Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КРАТКА ПАРАЛЕЛА МЕЃУ КОВИД И ХИВ ПРЕКУ МЕРКИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ИРУСИЈА

June 2, 2020 Filed Under: Колумни

ВЛАТКО ДЕКОВ

Политиката за превенција на КОВИД мора да биде предводена од здравствените експерти. Да, тие треба при носењето на одлуките за одредени мерки да се консултираат со други профили, но тие се главните креатори на политиката. Сите останати треба само да помогнат во спроведувањето на таа политика

Кога се појави ХИВ епидемијата, руските власти не презедоа речиси никакви мерки. Уште повеќе, со поддршка на Руската православна црква се создаваше атмосфера дека тоа е болест на западниот свет, дека Русите се народ благословен од бога и нив бог ги чува. Препораките на здраствените експерти за отворање на специјално дизајнирани програми за превенција на ХИВ беа целосно игнорирани.

Некои од докторите кои се обидуваа да развијат програми за превенција на ХИВ ( како метадонска терапија за луѓето зависни од хероин) беа осудени на затвор. Ова здравствено прашање се гледаше многу повеќе преку призмата на криминологијата (се однесува само корисниците на дроги, а употребата на дроги е кривично дело а и сексуалните работници можат да добијат ХИВ) и религијата ( само неморални луѓе можат да добијат добијат ХИВ).

Кога во 2009 година присуствував на Конференцијата за ХИВ за Источна Европа во Москва, се запрепастив дека на конференцијата имаше повеќе свештени лица и полицајци отколку кондоми на промотивните штандови.

Како резултат на овие верувања и игнорирање на науката, Русија стана земја со најголем број на ХИВ случаи вклучително и најголем број на смртни случаи во Европа, а трета во светот. Денес во Русија дури 1,2 % од населението на возраст меѓу 15-49 години живее со ХИВ.

Ова во контекст на ситуацијата со корона вирусот во нашата земја. Политиката за превенција на КОВИД мора да биде предводена од здравствените експерти. Да, тие треба при носењето на одлуките за одредени мерки да се консултираат со други профили, но тие се главните креатори на политиката. Сите останати треба само да помогнат во спроведувањето на таа политика. Верувајте, само тој е начинот да излеземе од ова состојба.

И на крајот порака до луѓето кои изигруваат инфлуенсери и ги поттикнуваат ставовите за непостоење на вирусот. Вие врска немате, затоа Shut up!

Filed Under: Колумни

ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
НАЈНЕПОПУЛАРНАТА ВОЈНА ВО САД

Најново

  • ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
  • ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet