Земјишните шпекуланти, алчноста на големите земјопоседници и популарноста на големите градови ги зголеми цените на изнајмување во Германија на енормно ниво, така што киријата стана неодржлива и се претвори во првоклано социјално и политичко прашање
НЕМАЊА РУЈЕВИЌ
„Дали доаѓа социјализмот?”? Ова го прашува еден германскиот весник уште во април. Всушност, во Берлин започна петиција во градот-покраина за присилно купување на станови кои ги имаат компании кои поседуваат и издаваат. Тие имаат повеќе од 3.000 станбени единици, така што државата би ги издавала по посебни цени. За германски прилики звучи како кафеанска идеја на хипстерско левичарење, особено што Берлин е неофицијален светски главен град. Всушност, тоа е индикација дека во една областа се отишло со цените во небо.
Во последните десет години, главниот град на евтиниот и луд живот се претвори во машина за правење пари заради фактот дека во Берлин годишно доаѓаат по околу 50.000 луѓе. А повеќе луѓе значи раст на побарувачката, со порастот на побарувачката сспоред логиката на пазарот преведува зголемување на цените и масни профити од тоа. За само една деценија, изнајмувањата во просек се дуплирани.
Приказната е стара, јавноста е пдоелена на „зли капиталисти” и „комуњари”, но факт е дека на страната на вторите е големото мнозинство на луѓе – на крајот на краиштата, секој мора некаде да живее, а веројатно во Берлин во 85 отсто од случаите изборот е – изнајмен покрив над главата.
Иницијативата ги има за цел да ги допре интересите на ссопствениците на станови како гигантската компанија како Дојче Фонен која поседува 164.000 станови, од кои 70 проценти се во Берлин. Вкупно 250.000 станови во Берлин се во рацете на такви големи компании.
„Тие се главната причина за таквите зголемувања на кириите во Берлин”, вели иницијаторот Руцбех Тахери. „Концерните прават се што е можно да се подигне киријата и не реагира на протестите во општество,а п дури се идниферентни и на понудите на политичарите да преговараат Така и мислевме – „Затоа Ако тие не одговараат, ќе мора да се најде радикално решение”.
Радикалното решение на Тахери ќе го чини веќе наплатениот буџет на градот, помеѓу седум и триесет милијарди евра. Парите, вели тој, би дошле што Берлин би си ги вратил од киријата.
Оние кои сеуште мислеа дека ова е кафеанско левичарење, се отрезнија кога правната служба на германскиот Бундестаг и експерти на Берлинскиот сенат го дадоа своето мислење дека социјализацијата на приватна сопственост кај становите е можна и е во согласност со германскиот Устав. Покрај тоа, можно е локалната самоуправа да ги купи становите по многу пониска цена од пазарната.
Како може простор за живеење што е недоволен подеднакво да се подели? Или, патетично: кому му припаѓа градот? Ова можеби е најважното општествено прашање од ова време”, пишува магазинот „Штерн”, кој тешко може да се смета за левичарски весници. Клучниот збор тука е „да се распрадели“” – што веќе звучи како планска економија. На сите им е јасно дека пазарот не функционира, односно работи на начин кој води кон ширење на градовите, протерување на сиромашните и експлозија на незадоволство.
Како се случи тоа дури и лидерот на германските Зелените Роберт Хабек, човекот што, според тековните истражувања, ја доведе партијата на врвот на популарноста и може да стане иден канцелар, вели дека мора да се оди на социјализација ако другите мерки не помогнат? Зошто весниците уште ланиситуаицјата состановите лани ја нарекуваа „темпирана социјална бомба”?
Повеќе од половина од жителите на Германија живеат под кирија, ова е далеку најголем процент во Европа. Кириите отидоа на небото – Берлин не е во првите пет.
Во Минхен, просечната цена на метар квадратен за изнајмување речиси 18 евра – и тоа не во најдобрите населби, туку како просек за целиот град. Значи, стан од сто квадратни метри доаѓа до 1800 евра без режија. Следниот на листата е Франкфурт со цена од 14 евра за метар квадратен, Штутгарт со 13,5, а потоа следуваат градовите во кои на цена квадратот изнесува околу 12 евра: Фрајбург, Мајнц Инголштат, Хамбург, Берлин, Германија, Визбаден … Железо правило е дека едно домаќинство, ако треба да живее пристојно , не може да одвои повеќе од една третина од платата за трошоци за домување. Една студија на Фондацијата Ханс Беклер покажа дека во големите градови, 40 отсто од домаќинствата даваат повеќе од таа сума. Дури 1,3 милиони домаќинства во Германија беа протерани во сиромаштија затоа што нивните буџети по плаќање на кирија даваа помалку пари отколку што семејствата би добиле ако примаат социјална помош.
Една од причините за изнајмувачкиот бум е очигледен – градежното земјиште е ограничен ресурс. На стара шега на германските агенции за недвижности дека при купување стан или куќа треба да се земе само на три работи: локација, локација и локација. Секоја година, само од вредноста на добивката на екстракт од почвата во износ од 150 милијарди евра, сметки Дирк Лер од Универзитетот во Трир. „Ниту еден сопственик не ја создал вредноста на површината на која се наоѓа имотот”, изјави тој за DW..
Према податоците од лани, во Германија има 600 илјади неупотребени градежни дозволи – земјиштето е првокласна стока која шпекулантите само ќе ја продадат, ако уште почекаат, во бесконечни височини.
Значи, сѐ додека на теренот имаме „кланица“ околу тоа како да се обезбеди евтина станарина, во центарот на Минхен има празни парцели. Градската администрација на Улм веќе спречи шпекулции – целата земја е во сопственост на градот, а оној кој гради не може да ја продава земјата.
Друга причина за станбената криза е колапсот на јавните станови. Од 1990-тите години, Германија беше во голем демографски минус, но сѐ уште беше времето на Хелмут Кол, кога неговата партија беше цврсто решена дека земјата не треба да стане имигрант, на пример, како Канада. Деновиве тие ја напуштија оваа заблуда и Германија го доби првиот „закон за имигранти” во историјата и тој стапува во сила следната година
Но, заблудата имаше цена. Државните и градските станови масовно се продавале на приватни компании, па денес во земјата има само 1,1 милиони социјални станови. Проценките велат дека постојат два милиони станбени единици кои недостасуваат. Четвртата влада на Ангела Меркел, која сé уште се прашува, сега се обврза да гради стотици илјади социјални станови, а во претходното издание на т.н. Голема коалиција на демократи и социјалдемократи, беше договорено да има „кочица за кириите”.
Накратко, станот може да биде до десет проценти поскап од „вообичаената цена во соседството”. Но, како сè во Големата Коалиција и ова стана дел од расипаните компромиси. Од оваа „кочница” новите згради беа законск иизземени како и оние во кои се прави „реконструкција“ – на пример сопственикот ќе прави јакузи и може да го избрка атуелниот станар! Од друга страна „реновираниот“ стан одново ја зголемува киријата и за тоа има право!
Сепак, владејачката коалиција во градот Берлин јоја е убедливо лева – тука се – социјалдемократите, Зелените и Левица – и оваа недела се игласи со посериозна „кочница”. Во наредните пет години, покрај новата градба, цените за изнајмување не треба да растат над стапката на инфлација.