Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОЈ ОБВИНИТЕЛ Е СЕГА ОДГОВОРЕН ЗА СЛУЧАЈОТ НА ПРЕТЕПАНАТА САРА ЃОРГИЕВСКА?

November 25, 2026 Filed Under: Македонија

Дали е навистина сменет обвинителот Арнаудовски од случајот„Сара“ прашуваат од Левица?

СЕМЕЕН ПОРТРЕТ Родителитена обвинетиот имаат силни врски со партијата ВМРО ДПМНЕ кавуваат од порталот Демократи

Љубомир Костовски

На 17 ноември 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, девојката која се здоби со тешки повреди во инцидентот кој ја потресе охридската, но и македонската јавност, бешее пуштена од охридската болница и таа заминала во една клиника во Скопје.

Информацијата на OhridPress ја потврди нејзиниот татко Љупчо, кој вели дека таа се наоѓа на клиника и дека врз неа се прават дополнителни испитувања за да се утврди комплетната здравствена состојба.

Таа претходно беше на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, каде врз неа беа извршени повеќе дијагностички процедури како компјутерска томографија (КТ) на главата. Според првичните информации од болницата, таа имала повеќе повреди во вид на хематоми и модринки.

Охридското Основното јавно обвинителство (ОЈО) до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста против 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид, во врска со претепувањето на 26-годишната Сара Ѓорѓиеска. Охридскиот суд на Корабоски му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

– При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката, соопштија од Обвинителството.

Поради нови околности во предистражната постапка, вчера попладне беше повторно приведен 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид, лицето кое е осомничено за физичкиот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска. Од СВР Охрид во врска со повторното приведување се повикуваат на нови околности во предистражната постапка, без да соопштеа за какви нови околности станува збор, ниту дали Основното јавно обвинителство во Охрид побарало определување притвор.

Она што беше вдливо целиот тој ден e дека нашите главни медиуми се уште стоеја зад неточната вест дека жртвата на насилникот од Охрид е „пуштена дома на домашно лекување“!

Со ова тие на мизерен начин се вклучуваат во проектот со кој – макар на подолг рок – сепак ќе го правда насилникот. А за почеток од можното обвинение за „тешка повреда“ да имаме квалификација – лесна повреда! Јасно е дека веројатно и во клиниката Свети Еразмо, како и во другите установи во Охрид семејството на насилникот како и неговото роднинско-партиско милје учествува во чинот на омаловажување на грозоморниот чин.

Вистината е да повториме дека девојката е одведена на една од клиниките на „Мајка Тереза“ на понатаошно испитување и лекување. Дали сега работите се појасник? Па да не беше јавувањето на Мицкоски од Брисел, немаше да имаме реакција ниту на републичкиот јавен обвинител, ниту на другите институции ама сето тоа наликуваше дека е само моментно, колку да не успее протестот што СДСМ го закажа во Охрид за истата вечер. Немам вести за протестот, но да се потсетиме дека во Кочани загинаа 63 лица а 200 се повредени а на протестите во тој град се  уште излегуваат само родителите на починатите! Не излегуваат ниту родителите на повредените од кои многу ќе останат со тешки последици – доживотно. И ќерката на актуелниот градоначалник е во нив, што јасно говори за опортунизмот кој кај анс потои кон актуелната власт и нејзините пропусти.

На 19 ноември со нова вест се појави партијата Левица. Таа вест ниту ја потврдија, ниту демантираа, одново истите тие медиуми?! Имено од Левица тврдат дека „откако во јавноста се појавија информации дека предметот му бил одземен на обвинителот Стојанче Арнаудоски, сега се потврдува дека тој продолжува да постапува“.

Во меѓувреме, во соопштението се вели дека до Левица пристигнаа информации дека Арнаудоски е семеен пријател на Гоце и Љубинка Корабоски, односно на „угледната“ вмровска фамилија. Дополнително, до Левица пристигнуваат и информации за отсуство на професионален интегритет кај овој обвинител, односно дека важи за еден од најкорумпираните обвинители, велат од Левица.

– Која му е стратегијата на Арнаудоски, но и на ДПМНЕ? Дали планира да го води случајот зависно од реакциите на јавноста, односно „да се случува одговорност“ само додека јавноста реагира? Дали воопшто ќе ја прошири истрагата после сериозните грозоморни наводи кои излегоа во јавноста? Како е можно тешката телесна повреда одеднаш да стане „обична“ телесна повреда? – прашуваат од Левица.

Поразително е што во случај со вакви монструозни сведоштва, ревноста евентуално се појавува дури откако јавноста ќе крене тревога. Правдата не смее да функционира како апарат за гаснење пожари, односно да се активира кога ќе избувне скандал, а да згасне кога ќе стивне револтот! Најопасниот исход би бил јавниот гнев да се истроши, а со него да исчезне и решителноста. Ниту времето смее да биде сојузник на насилникот, ниту обвинителската дискреција засолниште за евентуалните помагачи.

Лвица побара одговори од Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески: зошто после сѐ предметот продолжува да го води Арнаудоски, нагласуваат од партијата.

Интересно е дека Арнаудовски беше избрн за основен јавен обвинител за Охрид летоска. Деновиве неговиот претгходник Никола Довлев си поднесе оставка на функцијата која ја имаше во мигот, што говори вза состојбите во оваа охридска институција.

Р.Г.

Filed Under: Македонија

„ВОЛСТРИТ ЏОРНАЛ“: ТРAМП ПРЕГОВАРА СО АНТИАМЕРИКАНСКАТА ОСКА
ЗAБОРАВЕТЕ ГО КАФЕТО – ПИЈАЛОКОТ ШТО ГО ПИЕЛ ИСУС ДАВА ДЕВЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМА ЕНЕРГИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (204): ПОРАНО ТЕНКОТ БЕШЕ СИМБОЛ НА ПОБЕДАТА А ДЕНЕС Е НЕШТО ДРУГО
КРАЈ НА ПРЕТСТАВАТА, ПОЧЕТОК НА ПОЛИТИКАТА
СЛУЧАЈОТ МИХАЈЛОВА, DANS И КАРБОВСКИ:ШТО НИ КАЖА ЦАНОВ

Најново

  • „ВОЛСТРИТ ЏОРНАЛ“: ТРAМП ПРЕГОВАРА СО АНТИАМЕРИКАНСКАТА ОСКА
  • ЗAБОРАВЕТЕ ГО КАФЕТО – ПИЈАЛОКОТ ШТО ГО ПИЕЛ ИСУС ДАВА ДЕВЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМА ЕНЕРГИЈА
  • ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (204): ПОРАНО ТЕНКОТ БЕШЕ СИМБОЛ НА ПОБЕДАТА А ДЕНЕС Е НЕШТО ДРУГО

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet