно однесување од НАТО, тврди дека надворешната политика на Унијата е диктирана од Вашингтон и предупредува за подемот на нацизмот во Источна Европа.
Неофицијалната нова позиција на Патрушев, да ја предводи руската Балканска стратегија, доаѓа во време на лоши односи меѓу Русија и Западот.
Русија е особено лута поради пристапот во НАТО на Црна Гора, малата јадранска земја која ги обвини руските разузнавачи дека го планирале обидот за државен удар во земјата 2016 година, очигледно дизајниран да ја спречи нејзината кандидатура за влез во Алијансата.
По обвинувањата за вмешаност на Русија во заговорот за мрачен удар, Патрушев се упати кон Србија за да се сретне со највисоките претставници на владата и безбедноста, во она што многумина го сметаа за мисија за измазнување на раскубаните пердуви. Според извештаите во медиумите, Белград екстрадирал неколку руски државјани, обвинети за планирање на заговорот.
Официјални лица во Москва инсистираа дека нема ништо невообичаено во патувањето, но улогата на Патрушев оттогаш се зголемува.
„Во текот на минатата година, стана јасно дека на Патрушев му е даден Балканот”, рече Галеоти. „Тоа зборува нешто за тоа колку е важен Балканот или колку важен ќе стане”.
Патрушев нема познати професионални врски со Балканот, но го назначи Леонид Решетников, контроверзен експерт за Балканот и екстремно бунтовен поранешен разузнавач во Советот за безбедност. Минатиот октомври, во пресрет на црногорскиот обид за државен удар, Решетников рече дека „време Е (за Русија) да се врати на Балканот”.
Растечкиот профил на Патрушев на Балканот се совпадна со напредокот во руската активност во регионот.
Двајца руски државјани, Едуард Сисмаков и Владимир Попов, во отссуство беа обвинети од црногорскиот суд за обид за кршење на Уставот на земјата, за време на наводниот обид за државен удар од минатата година. Црногорските обвинители веруваат дека двете лица се руски разузнавачи. Сисмаков беше спомнуван во руските медиуми дека работел како воено аташе во руската амбасада во Полска, пред да биде протеран во 2014 година за шпионажа.
Документите што протекоа, исто така, сугерираат заеднички напори на руските шпиони и на дипломати во Македонија, јужниот сосед на Србија, да ја зголемат поддршката за проруските групи.
Според Елена Гушкова, професор на Институтот за словенски студии во Москва, Русија може да преземе „многу сериозни” мерки, како одговор на секое понатамошно проширување на НАТО на Балканскиот Полуостров. „Судејќи според Црна Гора, може да се преземат многу различни чекори”, рече таа, осврнувајќи се на одлуката на Кремљ за намалување на економските врски и за повикување на руските туристи да не ја посетуваат земјата, која зависи од туристичките приходи.
Според експертите, Русија најверојатно ќе ги концентрира напорите за зајакнување на постојните сојузи на Балканот. Ова значи, особено, со Србија, со која Русија има историски силни врски. Двете земји имаат заедничко словенско потекло и се првенствено православни христијани.
„Русија ќе се држи до земјите на Балканскиот Полуостров, кои ја потврдуваат нивната посветеност да не се приклучат кон НАТО”, смета Кортунов.