Земјава прави сериозен отскок од традицијата на негувањето на пријателски односи со измачениот палестински народ. Нарушувањето на тие ралации настрана со „бизнис“ односите што ги негуваше земјава во вемето на Груевски или поточно тие се одвиваа под патронатот на неговиот братучед кој уживаше во „снимањето“ на шпионски филмови, со техничка поддршка на Тел Авив.

Франција ќе ја признае државата Палестина во септември, на седницата на Генералното собрание на ОН, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Кој досега ја призна Палестина и каков е ставот на Македонија?
Меѓу последните ударни вести летово е секако онаа дека Емануел Макрон објави писмо што му го испратил на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас на својот X профил, во кое ја потврдува намерата на Франција да ја признае државата Палестина. Со тоа, Франција ќе стане првата западна сила што ќе ја признае државата Палестина.
„Верен на мојата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина. Свечено ќе го објавам ова на Генералното собрание на Обединетите нации следниот септември. Денес постои итна потреба да се стави крај на војната во Газа и да се обезбеди помош за цивилното население“, рече Макрон. Францускиот претседател го поддржува Израел уште од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и честопати јавно зборуваше против антисемитизмот, но неодамна е сè понезадоволен од воената политика на Израел во Газа.
Франција е најголемата и најмоќната европска земја што ја признала Палестина. Со Франција, палестинската државност сега е признаена од вкупно 147 од 193 земји-членки на ОН, иако Израел и САД остро го отфрлаат тоа признавање. Франција со тоа стана првата земја од Г7 (Франција, Канада, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД) што ја призна Палестина. На 4 јуни 2024 година, Словенија стана последната европска земја што ја призна палестинската држава. Неколку дена пред Словенија, поточно на 22 мај истата година, Норвешка, Ирска и Шпанија објавија дека ја признаваат Палестина според границите пред 1967 година, со Источен Ерусалим како главен град. призна државата Палестина.
Во првата година од прогласувањето на независноста во 1988 година, Палестина беше признаена од 80 земји..
Во периодот на дистанцирање од Израел, по 1967 година, Белград се зближи со Палестина, членка на Движењето на неврзаните земји, од кое Југославија беше еден од основачите. Тито силно го поддржуваше Јасер Арафат и Организацијата за ослободување на Палестина. Јасер Арафат беше еден од достоинствениците што го посетија Белград по смртта на Тито на 8 мај 1980 година.
Југославија ја призна државата Палестина во 1988 година и воспостави целосни дипломатски односи со неа во 1989 година, дури и пред многу арапски земји.
За време на војните во 1990-тите, Палестина ја призна Сојузна Република Југославија (тогашна Србија и Црна Гора) и сите други поранешни југословенски републики. Томислав Николиќ, поранешниот претседател на Србија, ја посети Палестина на покана на претседателот Абу Мазен во 2013 година. Инаку, Палестинската држава е силно против независноста на Косово. Иако на веб-страницата на Министерството за надворешни работи се наведува дека „модерните односи се засноваат на традиционално пријателство“, Србија се воздржа кога Генералното собрание на ОН гласаше за резолуција со која се бара Израел да ги повлече своите трупи и да го прекине своето „нелегално присуство“ во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег.
Се’ позабележливо е дека нашиот МНР – како дел од официјалната политика – се разделува од европските погледи кон палестинското прашање и дека станува дел од исклучоците во „пандемијата“ на поризнавање на правото на државност на оваа земја и нејзиното измачувано и масакрирано население!
Кога пред многу години во една тв дебата на 24 вести реагирав на тврдењето на еден од гостите дека Македонија „како и Израел“ треба да стане милиттаризирана земја „и така да биде сочувана“. Се работеше за лидерот на малата партија Интегра – која кој знае дали сега постои – Љупчо Ристевски. Јасно, реагирав дека ниту една земја не треба да се угкеда на Израел ако сака да биде демократска бидејќи демократијата и униформираните гртаѓани кои постојано се во војна со сите соседи се еден анахронизам. Индикативно е дека по крајот на дискусијата еден од учесниците, кој не рече ни збор за тој дијалог со Ристевскли ,ми дофрли на врата од студиото, без можност нешто да му возвратам. Овој вмроовец кој е опозоционер во својата партија рече дека во било каков потенцијален судир на Балкаанот ние (демек Македонците) би биле- Палестинци! Да, јас се согласувам со тоа дека историски ние имаме многу сличности со Палестинците и дека – на пример – додека беше директор на Вардар-филм покојниот Анте Поповски направи (продуцираше) неколку документарни филмови за овој народ. И тој како да сочлувствуваше со полицијата што староседелците во оваа земја го доживувале со векови наназад.
Како ѓштго деновиве прочитав „Европа го измисли холокаустот а Палестинците го трпат реваншот на Евреите“! Ова е секако далеку од погледите на Муцунски и нашиот МНР. Тиа просто како некакви автомати, би се рекло бесчувствително, водат некаква политика, значи не како индивидуален светоглед туку како јасно следење на актуелната политика на Беклата куќа и тоа во услови кога ЕУ има се поразлични погледи кон настаните наа Блискиот Исток, особено по односот кон геноцидот во Газа!
Од државите, настаните по распаѓањето на Југославија, Палестина не е признаена само од Македонија и од Хрватска. Од друга страна Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина одамна го направија тоа, а неодамна и Словенија. И додека се очекува Палестина да ја признаат и Белгија, Малта, Австралија, Јапонија, повеќе е од јасно е дека Муцунски и неговите паррони не гледаат телевизија а ќе здивнат што Ал Џезира ги укина своите програми на тлотго на Балканот..
„Се разбира дека признавањето на Палестина, освен како чин на признавање на секој народ за сопствено самоопределување, е притисок врз Израел да го прекине овој седуммесечен масовен и масивен терор врз Палестинците, поддршка на Меѓународниот суд за воени злосторства, кој донесе одлука за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прогласувајќи го за воен злосторник и реакција на неспособноста на Обединетите нации да ја вршат својата улога на чувар на мирот во светот – ќе напише во „Призма„ мојот колега Ѕвездан Георгиевски.
Од практична гледна точка – продолжува тој – признавањето на Палестина и нејзиниот прием во Обединетите нации ќе значи дека населбите што континуирано ги гради Израел на окупираните територии, односно во Западниот брег и Појасот Газа се незаконито влегување на една држава на територијата на друга, дека сегашната седуммесечна војна е агресија на една држава врз друга и дека меѓународните консеквенции за ваквите постапки на Израел ќе бидат многу посериозни отколку сега (ако воопшто ги има).
Да се вратам на историските релации, за час, меѓу трагедијата на Македонците и Палестинците, па и Курдите во еден временски контекст:тоас не не прави погодно тло за да се гледа со таков тап поглед трагедијата во Газа и на тој народ во еден многу подолг период. Но и воедењето на надворешна политика како актуелната, која значи буквално бегање од европските демократски традиции и погледи на светот, едноставно не приближува кон опасноста тривијалните погледи на Ристовски да стануваат некакви опасни контури што не очекуваат. Знаел ли тој нешто што ние не знаеме?
Патем, тој и таков Ристовски бил советник во речиси сите влади во овој век!
(Љ.К.)