Барањето на новинарката Мирка Велиновска да се оди на бојкот на претседателските избори како начин да се спроведе тактиката „што полошо тоа подобро“ се јави токму со последните анкети според кои кандидатката на ВМРО ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите, а масата гласачи ќе му даде легитимност на победникот Стево Пендаровски!
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
На социјалните мрежи во саботата се појави текстот преземен од порталот Дудинка, чиј автор е Мирка Велиновска под наслов „Во април ќе собираме коприви“ во кој се сугерира саботирање на претседателските избори. Таа се повикува на мисли на д-р Љубомир Цуцуловски, за кого вели дека е единствениот „автентично македонски филозоф“ кој накусо се сведува на насоката „што полошо, тоа подобро“. При тоа таа вели „нема потреба да се повикува на авторитетот на Хегел, Кант, Аристотел. Доволно е што не’ потсети на дијалектиката содржана и во народната мудрост дека секое лошо е за добро“.
Во неделата во која влегуваме земјата е на прагот на претседателските избори а авторката Велиновска вели „и се чудам на Гордана Силјановска. За чиј претседател, на која ебена држава ќе ни се препорача та да ја гласаме? И таа ли како легалист не го признава и не го препознава македонскиот народ кој со недвосмислен бојкот на референдумот на 30-ти септември се легитимираше како македонски. И сега, Сотир Костов ли ќе не измобилизира да сме излегле
единствени за да избереме нова цијашко-соросоидна кукла за шеф на склопи-расклопи лего макета?“
Да се симнеме од вртелешкаta на темните желби и да ги вклучим телевизорите. Повод – претседателските избори. И двете објавени анкети на 12 април, првата на ТВ Телма а втората на МТВ, се такви што реално се мотивирачки и за обата главни кандидати – Пендаровски и Силјановска Давкова. По првата разликата меѓу нив изнесува 3,7 отсто – кандидатот на власта Стево Пендаровски би добил 27,2 отсто од излезените на гласање а противкандидатката би освоила 23,5 отсто. Поборниците на опозизијата велат дека тоа е речиси на рангот на статистичка грешка. Втората анкета е поутешна за професорката од Правен, разликата е 2,7 отсто, па тука веќе сме во кругот на оние „плус минус три отсто“ како статистичка грешка (односот е 26,7 отсто наспрема 24 отсто). И во двете анкети Силјановска Давкова не е речиси нималку омилена кај албанскиот електорат, за разлика од Пендаровски. Жителката на Дебар маало стои за четири поени подобро кај македонските гласачи. Регионално Пендаровски за еден поен послабо стои во единицата (на парламентарните избори беше првиот на листата токму тука, листа која освои девет пратенички места), додека разликата во корист на жителот од Автокоманда е неспоредлива во „двојаката“ и се мери со двоцифрен резултат. Анкаетата на МТВ и дава на Давкова предност од еден поен и во „тројката“ додека објавената анкета на Телма го фаворизира Пендаровски во сите изборни единици одвен во Центар.
Како и да се земе, ниту едниот ниту другиот кандидат немаат мотив да се декуражираат, значи можат да се надеваат на успех и последните денови ќе ги минат секако во натамошна мобилизација на своите симпатизери, што веројатно и се забележува во кампањата на ВМРО ДПМНЕ, која станува непористојна, апсолутно ad hominem место програмска. Таа делува како водопад низ бројноста на реклами во медиумите и појавата на два- три нови спотови на дневна основа, кои се менуваат значи брзо и се тоа, нели, за само 203 илјади евра трошок, скор добиен со задршка, откако се ѕирна најпрвин во трошковникот на СДСМ…
Значи професорката веќе не се наслонува многу на некаков програмски концепт, се симнува на опшпти фрази од типот „мудроста е квалитет кој секогаш се цени“, на површини мостови кон својата професија (во услови кога се натпреварува со други двајца професори од сличен профил!). Постојат обиди да се приближи кон демохристијанското братство со периферните назнаки дека наводно секое утро оди најпрвин во месната црква (!), без да видиме снимка (има време. нели, ќе го биде и тоа), дека дома е добра готвачка, а Пендаровски постојано доминира со конкретна сликата на семејната слога, која си жнее плодови и тоа „на туѓ терен“. Но, затоа е напаѓан со чисти конструкции кои можат да се направат за било кого во земјава и тоа е веќе резултат на речиси потрошените идеи кај вмроовците и нивното посегнувања по спотовите од дното на вреќата.
Во тимот на Пендаровски сметаат дека релевантните анкети предвидуваат победа на Стево Пендаровски на претстојните избори, а предноста ќе биде доста сериозна уште во првиот круг. При тоа мислат дека гласовите на третопласираниот Река, веројатно, барем во оној дел на оние кои ќе излезат на гласање, ќе капнат во короист на зголемување на разликата од првиот круг.
Социјалдемократите велат дека поддршката за Стево не само што расте, а најбитно од се’ е очигледната поддршка за Стево од сите етникуми во земјава. Пендаровски како што велат социјалдмеократите се залага за сигурна иднина, зачленување во северно-атланската алијанса и Европската Унија. Стево Пендаровски води позитивна кампања, а тоа носи резултати и е препознаена од сите, тврдат социјалдемократите.
Во соопштението на владејачката СДСМ, се наведува дека од едната страна е Пендаровски кој зборува за напредок, сигурна и стабилна иднина, за заедништво, од другата страна е Гордана Сиљановска е таа која ги брани криминалите на Никола Груевски и зборува за враќање назад. „Граѓаните не сакаат враќање назад, неизвесност и нестабилност, граѓаните сакаат иднина, сигурност и стабилност, сакаат напредок и затоа Стево Пендаровски е фаворит на овие избори. Одиме напред“ – охрабрува Кирацовски.
Во дебатата на Телма, по објавувањето на резултатите генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ – автобусџијата Игор Јанушев се чуватвуваше непријатно и беше видливо нервозен. Тој ги нападна анкетарите дека се пристрасни и дека немаат стабилни критериуми, оспорувајќи дека не е земен во предвид реалниот број на гласачи во земјата. Се заборави дека во време на референдумот кој беше бојкотиран Јанушев и неговите говореа дека Македонија има 1,8 милиони гласачи а сега тоа го симнуваат за некои половина милион надолу, потег што есеноска им се оспоруваше ако го споменеа политичките конкуренти. Полицемерно здравје! Јанушев инсистираше само на тоа дека земјава ја напуштаат главно Албанците, со што сакаше селектирано да ги гледа резултатите на миграцијата односно да покажува дека поддршката која Пендаровски ја има кај албанскиот електорат едноставно нема толку да биде видлива, како што го третираат анкетарите.
Во секој случај, ако се изземат се поизолираните медиумски фактори од типот на Велиновски или умодаватели како Цуцуловски за бојјотирање на изборите е веќе доцна. Барем во првиот круг. За вториот круг таа можност се уште не може да се оптфрли во целина. Анкетите покажуваат подготвеност за излезност од 65 до 70 отсто.