Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ

November 4, 2025 Filed Under: Македонија

Никој како СДСМ не ги менувал своите лидери па и оние во раководството. И сега одново се потегнува тоа прашање

ФИЛИПЧЕ За резултатите и идните чекори ќе се расправа согласно на статутарните правила

СДСМ беше партија која во својата историја, откако го смени името и го задржа постојното, во која сменувањето не беше практика. Тоа секако го немаше во стартот на транзицијата, што беше разбирливо заради позицијата која оваа партија ја имаше во тој процес. За прв пат смената се спсомена по губењето на изборите на партијата во 2006 година, кога првиот човек Бучковски поднесе оставка на барање на членството и пред се на раководството. Посочениот дојде на таа функција откако преходниот неприкосновен лидер Црвенковски стана претседател на државата. Бучковски го понесе на себе товарот на новата територијална поделба, реално последица на Охридскито договор, една меѓународна обврска.

По него на чело на партијата дојде Радмила Шеќеринска која остана на таа позиција многу кусо, само по две годибни. Тоа дојде до поразот а по неуспехот на земјата за влез во НАТО. Тогаш премиерот Груевски распиша вопнредни избори за да победи на крилјата на незадоволството на нацијата, што тој потоа, во 2009 година го претвори во армосфера на т.н. антиквизација. Шеќеринска немаше ниту реално некаква можност да работи на партиските работи а стана жртва на својата теза – шефот на партијата е највиновен за пораз на изборите и мора да замине. И таа замина самата од опретседателката позиција. Заев ја замени како в.д. на таа фунцкија на која одново дојде Црвенковски откако му помина претседателскиот мандат (шеф на државата). Заев одново стана претседател по изборите во јуни 2013 година, по доста драматичните избори на кои учествуваа премногу кандидати, што создаде бројни кујни, многу спротивставени едни со други.

Но Заев ги издржа најтешките денови на партијата и ги совлада внатрешните струи а Шеќеринска му стана десна рака. Ја смени ВМРО ДПМНЕ од власта во декември 2016 година, ги доби локалните избори следната година, потоа беше база на спасот на земјата во екот на епидемијата и економската криза која беше на светско ниво. Преживеа обид за пуч и ликвидација во салата на Собранието! Успеа да направи договор за соработка со Бугарија, потоа склопи договор со Грција па успеа да влезе во НАТО. Ова последното од страна на тогашната опозиција а сегашната власт се протолкува како „предавство на нацијата“, „продавање на името“ и тоа беше предуслов за пораз на … локалните избори во 2021 година, кога си поднесе оставка, како дел од традицијата на смени по сите изгубени избори!

И сега пак постои нешто што може да се смета за пораз, но овој пат од позиција на опонент на власта, што секако е како возење со испумпани гуми на автопат, изграден да речеме од Коце Трајановски! И од друга срана постои факт дека според бројот на освоени советничи места по собранијата на општините СДСМ останува втора партија во земјата и најсилна како опозиција. И тоа е факт.

Во идејата за негова оставка постои некаков автоматизам, наведен погоре. Но пости и нешто друго – јавен конкурс за прв човек на партијата што го има само оваа партија (!) а што значи дека секој поседувач на партиска книшка може да избира кој ќе ја води СДСМ?! Подемократска практика – здравје, што значи изборот е во голема мерка и на товар на неговите сопартијци, од доле до горе.

Говорејќи на оваа тема, како гостин во ТВ Сител, секако по избор на однапред подготвена тактика на домаќините, поранешната министерка а сега делегат во Собранието – Славјанка Петровска изјави доста јасно и смирувачки дека никој не менувал лидери како СДСМ, ама тоа секогаш не излегувало на добро. Подобро е – истакна таа – да размислуваме за генералната политика на партијата, за нејзината поставеност во околностите во кои треба да дејствува. Новинарите од Сител веројатно беа сосечени во намерата да ја затркалаат лавината на Бихаќка.

Во кусото обраќање во партиската конференциска сала соопшти дека во вториот круг добиле уште тројца градоначалници и заедно со првиот круг имаат вкупно шест. Нивни кадри во следните четири години ќе ги водат Центар, Зрновци, Македонска Каменица, Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.Нагласи дека во оваа позиција е само една и пол година.

Филипче тврди дека ја консолидирале партијата по ланскиот пораз на парламентарните избори, а резултатот од нивната работа е намалениот број на гласови во ВМРО-ДПМНЕ.

„Успеавме, во изминатиот период да ги разобличиме лажните политики на власта, која изгуби, еве веќе 130 илјади – 140 илјади гласови за само година и пол, е делумно и наша заслуга“, истакна Филипче.

По првиот круг, оставка поднесе претседателот на скопската партиска организација, Ѓорѓи Галетановски. Се очекуваше тој да биде кандидат за градоначалник на Скопје ама го испревари – без јасна партиска подршка во стартот – кандидатката Каја Шукова, ексминистерка за екологија која мина најлошо на било какви избори во Скопје од постоење на партијата!  Во тоа туркање за можен кандидат секако треба да се бара и апстиненцијата на партиските гласови во првиот круг,кога таа зазема петто место!

Потоа оставки поднесоа потпретседателката Ана Чупеска и Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на партискиот огранок во таа општина. Но, тој го повика и Филипче и партиското раководство да го направат истото.

Ако се мерат поразите, а не победите, овие избори може да се споредуваат со оние во 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ доби пет градоначалници, и во 2013 година, кога СДСМ, тогаш под водство на Бранко Црвенковски, освои четири градоначалнички места.

Филипче е на чело на партијата околу година и пол, период во кој не успеа да го подигне драматично рејтингот по поразот на парламентарните избори.

Единствен социјалдемократ кој славеше во главниот град беше градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Ова е негова втора победа а забележливо беше дека тој водеше поинаква кампања од партиската и со поинаков слоган. И победата не ја одбележа заедно со раководството, туку со своите партиски поддржувачи во кафуле во Дебар Маало.

Неговите резултати и пред две недели отскокнуваа од оние на партијата.

Во првиот круг, тој доби две илјади гласа повеќе од партиската советничка листа. Истовремено, неговиот противкандидат Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ доби две илјади гласови помалку од вкупниот број гласови за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. И во вториот круг, Герасимовски успеа да ја зголеми поддршката за околу две илјади гласови, а Лабудовиќ доби околу илјада гласа помалку од оние што во Центар гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Филипче најави наскоро за некои други промени во раководството на партијата а потоа и седници на телата кои јан водат партијата, за тоа да заврши со Конгрес. Како што наложува статутот. Доказ дека оваа партија, какко никоја друга работи „по книга“ и според социјал-демократските традиции на Европа.

Колку за надуената Левица, тие може да се соберат во една соба, колку што ги има и да го чујат она што ќе им го каже Апасиев.

ВМРО ДПМНЕ никогаш не била пример за никаква интерни демократски постапки – смените се злучувале преку физички насилства (епизода „Панорама“) или преку бегство на лидерот вио странство од домашен притвор. Сето друго го завршувал Мијалков.

(Љ.К.)

 

Filed Under: Македонија

КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА
НИКОЛА РИСТАНОВСКИ: ГНЕВОТ НЕ Е ДОВОЛЕН
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025: ГЕНЕРАЛНО МИРЕН ПРОЦЕС СО СЕРИОЗНИ СИСТЕМСКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ СЛАБОСТИ

Најново

  • КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
  • КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
  • ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet