Дејвид Боуви одби да ја прими титулата сер од рацете на кралицата, Ленон после три години од приемот ја врати истата, ама тоа се инцидентни ситуации кои ја потврдуваат како исправна стратегијата на Бекингем да ја користи поп културата за да го одржи својот имиџ среде младата популација, онаа која веројатно е поскептична од возрасните во однос на ројализмот
Во средината на 60 – тите на една слава во скопско Маџир маало присутните „старци“ реагира на веста од тв приемникот дека краивата Елизабета Втора им доделила титула „сер“ на групата Битлси. На ова реагираше домаќинот кој потсети дека таа година рок музиката дала една четвртина од вкупниот извоз од Островот! Станала ненадеен, но силен клуч за успехот на домашната економија. Во тоа секако предност имале иданијата на Битлси кои простоја преплавија Америка со својот нов музички звук.
Впрочем, кралицата Ели=забета Втора беше икона на британската популарна култура што беше искористено на најдобар можен начин кога Лондон беше домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2012 година. Организаторите на ЛОИ одлучија за потребите на свечената церемонија на отворањето на Игрите да ги спојат двете икони на британската поп култура: кралицата и Даниел Крејг, кој тогаш го глумеше Џејмс Бонд. За потребите на свечената церемонија е снимен перфорамнс во духот на споменатиот филмски блокбастер, а кој се емитуваше на Олимпискиот стадион во Лондон. Перформансот беше снимен во Бакингемската палата, како и во хеликоптер кој доаѓа над Лондон на патот кон стадионот
Од синглот на „Секс пистолс“ до „Симпсонови“ и Енди Ворхол до познатата серија „Круна“, појавувањата на кралицата Елизабета во поп-културата беа чести и незаборавни.
Од синглот на „Секс пистолс“ до „Симпсонови“ и Енди Ворхол до познатата серија „Круна“, појавувањата на кралицата Елизабета во поп-културата беа чести и незаборавни. И тие беа смислени! Неа и на тимот кој ја опкружуваше им беше јасно дека можната непопуларност на круната може да лежи кај најмладите поданици, па поп културата од евентуален непријкател треба да се претвори во сојузник!
Во некои улоги таа беше прикажана со љубов, други беше непријателска, но неизбришливата слика на кралицата во уметноста, музиката и филмот го зацементира нејзиниот статус на една од најпрепознатливите луѓе во светот..
Кралицата е мртва е насловната песна од хит албумот на Смитс од 1986 година.
„Самата идеја за монархијата и англиската кралица е промовирана и покорисна отколку што навистина е“, изјави Морисеј за списанието NME.
Кралицата е насликана и фотографирана од голем број уметници, вклучувајќи ги Сесил Битон, Лусијан Фројд и Ени Лејбовиц, покажувајќи ја во нејзината целосна кралска слава, на работа или со нејзиното семејство. Но, малкумина ја освоија имагинацијата на јавноста како техниколорот на Енди Ворхол, серијата Квинс од 1985 година. Ворхол користел официјална фотографија која ја приспособил со низа бои и стилови – процес што се користел и за познатиот приказ на Мерлин Монро.
Препознатлива по акцентот и облеката со светли бои, кралицата честопати била прикажана во цртани филмови, телевизиски емисии и филмови. Нејзиниот лик се појави неколку пати во култната американска серија Симпсонови, вклучително и епизода во која главниот лик Хомер удри во нејзината златна кочија во Бакингемската палата.
Ликот на кралицата се појави во британското сатирично куклено шоу Spitting Image и во детскиот телевизиски хит Пепа Пиг, каде таа скокна во баричките од кал. Нејзиниот лик, меѓу многу други, се појави и во филмовите Malci, Austin Powers: Goldmember и The Naked Gun. Во некои од нив глумеше Жанет Чарлс, нејзината најпозната британска двојничка.
Кралицата не давала интервјуа и никогаш не давала детали за нејзините најприватни моменти. Но, имаше многу филмски прикази на животот што требаше да го води зад портите на палатата. Тие беа прикажани во филмови, претстави и телевизиски програми, од кои сите помогнаа да се обликува перцепцијата на јавноста за кралското семејство.
Таа беше портретирана како дете во филмот „Говорот на кралот“ награден со Оскар, посветен на напорите на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. да се надмине пелтечењето. Хелен Мирен ја играше кралицата во Кралицата, соочена со бесот на јавноста по смртта на поранешната снаа принцезата Дијана во 1997 година.
Една од највлијателните е големата телевизиска серија на Нетфликс The Crown, која ја детализира приказната за кралицата и нејзиниот сопруг Филип пред таа да се качи на тронот, комплетна со семејни расправии, скандали и политички кризи.
Иако далеку од хипстерка, кралицата Елизабета рано ја препозна економската и културната моќ на британските музичари. Во ноември 1963 година, три месеци пред „Битлси“ да експлодираат на шоуто на Ед Саливан, „Фаб четворката“ свиреше на годишниот хуманитарен настан на кралицата што се емитуваше на телевизија. Поголемото семејство на Елизабет уживаше во младешката моќ на песните што ги изведуваа „бубачките“ како „From Me to You“ и „She Loves You“, и од срце се смееја на познатиот шмек што Џон Ленон им го проби на патот. „Луѓето на поевтините седишта, плескајте со рацете“, им наложи тој на толпата. „Останатите, само штракајте го вашиот накит“.
Две години подоцна, круната ги прогласи Џон, Пол, Џорџ и Ринго за членови на Редот на Британската империја. Честа ретко им припадна на забавувачите во тоа време, но кралицата ја знаеше вредноста на P.R. и младешката резонанца, нејзината земја ќе ја добие со почестување на „момчињата“.
Послободоумната сестра на Елизабета, Маргарет, отиде подалеку како обожавателка на Битлси, посетувајќи го сетот на филмот на бендот Help, како и подоцнежниот филмски проект на Ринго, The Magic Christian.
Години подоцна, во 1997 година, кралицата Елизабета го прогласи за витез Пол Макартни, воведувајќи бран музички ѕвезди препознаени од нејзиното височество, вклучувајќи ги Клиф Ричард, Том Џонс, Боно, Боб Гелдоф, Мик Џегер, Ширли Бејси и Дејвид Боуви (кој ја одби честа ). Кралицата, исто така, им оддаде нешто помала чест на голем број други рокери – имено, CBE (Командант на Редот на Британската империја). Таа им ја додели на Роџер Далтри, Би Гис, Род Стјуарт,
Во четвртата сезона на Круната, сценаристот Питер Морган ги натерал Оливија Колман и Том Брук да ја одглумат средбата, што го изнервирало самиот Фаган, поради сугестијата дека парот разговарал за Маргарет Тачер.
Морган призна дека нелагодно ѝ поминува низ умот на својата фичмска Елизабета. Прво ја напиша во сценариото во 2006 година за „Кралицата“ на Стивен Фрирс, потоа ја донесе на сцената како Хелен Мирен, а подоцна и Кристин Скот Томас, во неговата кралска драма „Публиката“.
Морган неодамна изјави за Обсервер дека знаел дека не може да пристапи до она што метафорично го нарече „кралско внатрешно патување“.
Според него: „Она што можеме да го видиме (кај кралицата) е емоционална воздржаност, што нè тера да се прашуваме како дошло до тоа – програмски или е родена со тоа“. Можеби процесот на „одвојување“ на Елизабет Виндзор од Елизабета Реџина ја оштетил кралицата? Мислам дека опасноста да се биде кралица е да се изгуби од вид кој си, затоа што некои работи мора да ги правиш автоматски. Прашањето е – колку од кралицата е таа самата, а колку всушност е „круната“ и колку чини тоа“, се запраша Морган.
Писателите за деца ги толкуваат кралицата и нејзиниот лик во сосема поинаква светлина во нивните дела. Така, Софи, хероината на делото на авторот Роалд Дал „The BFG“, се обраќа до кралицата за помош во борбата против џиновите, па така и други измислени ликови од романите за деца тргнале по истиот пат. Во детските приказни, кралицата често е лик што води кон спасение.
Во „Две недели со кралицата“ од Морис Глејцман, момчето од Австралија, Колин, ѝ пишува на кралицата барајќи лекување за неговиот болен помлад брат. Во „Момчето на задниот дел од класот“ од Оњали Рауф, група студенти ѝ пишуваат на кралицата и бараат помош за бегалец од Сирија. Во „Јас, кралицата и Кристофер“ од Џајлс Андре, на кралицата и треба време да се грижи за една девојка и нејзиниот брат со хендикеп. Авторот Дејвид Вилијамс оди чекор понатаму со својата книжевна драма во која кралицата бега, оставајќи орангутан да владее со земјата.
Експертот за бајки и митови Марина Ворнер забележа како „харизматичната аура“ на кралицата се зголемува со текот на времето. „Сјајот што го има сега делумно се должи само на долговечноста. Тоа нема никаква врска со моќта, што е само симболично. „Додека владетелите во бајките често се тирани и мора да бидат соборени за да цвета млад принц или принцеза, кралицата наместо тоа е симбол на континуитет“, забележа Ворнер.
Покрај горенаведеното, има и фикции за бегството на кралицата од кралскиот живот, како на пример во филмот „A Royal Night Out“ каде што кралицата излегува со својата сестра или во комичниот роман Автобиографијата на кралицата во кој таа патува на Карибите под лажно име…
Сепак, иако авторите на споменатите дела ја сликале кралицата од нивна гледна точка, без претходно да се сретнат со неа, некои од уметниците имале привилегија да разговараат со кралицата пред да ја претстават во своите дела.
Инспириран од средбата на уметничкиот фестивал во Јоркшир во 1958 година, џез-музичарот Дјук Елингтон ја компонирал темата по средбата со Елизабет. Тој испрати една копија на нејзиното височество и одби да ја објави композицијата за време на неговиот живот. Сеќавајќи се на таа средба во едно подоцнежно интервју, Елингтон рече: „Јас ѝ кажав дека е толку инспиративна и дека нешто музичко ќе произлезе од тоа“. Таа рече дека ќе слуша, па и напишав албум“.